Здраво девојки едно прашање 19 недела сум бед рест сум заради превентивен Серклаж поради спонтан предходната бременост.Следна недела сум на контрола послем 2 недели од серклажот.Користам кринон гел имав и предходно водест исцедок ама овие 2 дена е пообилен дали е нормално.Да напоменам пијам многу вода може 5л на ден и почесто мокрам.
Вежбав од 14/15та недела до 32ра пилатес за трудници со Драгана Фитлајф. Ако имаш вежбано претходно и немаш проблематична бременост, побарај си одобрување од гинекологот и пробај. Јас сум презадоволна 35та недела сум, без отоци, сеуште флексибилна и добро се чувствувам. Сега веќе се префрлив на вежби за флексибилност за подготовка за пораѓај, затоа прекинав.
Здраво Јас бев исто со серклаж од 13та недела и на бед рест цела бременост. Од терапија примав утрогестан, ферона и магнезиум. Вагинално после серклажот ставав и повремено октанисепт. Воденес исцедок ако не се лажам мислам тука некаде ми почна и мене 18-19та недела и го имав скоро до крај, се беше во ред со серклажот. Јас паничев да не е водењакот ама и со плодовата вода се беше во ред. Скоро сите имаме воден исцедок можеш да видиш и според мислењата на доста членки низ форумов така да верувам и кај тебе се си е во ред. Честото мокрење мене подоцна ми почна кога бебе се сврти со глава надоле во 27 недела и почна повеќе да ме притиска на мочниот меур
Фала за брзиот одговор.Мокрењето ми е дека пијам многу вода јас и пред бременоста пиев 5 до 6 л вода .Прочитав дека е нормално ама пак да си прашам .Фала уште еднаш.
Добар ден девојки Дали имала некоја искуство со болка во препон или малку погоре од препон, се чувствувам како да имам истегнато некоја жила и при движење на таа нога ја чувствувам болката. Би рекла како јајникот да ме боли но не е јајник, незнам како да објаснам. Од вчера ме боли но не многу, денес послабо. Дали е нормално ова знам има истегнувања сега на матката но се плашам да не е нешто опасно за бебуш
Во првата бременост имав таква болка, слична. Од 7ми до крај ми траеше.. така некако ми беше наместено бебето на таа страна и ме болеше од самата тежина.
Можно е да се лигаментите. Кога се зголемува матката ги затегнува и од таму неугодноста. Во првата бременост имав болка на лигаментите и при кивање, кашлање, посилно смеење, зависи во каква позиција бев седната\ легната. Оваа бременост немам многу болки, но од 22-23 недела знае еднаш дневно да ме засече при нагло вртење или станување, па морам некоја минута да се паузирам на место Можеш на следна контрола да го прашаш гинекологот за секој случај.
Јас имав таква болка, како тегнење долу кај препон од лева страна, неколку дена траеше и тоа повремено кога се движев повеќе, тоа 7 недела некаде, сега исчезна болката. Бев на преглед и јас од паника ми рече магнезиум да земам, ама и без тоа помина, најнормални болки се тие се шири матката
Дали има некој правено д димери во градска болница ,за колку време даваат резултати. Петокот ме боцнаа ,рекоа резултат после 2 часот а кај општ матичен немаше гинекологот ми беше 1 ва смена и сеа морам да чекам до утре... Кога се боцкав ми правеа некој проблем со презимињата се надевам не е ради тоа да нема резултати ќе биде забавно... Исто и нејќам да бидам погрешно сфатена ама второ дете ми е,со првото многу касно ми кажаа пол негде 26 недела. Сега со второво уште во 18 недела женско ми вика (и првото ми е девојче па би сакала да се мешани ,не дека нема да го сакам ако е и ова женско де) нели е рано ? Се случило ли да ви кажат едно а да испадне друго ?
18та недела веќе убаво се гледа не би требало да греши. А за димерите, баш сакав да прашам некој што има искуство со гратска, боцкаат резултати со цела хемостаза?! Аппт инр ппт + димери? Ептен ми е смрт кога одам горе на клинички и за паркинг и за гужви овде во гратска вероватно побрзо се завршува имаше гужва? И упатот ти го даде матичен гинеколог?
Па не знам ,хемостаза само пишуваше. Да го земам резултатот ќе ти кажам. На упатот само хемостаза со д димер пишуваше.. уствари чек имам еден лист таму да видам шо пишува Еве Пред мене немаше никој ,зад мене една жена дојде накај 8:30 бев таму за паркинг и таму немаше ГТЦ паркирав ама за избегнување гужва топ е. Само сакаше да ме пребоцка зашо на упатот само едно презиме имав а на епруветата ги пишал двете... Да матичен гинеколог и ми рече сакам државна сакам градска со истиот може.
Супер, кога одам на трансфузиологија кај Јани стално се боцкам претходно во синлаб за да имам резултати со мене и да ги види одма иначе мн ми е безвезе организацијата дека чекаш термин кај него за да си поправиме муабет и да ми даде ливче за боцкање па дури наредниот ден пишан извештај а ако имам прашање или нешто нејасно пак треба да одам до трансфузиологија плус извештајот без печат и потпис од него не можеш да рефундираш клексани и затоа ми е дупла работа. Вака барем може да скратам да се боцнам во гратска некој ден претходно и со резултатите да си одам на термин кај него па да ми каже што и како и да ми напише извештај одма иначе за резултатите сабајлечки кај матичната врти да ги извадат од систем денес секско нема кој да ги види
Знам дека денес и вчера немаше а го брзав дека ми рече гинекологот имам лакуни + си имам испуштена вена од дете.. Амаа ај се надевам утре ќе ги има ако не заебале нешто ради презимето. Ќе ги обесам А за кај Јани ти закажа матичен или како?
Јас во железничар тука кај матичниот ми земаат крв, утре баш ќе идам помина месец да видам како се, дали се зголемени...
Да, баш во петокот пуштија термини за февруари кај јани ама касно беше и утре ќе одам докај матичната да ми закаже, на 3-4недели одам јас со мутации сум плус сега на последното ехо и хетерогена постелка во 17та недела виде докторката од систина што ми ја води бременоста, мораме да следиме почесто
И во железничар може цела хемостаза? Не сум знаела леле утре ќе ја прашам матичнава да не плаќам на 3недели по 1800 во синлаб и за тоа тогаш
Јас се мислам, ми препиша 80 клексани пред нова година на тие дд мери хаха.. Да незнае човек што да прави, не ми рече за контрола ништо. Две имаше со него специјализантки и некако напнато гужва денот. Се мислам да видам утре како е крв па ако нешто на 20 со приоритетен да идам.