Во право си. Докторите појќе од нас знаат, тоа не е спорно. Кај мене е друга ситуација, мене Докторите ме згрешија и 3 години сум во болка и тага. Ајде да не шириме негативна енергија, било што било тоа е, да идеме напред. Иначе јас одам со помисла... сега одам да се осигурам дека е стварно во ред се со бебчето, убедена сум дека е се во ред само да си потврдам. Не се плашам што ќе ми речат, како ќе ми речат и сл. Еднаш се изгорив, сега дувам и на ладно. И покрај се што минав пак имам верба во докторите
Така си е мајка, секој со својата тежина сме. Јас само сакав да прашам дали има врска скринингот со ехокардиографијата, бидејки докториве ништо не ми спомнаа, поточно Димчев, веќе сум 24та недела а уште се мислам дали направив грешка што не го испитав и тоа. Но штом не спомна си викам може и стварно немало потреба, следна недела сум пак на контрола кај докторката што ме води па ќе прашам и за тоа. Фала му на господ што и кај тебе било се во ред со скринингот па и со ехокардиографијата. Инаку се сложувам со тоа дека и најдобрите грешат, но ете од мое искуство да знаеш дека се е Божја воља, не си ставајте премногу товар на докториве, некогаш и се да е идеално ако треба да биде ќе биде, ако не нема. Во мој случај сум изгорена и јас со еден спонтан во 8ма недела, со слушнато срценце во 6та, во кое наводно се беше добро. Со вторава бременост крварев со преголеми парчиња во 7ма недела и докторите ме отпишаа ми рекоа нема да преживее, на бокс ми рекоа еве го исфрлаш, али млада си, не се секирај. Но тоа си беше тука и имаше срцева акција и еве го фала му на Бога стигнавме некако до 24та недела, се надевам ќе издржиме до крај. Плус имам два миома. Јас сум најголемиот паничар што постои, но уживај во бременоста сега, редовни контроли и следење, а најважно од се е верба во Бога
Milo mi e sto sega se e vo red so tebe I bebceto Vo pravo si, kako saka Gospod, taka ce bide. Se e po Negova volja. Gospod gi dava najgolemite bitki na najgolemite borci. Na site ni dava tovar onolku kolku sto moze da nosim, ni pomalku ni povece. Ne si stvaraj pritisok I ne se zamaraj, stom doktor ti rekol deka se e vo red, I taka e... Nedaj Boze da imalo nesto veruvam deka odma bi te pratil na dopolnitelni ispituvanja. Ne veruvam deka bi te ostavil na slucajnost I deka premolcil. Uzivaj vo bremenosta, relaksiraj se kolku mozes I se ke e najdobro. So nedeli tuka taka sme. Zaedno ke uzivame vo odgleduvanjeto na malice. Sto nosis?
Devojki da ve prasam kako ste so spienjeto. Jas mnogu imam problem so kolkovite, samo se vrtam levo desno. Nikako ne mozam da fatam polozaj, bolat li bolat. Dali nekoja imala isti problem I sovet kako se spravuvate I si gi olesnuvate makite?
Никако не ми олеснуваа, се вртев ко прасе на ражен цело време. Трудничка перница ми олеснуваше малку, да си земеш ако немаш.
Nemam, se mislev da zemam. 15 min pospi levo, boli lev kolk, svrtise desno 15min , pocnal da boli desen Cel noc of of I sabajle ko ce stanam me bolat nozeve ko da sum bila na marathon ahahaha
Никако Од 30та недела па бетер ми стана, и на вртење се ме боли. Колковите ми се распаѓаат некогаш ама мора да се издржи. Се мачкам со некоја крема и магнезиумот што го пијам, ама и тоа кога како помага
Каква перница имате земено и од каде јас порачав од една страна и сета се искина нз дали до мене е или до материјалот
Јас кај и да е за еден месец ќе треба да купувам, се мислам помеѓу Сомниа или Лала. Ако има некоја членка да сподели искуство
Јас имам Сомниа и Виббо. Различни се, Виббо е за една страна, полнета со топчиња како од стиропор и се прилагодува, навлаката се пере. Сомниа е со перница полнење, навлаката се вади, удобна е ама доста поголема. И двете се со добар квалитет, мене Виббо повеќе ми одговара во последно време.
Сомниа шоп, топ е перницата и е доста поефтина од Лала. Немаат некои дезени, ама не ми треба за сликање секако .
Девојки да ве прашам моментално сум 24 + недели од предходната недела почнав да чувствувам како удари околу дијафрагмата 1 до 2 пати дневно кои буквално се забележуваат дали е нормално?
Не, многу имаат. Другарка имаше доста зголемена, па си се породи нормално во 38ма недела. Исто немаше скриен шеќер. И рекоа да намали со благо.
И јас ќе намалам на благо, иако немам зголемена тежина кризирам за благо и јадам во ненормални количини