А грло на матка само вагинално мерат ? Последно 4 см беше на прв скрининг, од тогаш вагинално ме нема матичниот гледано, на ехо одам често, почесто од еднаш месечно досега ми е се уредно. Знам дека абдоминално не се баш точни мерките затоа прашувам, ама мислам дека после 20 недела се следи грлото на секој преглед. Сега 21 недела планирам да одам на втор скрининг па се надевам пак ќе ме гледа вагинално. Со многу информации сме полни реално, повеќе од шо треба јас мислам, ама маката на тоа не натерало а и понапредна медицина има сега, со навремено откривање најчесто за се има решение. Знам дека и ние како пациенти претеруваме, се прајме познајни од докторите оти се и сешто читаме на нет, којзнае колку ги иритира тоа Замисли учел, студирал години томови книги и му иди пациентка му кажува што да прави, ќе не избркаат на клоци некој ден не ќе се видиме
На втор скрининг обавезно ќе ти мерат вагинално, мислам и да не ти мери ти да си побараш за мирна глава
Да оставев на нив и детево да го родам во 22та недела и да го изгубам... тешко нас ако на нив се потпреме на све. Немаат ниеден протокол... матичен доктор пола жени без брисеви им измислуваат криви дрини... пола без торч, пола без скриен шеќер.. секој како сака тера. Да не фатиме сами да следиме ддмери да прашуваме што треба ќе треба децата што едвај ги чекаме јабана да ги фрлиме. Секој бира како ќе ја тера бременоста, може и да не читаме и да се чудиме што не снашло. Ние страдаме они слабо емпатија ќе ти рече ќе родиш друго.Со исклучок на неколку поединци доктори.
Devojki...dali nekoj ima iskustvo so dr Biljana - gineko debar maalo....mi ja preporacuvaa deka bila povozrasna I tocno znaela terapija za vaginalni infekciii I koga se pokazuvale cisti brisevite....
Со резултат од д димер одите кај матичниот гинеколог само па тој ви дава упат за трансфузиолог или општ матичен ви дава упат ?
матичниот гинеколог ми извади упат за кај Јани, после тоа ми извади и друг упат за неколку дена пред да идам кај Јани да проверам ддимери
Јас преку општ матичен. Ми закажува термин а пред тоа неколку дена се боцкам и со резултатите одам кај Јани на закажаниот термин
Се имате договорено да одиш? Ако ти рекла дојди после 8 дежурна сум или нешто слично, ќе си почекаш… се зависи од денот и гужвата нели ама јас најчесто сум чекала, еднаш дури 3 часа. Сега одам на цтг секоја недела и обавезно по саат, саат ипол чекам.
Баш така за жал Од една страна не е да се правиме Др на нет ама за жал очигледно нема на кој да се потпираме баш многу и мора сам да си ги отвориш очите
Здраво на сите прекрасни идни мајки, при крај сум со второто месечие 25та недела сум и до сега се е ок, меѓутоа периодов имам чудни нагони на агресивно кивање и суво грло и затнат нос наутро. Бев на матичен и ми рече не е настинка туку као синтом од бременоста, дали некој од вас има исто вакво искуство. Ужасно е не можам да дишам преку нос
Нормално е,иста сум.Кога ќе станам исто така сум затната со кивање по 10 пати.Преку цел ден ли ти трае? Мене само наутро веќе неколку недели а сега сум 19та.
И кај мене исто, генерално навечер и сабајле кога ќе станам сум со полна нос и кивам, навечер се затнувам. Читав некаде дека хормоните некако влијаеле на синусите, не знам точно како, и затоа се случувал пвој симптом.
Ако имате дома навлажнувач доста помага. И јас го имав истиот проблем ама со контрола на влажноста се регулираше. Кај нас беше околу 37%-40% влажност а сега ја подесувам до 50% (над 60 веќе има ризик од мувла) и немам веќе проблем.
Девојки здрво Пијам панцеф веќе 6 дена ради тоа јак вирус што ме фати .. последниве 2 дена како да го осеќам бебето помалце активно … Има ли простор за паника 24 недела сум Фала ви за одговорите