Во 17та недела почнав да го осеќам јас, така нежно како пеперутки и вибрации во мешето, а сега веќе во 22ра недела е многу активен и ударите му се посилни Сепак индивидуално е тоа, нормално е да се почувствуваат измеѓу 16-24та недела за првпат
Јас тек на премин од 21 во 22 недела првпат го осетив и тоа многу нежно, со постелка на преден ѕид сум.
И јас исто сум 19 и ништо уште немам осетено, малку паника ме фаќа ама гинекологот ми вика првородки може и тек после 20-22ра да осетат
Не се плаши, јас едвај во 22 почнав да го осеќам и тоа како пеперутче. Поинтензивно почна од кога влегов во 24.
Жени од како почнавте да ги осеќате бебињата за прв пат , понатака цело време ги осеќате или има денови да не ги сетите? Почнав убаво така мали нежни ударчиња да осеќам така како да пука балонче и тоа само на грб кога лежам, ама има денови кога го нема никаде и се паничам дали е се во ред, знам дека е мало да се осеќа убаво секој ден и џабе се паничам , ама ете мајка. Инаку денес 17+3 сум трето бебче
Некаде 17та веќе почнав убаво да го осеќам, ама повремено. Сега еве 20+3 сум и го осеќам секој ден појако, ама не цело време. Најчесто навечер кога ќе легнам. Вака преку ден во движење не сум го забележала нешто посебно. Второ ми е.
Мене вака ми беше до 27 недела. Јас во 17та ко да не бев трудна. Првпат го осетив во премин од 21 кон 22 недела и тоа нежно. После тоа го чувствував секој ден ама не беше интензивно. Знаеше да го нема и по цел ден, ептен некое лесно движење или воопшто да го нема по 4-5 саати, а некои денови да е поактивно. Особено ако бев во движење, апсолутно ич не го чувствував. Од кога влегов во трет триместар не е застанато.
Да не се плашиш, до 24та недела ќе го има па ќе го нема. После ќе станат појаки малку ама исто до 28ма ќе го има и нема. После од 28ма решето ќе те праи.
Ич да не се плашиш до 25та недела го осеќав навечер само и се поретко дури бев исплашена и бев на ехо да ме видат три дена ништо немав осетено. Како влегов во 26та некаде 26+2 првпат денско време го осетив дур лежев абе се прерадував. Од утре сум 27 активно е повеќе пати во текот на денот
Женски денес сум цел ден со вртоглавици, дали во се има дршавано во втор триместар вртоглавици. Јас сум 15+6 Првиот месец имав вртоглавици секој ден и тоа лоши. Тогаш не ни знаев дека сум бремена, нели дур направиме тест, месец е поминато И од кога дознав дека сум бременост уште имав вртоглавици, матичниот ми викаше нема шанса, рано е за такви симптоми. Ама ете јас прв и средина на втор секој ден бев со вртоглавици. Исчезнаа и денеска еве пак не се осеќам ко што треба, ма да мое мислење е дека нема вртоглавици во бременост сем прв триместар. Ваше мислење?*
Bukvalno site 40 nedeli e mozno se da ti se slucuva site simptomi nema pravilo I jas mislev deka vo vtor trimestar ke mi prestanat macininite I ke mi dojde apetit ama ne, eve sum 36 nedela cela bremenost imam gadenje I nemam apetit a to neli e vrzano za ptv trimestar ama nema pravila