Девојки, скриен шеќер не е за да не се испита. Побарајте си сами. Без разлика дали ви е се во ред до сега до бременоста, ова испитување е задолжително. Според него се гледа дали постелката согорува правилно.. што е многу битно за вас и бебето. Не оставајте да не испитате, исцрпувачки е да, ама ќе издржите, брзо поминува. Исто и за ддимери, не мора да имате никави симптоми, ама високи ддимери не е за да не се користи терапија. Така да ви препорачувам да испитате.
Сменија. Јас бев будала само пари ми земаше. Се нешто ќе и текнеше. Маж ми фискална и бараше и бараше да плати со картичка ама таа незаконски ги зема парите. Маж ми викаше може ќе и падне незгодно ако и барам, му викам сигурно ахахаха да и е нејзе незгодно не зема воопшто па ме тераше да идам ремедика, ми се налути заш идам плодност. Изгледа соработуваше со некои од ремедика. А со големи дебели букви на врата и пишува. Бесплатни прегледи за бремени и дека работи со фондот
А зошто ви зимаат пари ако ви се матични? Нели прегледот не се наплаќа кај матичен? За брисеви океј и пап ама за обично ехо и преглед да се наплаќа? Зошто?
Девојки, 22 недела сум, после стоење некое време осеќам како притисок доле да се одморам малку и после сум добра. Цервиксот ми е добар 42мм затворен во понеделникот ми го мереа. Што може да е, нирмално ли е ?
Па многу паметно што барал фискална. И кај мојава све уредно си е напишано дека прегледот не се наплаќа.. ама тоа е. Би ја сменила ама немам за жал друг избор тука каде што живеам...
Добро е. Не паничи. Ќе те читаме за некоја недела, кога ќе пишуваш дека неможеш да заспиеш од клоцање.
Дали е нормално крај на 17та недела осеќам на моменти како бочкање долу кај јајниците,не е болка но боцкање е и престанува па се повторува?
Мене ме боцка, ме боли, валда е нормално осеќам како да ме врти, што би рекле повозрасните ме врти коленото, мене така ми е во јајников десен. Матичниот само ми вика магнезиум да пијам и по потреба парацетамол. Не е до толку страшно за парацетамол, сега за сега
Zdravo devojki, dali nekoja od vas ima letano vo vtoriot trimestar? Do koga se preporacuva a od koga treba dozvola od doktor? Ke se konsultiram i so mojata doktorka samo sakav da prasam dali e bezbedno vo vtoriot trimestar poradi pritisokot
Јас летав во 4 месец и супер поминав, немав никаков проблем Летот беше околу 2 часа, си читав книга и си уживав. Патувањето во 2 триместар е безбедно, секако доколку бременоста е нормална, но во секој случај консултирај се со докторката
Јас да се навратам на клоцкањето и тоа дека не го осеќам малово . Дали движењата на бебето првпат ги осеќате како некој нерв да игра во стомакот, како да се движат балончиња, најчесто под папокот ми се случува? Или тоа што го осеќам не е од него
Јас прв пат така го почуствував, така беше повеќе недели. Нешто слично немав осетено никогаш, ама буквално како што опиша.