Купив тоа уште на почетокот ама пак џабе мислев од парното е го исклучив у спална стаив навлажнувач ама не помага некако многу исто и ко @Kejt362 i @DreamOn и наутро и навечер и во текот на ноќта скроз сум затната ужасно ... добро е да знам дека не сум сама со синтомот
Девојки дали имате користено D-mannURO кесичките превентивно против уринарни инфекции и како ги користевте? На пакувањето пишува два пати на ден на гладно и после да се конзумира повеќе вода. Јас секако пијсм вода ама дали треба ептен многу? И во кој дел од денот пиевте?
Бејби доволно ти е едно кесичка превентивно и се пие на празна бешика, значи мокриш и растворен го пиеш, после тоа пиеш уште две чаши вода и да не идеш да мокриш барем еден час. Јас затоа сум ги пиела навечер пред легнување таман да делува. Обично не станувам да мокрам навечер. Ако има инфекција се пијат по две.
Фала ти ❤️ На кесичката пишува превентивно 2x1 три дена и после седум дена по 1. А за инфекција 4x1 и после 7 дена по едно. Ме збунува тоа на гладно да си пие. Ај сабајле ќе испијам на гладно ама преку ден? Вајда се мисли два часа после јадење Кај мене е што уште ми нема стигнато резултатот од уринокултура па додека чекам, подобро нешто на природна база да земам. И др. Котларова ми рече дека може. Пред бременост еднаш сум имала уринарна и се среди со две шолји чај од брусница ама сега дека секој е со хибискус не сакам да пијам.
Женски дали сте имале слично искуство: Во уринарен статус ми пишуваше крв во урина, бактерии доста и леукоцити во урина покачени., леукоцити во крв нормално. Црп 2.36 Само што ми стигнаа резултатите од уринокултура- урина чиста нема бактерии. Уринокултурата ја правев во Рамус за побрзо да добијам резултат, сега во петок и на микробиологија ќе однесам. Чекам др. Котларова да ми јави од што може да биде вака
Имаш некакви симптоми? Можеш да земеш плодови суви чиста брусница од продавница за здрава храна и да ги вариш, јас така земав.
Никаков симптом. До сега еднаш сум имала уринарна и знам дека пече и ти се мокри а не можеш. А сега ништо од ова. Др. Симонида ми пиша дека е во ред, нема простор за плашење штом нема инфекција и крвната слика ми е уредна.Само да зголемам внес на течност. Почнав да пијам Д-маннУро како превентива па ќе видиме. Пијам многу јогурт а од тоа може како калциумови камчиња на бубрезите да се ствара. Може тоа треба да намалам
И мене една од урино проверките ми стоеше крв во урина, докторката моја ми рече дека е од клексаните се случува не е ништо страшно во бременост
И др. Симонида ми го спомна ова за клексаните а може и матката ја притиска бешиката па некое капиларче да пука. И верувам на др. Симонида така да ќе зголемам само внес на течност , ќе се среди
Хелоу,дали некој се соочува со јаки болки во нозете ко мене,не можам ни десет мин да пешачам одма почнуваат болки и замор.Пијам магнезиум редовно но ништо.
Здравоо, дали ви се случувало во 14та недела да сте еден ден супер друг уморни, до степен да само би лежеле? И дали тешко и врнежливо време ви влијаело на тоа? Исто така, дали во 14та недела уште осеќате затегања во и ололу матка, и благи болки во кукови, околу стомак?
Јас во рана бременост чувстував голем умор, како изминуваа неделите ми се враќаше енергија. Еве неделава(17) повторно, можеби и заради промена на времето постојано се чувствувам уморно, не можам да се изнаспијам, ќе сработам нешто и одма се изморувам.
Скрос исто, еден ден сум супер заборавам дека сум трудна,друг ден све ме боли неможам да мрднам. Навечер стомакот ми се дуе ко балон и само има некое кркорење на цревата ко да ми се разместуваат сите органи внатре исто имам подуеност и гасови, 15та недела сум. Дали ви се дешава тоа ?
преку ден многу имам мало меше ама навечер х2 огромен плус гасови, запек и често мокрење. За спиење таман ќе се наместам со перницата ајде до тоалет па вода ќе се напијам жедна па ќе си легнам и не поминало ни 10 мин ајде назад до тоалет пак