Не се секирај, индивидуално е како што сум читала и тука, зависи и до бебчето колку е активно. Јас имам пријателки кои цела бременост мн малку ги осеќале, мирни бебуши, па се си било супер. Јас се секирав до 22ра недела не го осеќав, после почна да клоца . Се додека е добро на контроли, нема простор за паника, ќе осетиш сама на себе и ќе знаеш како да направиш разлика
Здраво девојки, хелп околу пренатралниве витамини.. од кои сте нај задоволни? До сега ги пиев посебно метилирана фолна, б12, витамин Ц,Д, impryl и земам еутирокс. На контрола кај ендокринолог сум дури на крај на месец за да се консултирам за јодот во пренатралниве дали ке ми смета до толку или не бидејки Не пијам голема доза еутирокс.По составот мислам на сите прочиитав јод дека имаат а едни исти се зборат фемибион, премама, прегназон . Гинекологот секако кажа да си продолжам одделно со фолнава и б12 плус пренатрални а гледам дека треба и омега 3 јас до сега не сум земала
Како пеперутче да ти поминува низ меше, така ќе осетиш, некогаш како морници така осеќав на почеток. Многу зависи и од постелката на кој ѕид ти е, ако е на преден помалку се осеќа од заден. Колку е скратено грлото? Колку ти е?
Jas sumna eutiroks mi zgolemu doza vo beemenost..na 100..oijam novalac..f3 vit c I za zelezo kesicki Sider Al..probav I drugi sto mi preporacaa ama mi smetaa na zeludnik....samo odev vo toalet
Девојки да ве замолам да ми препорачате компанија која нуди пакет приватно здрсвствено одигурување за гинеколошки прегледи во бременост и пакет за породување во приватна клиника ( Систина) Фала ви ❤️
Фемибион без јод има во Германија ако имаш некој да ти донесе. Кај нас нема ниедни без јод. Со овие мене ми е стабилно тсх-то само на почеток од бременост ми скокна.
Јас исто сум со Еутирокс од пред бременост, па мене дури и ми препорачаа јод 100 mg дневно да земам. Да напоменам немам Хашимото, само нарушена функција на тироида без автоимуно заболување. Инаку пијам Фемибион со јод, Вит Д, Магнезиум и Аспирин. Фемибион имаат Омега 3. И пред бременост околу 2-3 месеци ги пиев и мислам дека ми помогнаа (или само си мислам дека ми помогнаа).
Баш така, нема крај. А и Боже здравје кога ќе се родат ќе имаме грижи. Инаку кога ќе почнеш да го чувствуваш бебето зависи првично од позицијата постелката. Обично од 18-22 гестациска недела почнуваат да се чуствуваат како пеперутки, како скокоткање, нежен допир. Со постелка на преден ѕид теоретски подоцна се осеќа, околу 22-24 г.н. Макар што не мора да значи, во втора/ трета бременост може и порано да ги препознаеш движењата без разлика на позицијата на постелката. Инаку на ГАК, па и било која гинекологија во државава, никогаш не би требало да одбие да направи итен преглед на загрижена трудница. Без разлика за што станува збор. Така да си знаеш, имаме 24/7 каде да се обратиме, барем грижите да ни се намалат И да, секој ден треба да го чуствуваш. Некогаш послабо, некогаш појаки удари, зависи во каква позиција е бебето и колку простор има за движење.
Ти благодарам мила Малиов на секоја контрола е преактивен и само мрда и кога правевме прв скрининг толку многу мрдаше што едвај успевавме да видиме нешто, мораше и вагинално и абдоминално ехо Сеуште ми е рано да почувствувам нешто но добро е да знам, секоја информација ми е добредојдена
Сакав да прашам дали некоја од вас применува пилатес вежби за трудници или некои вежби за растегнување? Сега кога помина првиот триместар се чувствувам посигурно, а и морам да кажам дека го прележав цел прв триместар (од страв ) и сега мислам дека некако сум многу залегана и неактивна. Сакам малку да се растргнам, но се плашам да не наштетам на бебуш...
Само Еуролинк нуди можност за склучување договор за приватно здравствено осигурување и искористување на средства за бременост/пораѓај кога веќе си бремена. Сите останати имаат каренца од 10 месеци. Но и Еуролинк бараат склучување на договор за лојалност од 2 години, инаку нема да им се исплати онака
Не е прескратено ама е. Ти дадоа ли ферона, утрогестан? Тоа помага за грлото и мирување. Која недела си?
Баш стапив во контакт со нив. Па ќе водиме. Секако и за понатака ќе ми треба за прегледи и сл така нема да ми се многу проблем тие 2год
Мислам дека скратено грло е само ризик од предвремено породување, а не е штетно за бебуш, доколку грешам нека ме исправи некој Има ли причина поради која се јајвува оваа состојба?
Да се смириш, дополнителен стрес не ти треба. Ќе пиеш тоа што ти дале и многу ќе мируваш. Не е опасно по бебето. Ама мораш да пазиш да не се скрати повеќе. Пиј ферона, помага за грлото. Уште малку и веќе од 8ми нема ни да ти мерат. Ајде, само смирено и повеќе мирување.