Не се секирај душо, за жал има доста трудници со скриен шеќер. Имаш многу девојки во темата Гестациски шеќер, можеш да се консултираш за исхраната. Ќе биде се добро, само позитивно.
Имам хемороиди и неможам да одам во вц, ми ствараат запек Да ве прашам која маст ја земате за да се смират или некое друго решение?
Дали печење долу секогаш излегува некоја инфекција/бактерија? Од вчера сабајлето почна баш после одење во тоалет и еве уште не е престанато. Цело време е тука тоа непријатно чувство и пишав уште вчера на матичната дали нешто да ставам додека да дојде понеделник да ме види ама ништо не ми врати, па си трпам. Утре ќе и појдам, дали би ми земала брисеви или? Тие што ги правев во 12та недела беа негативни сите, ама ова сега е нешто ново.
Веројатно те има фатено цистит. Мене ми се случувало кога ќе ми застуди или газам боса по плочки. Мноогу течности пиј, ако е тоа ќе помине, ама многу е непријатно чувство. Во секој случај оди на матичен.
https://24apteka.mk/product/donvas-magnesium-chloride-гел/ Само ова и масирај од доле нагоре убаво пред легнување, како нова ќе си. Колку и да пиеш мг ( само дијареа ќе направиш) друго е локално со блага масажа.
исто и мене. и баш се непријатни, се стега цел стомак доле, посебно ако немам отидено во тоалет не ми е убаво воопшто.
Здраво, Дали доктор Никола Панчевски од Систина прави втор скрининг? Или кој од таму прави освен Димчев? Искуства некои?
Здраво, да и доктор Панчевски прави втор скрининг. Јас кај него ја водам бременоста од 13та недела. Добро поминав на вториот скрининг, подолго време ме гледаше докторот и ги проверуваше сите органи. Мислам дека и Гордана Петровска прави втор скрининг но најдобро да се јавиш да прашаш.
Како си задоволна од Гордана? Има нешто што би издвоила, мн викаат дека не е баш приступачна и дека е по стрикна ама па ептен стручна
Здраво девојки, имав многу јака забоболка, почнав да отекувам, бев на доктор им кажав дека сум бремена 5ти месец ми го умртвија забот и ми го пломбираа, се плашам да не наштети нешто на плодот иако стоматологот беше известен за мојата состојба. Ми рече не смее рентген, ми ставија анестезија и токсавит за умртвување па после го пломбираше. Дали има некој искуство со лекување на заб во бременост? Некои викаат е ок некои викаат не смеело ама не можев повеќе да трпам болка…
Јас одам кај неа и планирам и пораѓај кај неа. Мене ми е супер, ептен ми влева доверба. Ме гледа колку сум уплашена за пораѓај и последниов пат кога бев ми вика абе не се секирај, ќе си пуштиме музиче и лабаво ќе си завршиме. Кога ми ја виде претходно лузната од царскиот се изненади, голема била, лошо сошиено и ми рече да не се секирам ќе пробала да ја среди на пораѓај. Мислам најмалку битно ми е тоа, иако би ми значело затоа што се уште имам безвезе чувство таму, ама ме смирува женава. Стручна е многу колку што знам, концизна на прегледи, не збори многу, ама не е ни намќор.
Јас и минатата и оваа бременост пломбирав и правев заби и нормално е дозволено.Недај боже да добиеш некоја инфекција тоа е полошо. Анестезија без адреналин ставаат и е дозволена во бременост.
Мене ми ставија со адреналин ми рекоа подобро така отколку да те боли и ти сама да продуцираш адреналин така повеќе штети на плодот. Тоа беше денес сабајле и од тогаш помалку ја осеќам бебкава… вчера имав ехо се беше супер рече докторката салто прави многу мрда ама денес после забар некако не ја осеќам не знам дали е психа… или да закажам дополнително ехо да ме ѕирнат…
Јас поправав заб ама само пломба без умртвување и беа анестезија си трпев болка...Еден имав умртвен ама почна да ме боли тој само го отвори ги исчисти каналите и ми стави влошка(така ми рече дека се вика ). За анестезија ми кажаа дека само без адреналин ама тоа во краен случај.
Здраво девојки, имам чувство таму доле како да ми е заглавен некој тампон некогаш, ме фаќа страв да не се искомплицира нешто, матичната малку и ме уплаши вика со главчето бил надоле над грло на матка. Па како притисок да осеќам незнам како да опишам. Да сум мирувала вика да не сум се движела мн, 23+4 сум, пред две недели измерено грло 3.9 затворено.. Дали ме притиска синко или нормално е да е такво чувството некогаш, а и позицијата негова во овие недели? Некоја со слично искуство да не има? Никако да бидам раат веќе..
Исто ми беше баш таа недела, па мојава и и почнав тогаш да ја осеќам како ика. Со главата тогаш беше надоле, цело време мислев ми се откачува нешто.. бев и на преглед, се беше супер, едноставно си притискало бебето. Па кога икаше е тоа беше баш мислиш се откачува нешто.
Мене ми дадоа појас за трудници искрено откако го носам како нова да сум ни болки имам во половината и сум како стегната кога движам ...Јас го носам баш многу ниско
Јас планирам да купам.. Уште немам стомаче 12+6 сум ама со кичмава имам сколиоза од дете и носев друг појас кога се оптоварувам повеќе.. Ама незнам тој дали сега да го земам или да почекам дане ми е тесен после. Болки имам еве два дена на работа и одма осеќам.