Па нема ништо низ новини и сајтови.Не знам како да ти доловам дека зад затворени врати свашта се дешава а не излегува се во јавност.И дека се перат успешно едни со други. На цимерката до мене Петровска ја скрши клучната коска на бебето за време на природен пораѓај.Ден и пол бебето не и го носеа на жената оти не знаеја како да и кажат дека ја сјебаа работата од сам старт.На крај Каличанин дојде да ги испере демек нормална била таква фрактура кај бебе за време на породување. Ова се одвиваше пред мои очи додека лежев 5 дена таму. Можеш да одиш овде на search, укуцај името на лекарот ке ти излезаш доста нешта за него. 2015 та така некако беше…
Јас од 500 страни испишани на форумов, никаде не најдов лошо мислење за него, само 4 коментари што не им зборел многу на скринингот, ете тоа е негативното што го прочитав.
Еве и јас по втор пат барам, не наоѓам. Има мислења од 2014 навака, сите позитивни. Сигурно бар еднаш ќе се спомнело такво нешто ако веќе било кажано...
Се приклучувам на позитивните искуства со доктор Димчев. Презадоволна од скринингот, и јас и сестра ми одеше кај него и најдобра другарка, сите само позитивни зборови. Јас планирам и он да ме пораѓа. Тоа не значи дека тие што не биле кај него треба да се чувствуваат виновни или помалку трудни од другите, стручни доктори има и други во државата. Само коментираме наше искуство за тие што сме биле и за наши блиски што имаат добро искуство, особено за потешки случаи каде навистина се бира стручност. Другарка работи во систина долги години, никогаш не чула за случај на суспензија на докторот.
Нема потреба на вака убава тема да се препукуваме. Секој греши и правел грешки. Факт е дека во секоја болница има професионални доктори и доктори кои направиле ужасни грешки. Па една Адела што беше директорка на Гак, експресно ја тргнаа од таа функција поради грешки и смртни исходи, па пак жени даваат пари за кај неа да се породат. Блиска и даде пари пред време, па кога дојде денот за пораѓај и рече аууу па јас не сум во Ск. нема за тебе да доаѓам. И од ептен блиски избори знам дека и она сама има кажано, дека каде ќе намириса пари , бара. Убава тема е, да не ја полниме со негатива.
Site doktori im se desavaat greski.Ama vaka se stvara panika izmegu nas a nikoj nedava jasni dokazi nemora ime i prezime ama stavi dokument pa moze keti poveruvam,a vaka obvinuvas a nema dokazi.I jas mozam tuka da pisam sto sakam nikoj neme znae koja sum i sto sum.Moze namerno sakam da plukam nekoj doktor.
Ама види, кај еден доктор 10 од нас ќе имаме различно мислење. Не сме сите исти, немаме сите исти очекувања. Имаш најразлични искуства од преглед, пораѓај и денови после пораѓај во одредена болница. Тука низ форумов имаше членка , поодамна беше , што имаше споделено ужасно искуство од Систина. Не значи дека и на Петра или Анѓела исто им било. Имаш и за Гак и Чаир убави и неубави искуства. Пример имам сега тазе, другарка се породи во Ремедика и кажува како цимерката се жалела цело време од се. Ништо не и било погодено. Различни луѓе, различни очекувања и искуства.
Taka e razlicni luge i razlicni karaketri.Nezboram za dali kese pogodi ili ne,bese muabetot za clenkata sto imala zaguba vo 32 nedela zaradi doktorska greska.Toa veke ne e mala rabota.
Колку животи поради лекарска грешка се згаснати. Ама за многу се ќути. Нешто ќе исплива на виделина, ќе се покажат јавно, ама свако чудо за три дана е кај нас. Само сите Господ да не чува и сите да си родиме живи, здрави бебиња.
23та недела имам некои болки како за добивање, може и дека се движев вчера повеќе и средував. Имам болки деновиве и доле како штрекање, кратки бодежи и често мокрење. И само си викам нормално е тоа се, ама пак имам малку страв.
И јас почнав многу да мокрам… леле, кој што праи ја во вц на мочање. Јас па и pelvic pain имам. Со лесно нека ни е
Ги имам и јас, поготово во спиење ако се вртам ме буди болка. А за мочањето, некогаш кога мрда мислам дирек удира во бешика и може и 5 пати во 15минути да одам во тоалет. А тука така сме со неделите.
и јас пијам, 2.5 до 3л на ден обавезно . Пиев и пред бременост и никогаш не се будев за во вц. Од кога сум трудна на една рака се бројат ноќите кога не сум станала за мочање, дали 3 или 4
Да да доле, исто на вртење на станување, дури и ако многу седам.. после баш ме боли. И бебка обожава доле да ме мава, нешто интересно и е изгледа, и толку хахах.
Исто и јас, кај мене почнаа поинтензивно од оваа недела. Завчера дури отидов и до гак ноќта, ме сецна во 18 попладне многу јако во долниот дел под папокот и до 22 часот никако не ми поминуваше, со помош на маж ми станував од кревет инаку силна болка ме влечеше надолу. Не можев да се мрднам. Прво викам ајде нормално е, ама траеше многу саати те интензивно те тапо и отидов до ургентен. Ништо апсолутно немаше, бебе си игра во стомак, цервикс мереа вагинално и беше 4.11цм. Како дојдов дома земав еден магнезиум и сум заспала. Следниот ден веќе не беше така, ама пак при вртење, станување ако сум залегната подолго и сл. се` уште ми е болно во долниот дел, а некогаш и како пецкања кај вагината. Притисок за мочање веќе да не збориме, на секои 15-20 минути. Се си викам нормално е, веќе го навикнав и пробувам да не си стварам паника за џабе. Наеднаш ми рипна мешко, сигурно и тоа има улога.
Исто скроз. Општо спијам немирно, амс сега не е лесно ..од обиди да се свртам нормално, ме будат болки и штрекање во стомак и долу околу препони. Вчера лежев на грб попладнето, се заборавив и пробав да станам наеднаш..цел саат осеќав нелагодност. Ама и стомак од ден на ден се поголем, плус приметив и од пешачење почна кичма и колкови да ме болат..а не сум воопшто залежана. А тек уште цел трет триместар
Јас се заприметив од многу седење, а се движам не ми е ништо. На одмор сме и доста седам на лежалки и во смештај и толку, одма сечења, а бебка си шутира стално па тоа ме теши, а сакам коа ќе се вратиме да одам одма на лекар. Леле и јас тоа си викам, тек 6ти сум… кај се после најголемите месеци.. тогаш со кран ќе ме креваат изгледа.