Леле со лесно. Ќути од тоа се куртулив , ама заморот ми остана, скоро секој ден да плачам и тоа ми остана и еве денеска со вртоглавицава.
И ја денес сум бетер Остало притисокот ми е 90 со 50 За мрдање,го осеќам некогаш ептен,некои денови скоро ич. Ама знам дека е нормално,и за првото ми беше исто..
За ден два влегувам во 25та, сега за сега сеуште немам Пиј повеќе вода, јас сум приметила дека ме боли глава и имам вртоглавици кога нема доволно вода да пијам
Јас оваа бременост сум 5/7 дена со страшни главоболки. И ништо не ми помага… пијам многу вода, плус и електролити, витамини, не пијам кафе. Многу ми е низок притисокот и мислам дека тоа најмногу влијае. Исто така јадам несолена храна, па и тоа ми кажаа дека влијае. Од тоа што има пробано е кафе, нешто посолено, лимон, кафе со лимон, лежење во темна просторија и тишина… НИШТО не ми помогнало… Буквално мигренозна болка… Читав по групиве и се што прочитав пробав, но без успех…
Од денес сум 27 недела 25та и 26та имав ако бев долго време на нога и раздвижена. Долу кај глуждовите на нозете имав отоци
Како минуваат недели се осеќаат промени кои ние не ги забележуваме. Мене ми имаат кажано дека на устата ми се познава дека сум бремена оваа ми го кажуваа уште во четврти и петти месец. Кога бев на болница за скриен шеќер сестрата исто ми кажа дека по устата ми се познава дека сум бремена а како поминуваат неделите и на носот ќе се познавало ќе се подраширел
Носот кога ми отече во првата бременост паднав во депресија. Некаде 27-28 недела почна. Како прасе бев. Среќа се врати после пораѓај во нормала. Ама стапалото ми се зголеми за еден број и еве после 6 години си остана така. Цел живот 38ца носев, сега нема шанси 38 да облечам. 39, па и 39.5. И сега ако тргне да се зголемува минимум 40ка не ми бега. Што пари веќе имам изнададено за обнова на обувки. И џабе зборат, ама бремена си, посебен период, прекрасен период... Радо би ги рипнала месециве, никаква магија нема, освен што полека пак се деформирам.
Искрено гајле ми е,давам нов живот и тоа е нормално,ако е така нема ни да раѓам. Ама ич не се оптеретувам не па у депресија да паѓам. За мене сум си топ
Na mnogu nogata Im porasnala vo bremenost i nikogas povekje ne se vratila za zal I mene nekoi cizmi mi se mali a so merak gi kupiv ke si puknam od maka
Јас си имам купено сандали за првата бременост,еден број поголем од тој што носам. Сега ми се големи. Ама нозете ми беа тогаш ептен подуени
Толку го чекав овој момент што ич не се замарам и очајувам. Најважно ми е да се роди живо здраво и да помине се добро. После пораѓај ќе му ја мислам и ќе треба сериозно да се позанимавам со својот изглед најпрво ради здравје. Секоја чест на оние згодни трудници, кои внимаваат на исхрана, се придржаваат па некои дури и вежбаат секој со своите навики.
Немав отоци на нозе никакви, недела две после пораѓај само, ама спласна тоа. Вака во ширина сите кондури што ги имам ми се ок, дури и широки, ама должината се смени буквално цел број. Палецот ми е свиткан во старите. И јас не верував ич во тоа, си викав очигледно од отоци им се зголемува бројот, ама ете не. Скоро 6 години поминаа од прв пораѓај и останав на еден број поголем.
Ми отекуваат стапалата ако цел ден буквално од 8ч до 20ч го минам на нога, инаку не. Одам на масажа редовно што исто мислам дека помага за правилна циркулација. Гледам да сум физички активна минимум 3 дена неделно плус пешачење, барем додека не е ужасен воздухот. Јас се надевам ладново време ќе допринесе да немам отоци оти нови чизми баш и не ми се купуваат, а цела зима имам до термин.
35+сум.. уште ми отекуваат с се е во ред. Исто и на другарка значи на бокс отиде со отоци и само што се породи, буквално за три дена се издиша… од бременоста е. Кај мене се е уредно.