Мислам дека ти е ок. Колку време траеше скринингот? Ти објасни за секој орган посебно? Памтам за првото кај матичната овде кога бев на втор скрининг, 40 мин ме гледаше и се детално објаснуваше. Димчев не е многу по зборењето, па затоа прашувам.
Не е ммогу зборлив да опишува ама си кажуваше еве желудник срце блабла ама не да ги опишува туку си гледа. Искрено ако има нешто ќе каже ако е се како што треба не објаснува многу, само ти вика добро е се.
Мене Гордана во Систина ми го мери 4.2, матичната 3.6цм, затворено да е. И двете ми викаат дека е добро.
Мој совет ти е вакви прегледи да се прават кај доктори специјалист за скрининзи. Јас сум паталец во случајов и фала му на Господ што скринингот го направив и кај матичната ама отидов и кај Димчев. Не е важно колку време трае прегледот и колку збори најважно е да препознае ако нешто не е во ред и да те советува што понатаму. Кај мене се потврди дека не сите доктори се специјалисти за скрининзи.
Да бидам искрена си зборуваше човекот, баш онака комуникативен и ти кажува добро е,не е. Си мереше, си гледаше, е сега не објаснуваше многу димензии ама секако мене тоа не ме интересира а и не ги разбирам тие димензии, битно ми е да препознае дали нешто не е како што треба, најважно ми беше да е добро се. Ама дозволува и да го прашаш и да ти каже, како и за совет и мислење. Мислам траеше 20мин, не сум сигурна.
Нови симптоми Да се немало раат, ама за бебушите со се ќе се справиме Недела дена имам мака со стомакот. Дур да одам по голема нужда имам страшни болки (слично на растворот за пиење што го даваат за прочистување), се дури не се испразнам неколку пати стомак боли кине, дури и на повраќање ми иде Некогаш и за време на јадење, додека јадам ме пресечува болка и оставам и јадење и све. Извинете, малце е гнасен постов ама да си ја кажам маката Дали се справувате или се имате справено со нешто вакво или слично?
Знам дека има периоди кога бебињата се повеќе успани, ама ај оди и не се нервирај. Од многу активно бебе, го осеќам од 14та недела секој ден прета како лудо, завчера и вчера цел ден не го осетив ниеднаш. Конечно вчера вечерта се размрда. И денеска многу слабо. Го осеќам, ама не прета толку како претходно. Во петок сум на контрола, до тогаш мислам 3 кила ќе качам оти навалив на благо за да го чувствувам дека мрднува.
Што да ти кажам, кога се си знаеш Може е свртено со грб нанадвор па затоа не го осеќаш. Плус не се нели постојани со ударите во овие недели. Некаде од 22ра почнав убави удари да осеќам, ама само кога мирувам. Ќе си речеш спремни сме од претходни бремености, ама не, нови стресови се ова.
И јас моето го осекам од рано и баш движења, меѓутоа имаше период некаде 19 та недела кога го осекав многу помалку. Знаеме дека е нормално но секогаш паниката не надвладува.
16та недела повремено имам жолто зелен исцедок. Брисеви правам 2 пати и 2 пати излегува бактерија уреаплазма. Испиено 2 дози еритромицин и сумамед, сега на 29.11 сум на контрола и сигурно пак ќе ми земе матичната брис за да се види дали и после двете терапии ја имам бактеријата. Прашањето ми е дали овој повремен исцедок е можно да е од таа бактетија, од нешто сосема друо и дали да чекам до 29ти за брис, антибиотикот го завршив во петокот. Или сепак да закажам контролен преглед во Систина. Други вака тегоби немам ништо, само исцедоков прочитав дека можело да биде вагинална инфекција и баш се исплашив. Некое искуство?
Па уреаплазмата е вагинална инфекција, очигледно не ја лечи тој антибиотик. Вагиналети не користеше паралелно? 10 дена по последно апче направи контролен брис. Резистенција имаш ли испитано со брисевите, на кој антибиотик е осетлива? Мене Флексид една доза ми ја реши, пред бременост. Ама гледам слабо го препишуваат дека е нов и на приватно само.
Ставав флажил, резистенција немам испитано, не ми предложи матичната, сама можам да испитам? Да очигледно оваа терапија не ми помага, ама не знам и колку е паметно па нон стоп да пијам антибиотици.
И јас ја имав во бременост пиев еритромицин, ставав вагиналети еритромицин, пробиотски вагиналети, сумамед ама џабе во 34та недела бев пак позитивна. Докторот во систина што ме пораѓаше ми рече да не пијам повеќе ништо дека сум примила терапија и тоа е...се беше во ред со бебе после пораѓај
Дали може да доведе самата таа бактерија до предвремен пораѓај или кај секој различно? Која недела се породи?
Неможам да тврдам индивидуално е ама штом си примила терапија треба да е намелен нејзинот број. Јас се породив 39+2. Сега ќе одам на преглед ако сум пак позитивна сакам овие вагиналети да ги пробам, во србија ги има. Иначе кај мене ептен беше развиена по цел ден гаќи менував, кога ќе станев насабајле од спиење течеше од мене исцедок...
Јас во Синлаб правам брисеви они си испитуваат и резистентност на кој антибиотик реагира бактеријата, а на кој е отпорна, на самиот резултат ја има и листата. Не знам како е на државно. Партнерот пиеше ли терапија? Многу е битно ако имате односи и он да ја излечи.