Еве денеска бев направив и ддмери 2750 и сега треба да чекам до понеделник... Нервоза ме фати. Матичниов вика не се секирај заштитена си.. Ама некако мн високи за 19та недела незнам
височки ти се, најубаво види се со Јани, мене ми праи стрес тоа шо нема термини и не знам како да дојдам со него ...
Се нервирав на почеток.. Сега приоритетен од гак и идам сабајлечки таму. Нема друга опција што да правам мора да го видам.
Во Систина мерките за димери до 20 та недела се 2200,а од 20 до 40 недела мах до 4500.Така да ти си скоро 20 недела веќе и не се многу покачени. Не се нервирај само види се со Јани за да ти каже што како дали со иста терапија.
Извештајот од трансфузиологија за рефундирање на клексани треба да е со потпис од Јани или доволен е само печат ?
Па веќе убаво се гледа во 18та. Така да женска уште една ќе имаш. Височки се. Не е страшно, ќе ти препишат терапија ако има потреба. Многу се битни и времињата.
Да е здраво и живо како и да е Стигна резултат д димер и хемостаза ,гинекологот рече ок се... Спојлер
Женски како сте со притисокот јас цел живот сум со понизок, ама деновиве ептен 100 со 60 … 105 со 70 тука некаде се движи, пулсот 95, некако како да се задишувам осеќам ептен а и кога ќе легнам кратко на грб како да немам воздух доволно, некој нешто слично има?
Да се намалуваат во бременост времињата генерално, не ми текнува која недела си и дали боцкаш клексан или не и дали проверуваа протоци на последно ехо… некогаш се си е ок а времињата си паѓаат. И моето аптт е доста намалено 21 затоа го приметив и твоето а димерите мирни и кај мене /17та недела
18 та недела ,не примам клексан. Постелката е ок само има лакуни на едно место ама остатокот си е ок гледаше протоци на ехо ок си беше. Плус имам испуштена вена од дете.
Каснувај си соленко и понекогаш кока кола можеш ,исто еликтролити помагаат. Треба многу вода пиење. Мене често и понизок од тоа ми бил и пред бременоста и сеа. Нема лек само со исхрана регулирање...
Кај мене денеска правев хемостаза димерите се 2250.Времињата се ок .Протоци на ехо се ок бебе е по мерки 20та недела 3 дена потолемо.Гинекологот е за 2 клексана ама трансфузиологот вика да почекаме една недела дали ќе се качуваат па ќе видиме.Следна Среда пак ке правиме анализи.Ти што направи.
Синоќа се разбудив со болка во стомакот ,веројатно од запек. Но толку се испаничив ,некој страв параноја.. помислив дека бевето ми е починато...не знам дали бев будна дали сонував како преносена бев... дури на 23 ти сум на скрининг во Чаир. Денес добра сум бев во тоалет ,нема болки... ама таа паника не ми излегува од глава.
Нормални се болки, се шири матка, лигаменти, бебуш ги притиска нагоре органите, телото трпи промени. Не се плаши и уживај во бременоста