Од 10та 12та недела тука некаде почнав, со Еуцерин се мачкав, ниедна стрија не ми се појави до крај. И генетски е тоа, ама во секој случај маслото е пре убаво.
Јас почнав уште од 7-8недела. Пред влагање во 5ти месец сум немам засега ниедна а имам мешенце веќе. Мачкам еуцерин масло и кларинс крема за тело за хидратација најизменично
Ви благодарам Јас зедов вакво, бидејќи немав претстава што треба и што е добро, па ќе мора да почнам. Веќе влегов во 14та недела и мислев дека сум подуена, но испадна дека малку има меше, а сум слабичка па ми е страв да не испукам, со време да се мачкам
Имав јас гадење и до пред недела бев без енергија. Како ми прекина гадењето, ми се врати енергијата, почнав нормално да си јадам( претходно јадев колку да не ме боли желудник) ама и мене киселини ми се појавија. Пред легнување грицкам рупурут за да можам да спијам инаку си ги трпам.
Јас го користам само него, супер сум до сега. Сестрами и послаба од мене беше и со него исто ниедна стрија не и се појави, неа повеќе ја чешаше кожата дека се тегнеше. Јас си имав меше од претходно малку се поправив пред бременост па сега тоа се исполнува хаха .
Јас да ве прашам за мешињата, јас веќе имам меше и живеам во хеланки и ролки по дома пижами и пењоар најлабаво. Вчера во продавница една продавачка ми вика кој месец си со лесно 6ти? Јас тек сега влагам во 5ти мн ми е поголемо мешето од минатата бременост. Вие како се осеќате по ова прашање? Иначе 4кг сум здебелена рамно сум 70кг веќе
Која недела си? И јас живеам во пижами, широки блузи, тренерки, хеланки. Нормално е. Првите 3 месеци пошто ми беа особено мачни, после јадење и во текот на денот после 16/17ч стомакот ми изгледаше ко да сум 7ми месец. Сега сум 23та недела кога ќе станам од спиење мноогу малку стомак, а почнам да јадам особено пак после 16ч веќе личи ко за 6ти, 7ми До сега 7кг имам качено. Битно е на контрола да е се ок со тебе и бебе, некои имаат поизразен стомак некои не. Бар ја така сфаќам
Продавачката да била стручна ќе била доктор, а не вака рандом коментари да дава. Што има да нагаѓаат кој месец е некој, ако те интересира прашај па чекај одговор. Мене не ме допираат вакви коментари, фала Богу па и не ме ни прашал некој така. И јас сега влегов во 5ти, имам 2кг качено ама имам и меше, ваљда дека втора бременост па веќе се познава.
16та на средина да тоа секако, онака идеи за оутфитс ми требаат ептен пошто имам чувство дека со хеланки сум цело време труднички пошто обичните ме сечеа кај мешето уште минатиот месец тесно ми беше. Иначе јас сум човек што цел живот имам рамен стомак поише се дебелеам во нозе и бутови па сега ми е скроз чудно ама не се потресувам ќе де средувам летоска кога ќе ми дојде бебка, сега нека ми расте, на последното ехо имаше обравчиња веќе
Јас за надвор имам два пара фармерки од ваикики едните се потенки другите се како термо поставени и хеланки труднички одоздола, ми студи само до хеланки јас сум летно дете сакам топло хаха. И до сега све џемпери ме собираат стомакот како да сум најадена немам некој и неможе да ме примети човек. И од мм имам тренерки Л големина ги кревам ка гринч над стомак хаха. По дома пижамчиња. До сега сум 2 кг поправена 18 нед денеска, апетит имам за тројца мм вика живо не најадено си. Ќе видиме до крај како ќе се движи килажа.
Неколку пати влегов деновиве во ваикики пошто сите ми го спомнуваат за трудничкиот дел ама све некако беше расфрлано и ништо не ми се свиѓа. И мене ми требаат фармерки едни Гринч е прав опис за по дома ме насмеа. За на работа ми е поише … сакоата некако ми стануваат теснички а да купувам Л немам намера морам да се вратам на старо по пораѓај во М, а таква ми е работата имам состаноци не можам со фармерки и хеланки мада пред нова година одев лабаво некој ден, сама сум во канцеларија и презакажав се онлајн состаноци наместо во живо
Душа Јас нарачав фустан од она zatrudnici.mk на инста. Па ќе видиме што ќе стигне. За дотерување убаво, има време
Потенките се плави цена 900 ден а подебелите се црни фармерки ги имаше во ова кај вива фреш ваму оутлетот ваикики. И убави се долги не ми се како поткасани доле. Да не те лажам множе 990-1100 беа. Да отидеш таму хаха посредено е све е закачено барем не е по земја. Пробував сегде H&M беа катастрофа кај широки па од спојката доле почнува стегачот па мислам како 300 кила да носиш.. А 1990 ден и не ми се даваа.. Сестрами беше со патолошка дома па само од синсеј земаше долни тренерки ефтини беа прво М па Л па ХЛ хаха и на крај ги подели на мајками мене. И нема нешто да ми позајми од облека.
Еј да пиши ни обавезно ги заследив и ја пред некое време маж ми ми ги препрати му изглегле убави работи има на сликиве, баш ќе кажеш материјалите како се
Еј баш ќе одам деновиве таму и поголемо беше пошироко како простор ваикики од летоска не сум поминала натака ќе се прошетам. Јас со минатата бременост исто како седтра ти, во кревет пижами и за на доктор хеланки еден пар со патики тоа ми беше излегување свечено на никој да не му се повтори сеа некако во втор триместар ми доаѓа и да се дотерам од мерак дека сум ок
Jas vleguvam za nekolku dena 5 nesec I popravena 5 kila ama prvite 3 meaexi pd ae mi se gadese..ne mozev ni da pomirisam hrana...zega 4 poraat...meseto se poznava malku..so helanki od struzanka I siroki cemperi..dukseri...se pominuva ....po doma najkomotno pizamcinja.... e spienjeto navecer hit...samo naleva stana..grcevi kolkot boli...ama neka bide toa najgolem problem se se izdrzuva I zaborava samo da bide do kraj se 4 a za waikiki nw mi teknalo bas ke proveram.....