Незнам цела хемостаза дане се само ддмери... Сестрами не сум ја прашала ќе ти пишам да заврши ја успива внуката.
Не ми текнува како ти беа димерите? Имаше нешто и од времињата скратено? мене 60ми даде на овој извештај пред нова година димерите ми беа 530 ама аптт 21 ептен скратено
Да кај тебе времињата се супер, димерите малце височки, генерално на 3-4 недели се прават контроли според мојата докторка во систина и така се боцкам јас ама пошто ти не се боцкаше пред овој резултат димерите сега со клексан сигурно ќе паднат
Се боцкам од старт со клексани и аспирин на три дена пијам и вака ми беа... Незнам ни Јани ни Матичниов не рекоа ништо. Остана по еден клексан. Тогаш бев 15та недела кога ги направив, сега сум 19та.
Ммм не знаев дека и ти си од почеток. Уствари не сменија ништо рекоа доволно е? Боцни се деновиве пак да видиш чисто како ќе биде. Мене мн ми е страв од аппт и дури со Јани се слушнав ме викна и кај него во канцеларија наредниот ден попто виде дека сум цела стресена и ми објасни дека клексанот ми е заштита и дека доволен е еден зошто ниски се димерите. Кај тебе па вероватно е обратната логика доволен е еден клекдан исто зошто мирни ти се времињата иако димерите скокаат а плацентата ја гледаше гинеколог? Ок изгледаше се?
И кај мене беа само димерите покачени 1460 па на извештајот од Док Нинослав иста терапија кај мене клексан и аспирин секој ден.Кај мене Гинекологот рече протоци се ок нормално да се качени покриена си со терапија.Јас дека сега сум бед рест поради серклаж може ќе бидат покачени .Контрола за хемостаза правам на 3 недели ќе видиме неделава.
Пред нова година ме гледаше рече супер е све да видиме со слаџот имаше минимално... Ама ми даде терапија за кандидата зошто беше доста воспалена слузница од све и гентиајната... Сега сум подобро немам проблем ич со исцедок се среди.. Чисти гаќи чудно ми е... Сега две недели се поминати од тогаш.. Ќе видиме како е на скрининг.
Да протоци ми рекоа рано е, ги гледаше докторкава во Ремедика супер беа, бебе недела поголемо, вика таму кога ќе бидеш потешка со стомакот се следат. Уште немам некој стомак да речам онака како најадена.
Со првото ми беа 1250 мислам ,само аспирин ми даде матичен гинеколог.... Баш ќе ѕирнам во картонот ко ќе одам дали убаво се сеќавам.
Мене ми рече протоци ок, бебето на почеток на 17та недела ми е 200гр што е повеќе од просечно па тоа малце ме смири дека си напредува и стига храна до нејзе ок, на крај на месец сум на скрининг кај Ќаев па во февруари кај Гордана Петровска закажав одвај чекам и од нив да чујам дека се е ок да се смирам скроз
Која недела ќе бидеш за скрининг кај Ќаев.Јас среда сум кај Док Митко за контрола за серклажот дека поминаа 2 недели и ќе бидам 19 недела и 3 дена незнам дали е ок тогаш за скрининг .
Па сега гледам точно 20+0 изгледа, а кај Петровска 21+0 и ја си мислев дека е рано за кај Ќаев ама матичната рече ајде гледам тој ден термин да фатиме и закажа … ваљда ќе видат и двајцата што треба
Па да рече кај него.Самиот кажа дека до крај ке тераме бременост со прегледи кај него.Сестра ми на пример дека со близнаци и рече направи уште еден скрининг кај Димчев.Ќе видам сега среда сум што како.
Иначе читав дека со вториот скрининг оди и дополнително испотување фетална кардиографија само за срценцето на бебето со сите детали сма тоа никој не ми спомна каде како што, ви спомнале вашиве доктори?
Да ама мислам дека тоа ако докторот те прати или ти напомене.Сестрами за Близнаците го правеше во Систина дека се две ја прати Док Митко .Мислам дека ако се е ок нема потреба.Ќе видиме што како ќе кажат.
Јас кај Кочовски на гак 20+5 ќе бидам а ремедика ќе се договориме рече сега сум на брисеви кај неа ради кандидата.
Од тоа што ми го даде матичниот втор скрининг се прави од 16-24 недела 23-24 еднаш и 28-29 по втор пат фетусна ехокардиографија. Мене др Димчев ми закажа во 22недела втор скрининг, тој ми ја води бременоста
и јас бев тогаш, многу беше напето и гужва, мене ми препиша 90 клексани и ми рече се исто како предходната бременост, ни ми рече кога да дојдам ни да проверам ддимери ништо ништо, а предходната примав од позитивен тест до крај, ама секој месец идев кај него и проверувавме... сега толку беше нервозен шо ми беше и страв да прашам, не знам ни ја шо да правам и дали да оставам да не проверувам вооопшто... @Трагедијаупмм 18 та недела воопшто не е рано, мене и првата и втората бременост во 12 та недела ми кажаа пол и не погрешија( ова во систина) првото ми беше машко, ама го изгубив во 5 ти месец, на извештајот стоеше дека било машки плод, а втората бременост ми кажаа исто уште во 12 та недела дека 90 посто е женско и девојчица бидна...јас многу голема желба имав за ќерка, така да сега ми е сеедно за ова шо ќе биде, важно ми е да е се во ред само. иначе се случува да утнат пол, не дека не.