Па почнав пред недела дена отприлика, ама ти викам доле некако чудно дури а може и рано е не знам сум заборавила хаха иначе јас сум со постелка на заден ѕид
Здраво мешиња јас сум 21 ва недела. Денеска така под папокот подоле скроз имам некоја болка (ме фаќа, пушта , не е нон стоп да ме боли )прв пат ми се случува. Бебка ја осеќам да мрде ама паника ногу... имале ли сте таква болка?
Здраво девојки Поздрав до сите идни мамички и со лесно на сите. Јас сум 14+6, нова во втор триместар Сакав да ве прашам за мислење, чувствувам како болка, притисок во матката, од време на време. Си велам дека е нормално, ама ајде паничар да си прашам одма Некоја со слично искуство? Инаку, не знам дали е до времето што залади или до вториот триместар, ама нов човек сум. Првиот триместар, посебно првите 2 месеци не можев главата да ја кренам од поспаност… Како сте вие? Кога почнавте да го осеќате бебето?
Со лесно и на тебе идна мами Нормална е таа болка/притисок во матка. Бебе расте, си прави простор, се шири матката и нормално е да имаш некоја болка. Ако не си вклучила до сега магнезиум, не е лошо да си почнеш. Јас буквално првиот триместар го преспав цел, ете до толку. Немав никакви гадења, повраќања, ама затоа колку ми се спиеше и колку само немав енергија за ништо, страшно. За среќа ми се врати енергијата во второ тромесечие и поспаноста си замина. За првпат бебето го осетив во 17та недела, така нежно како балончиња да ми пукаат внатре и нежни вибрации. Само тоа е индивидуално, не секоја го осеќа бебуш во 16-17та недела, има трудници што го осетиле првпат и во 21-22 недела. Нормално е да не го осетиш и до 24та недела, не се грижи за тоа.
25+3 прокрварев денеска и одма на државна цервикс ми е 27мм само ми рекоа повеќе да одмарам станување само до вц и утре пак на контрола,утеогестан пијам од претходно па само тоа да продолжам да си пијам.сега дома пак имам крв како лигаво таква. Многу ми е страв,сте имале ли вакво искуство..не сум воопшто задоволна од државна како да не се замараа воопшто
Барај да те боцнат прогестрон депо има повеќе ефект. Што е причината за кратење на цервикс се знае ли, ти земаа ли брисеви, ти дадоа ли некоја антибиотска терапија. Појди на второ мислење по приватниве те молам.
brisevi cisti pravev minata nedeladdmeri hemostaza super ,picima za kratenje ne se znae nisto ne kazuvaat vo drzavna a dosta e skrateno mi bese 40 mm vo 21 nedela denes ke odam vo cair pa ke vidime i tamu sto ke kazat mi spomnaa vcera da se razmislelo za serklaz l
Почни ако не пиеш и магнезиум и ферона или тоа токорелакс што се за грлото на матката. Мирувај колку можеш повеќе, без клекнување, наведнување, одење по скали и слично. За серклаж мислам дека е доцна до 23та го прават бидејќи веќе после е повеќе ризично. Ако можеш појди и на уште некое мислење.
Во 24та недела матичната ми закажа преглед за 26та иако ми беше цервикс нормална должина и ми кажа до 26та ќе треба веќе да се намали, да направиме во 26та една контрола и да видиме како се намалува, па да не е ова некој период во бременост кај што може да се случи да се намали и природно? Не знам, само ми се поклопува неделата 26та во која што си сега ти. Ако можеш оди на приватно, па ако треба и на итно приватно, иста ти е цена за итен преглед и за редовен преглед (да речеме систина).
Здраво. Денеска влегувам во втор триместар Влегувам со такихардии Пулс 90, во мирување од 70 до 80. Некој се соочува со истото?
Сега последниве две недели сум така,инаку кардиолог ми рече дека е нормално за трудница,ако се покачи над 120 ќе ми препише лекови.
Јас, низок притисок со висок пулс. Пулс меѓу 90 и 100и нешто ситно. Некое време ме држеше, затоа што притисокот ми беше низок, па пулсот си одеше во пакет. Можно да беше истиот период меѓу прво/второ тромесечие или на почеток второ, неколку недели исто на промена на време ми се случи и преку ноќ се среди, ништо не земав лекарства.
И мене низок ми е 100/60 ама подобро низок него висок. За пулсот може ми е ок ама многу непријатно чувство ми е
Значи од него постојано ми се затнати ушите. Мене ми е 110 со 60,некогаш 100 со 50. Како тресната сум