И како отиде со упат ? Извини многу прашувам ама со првото баш кога беше ,,јајцето на газот " отидов и на среќа кој др беше тој... па се случија непотребни работи. Сеа сакам со време.
Истп за грло на матка ми рече ,,тоа е како врата или е затворено или отворено го видов на ехо ок е ,ако реши да се отвора може за 2 саати да се отвори... " И сеа не ми е јасно тука гледам го пишувате со мм...
Сигурно мери ама не е кажана бројката.. види на сликичките од ехо да не има или нареден пат конкретно прашај
Девојки, ја земав перницата на Сомниа, ама не ми одговара за жал. Ако му треба на некој ќе ја дадам за поволна цена.
Neznam dali ima razlika so na lala pernicite ama od lala sum prezadovolna. Osven prvata vecer so mi bese cudna. Ama za nisto ne bi ja menuvala . Epten mi legna
Висока ми е за спиење, имам спондилоза во вратот и спијам на ниско. Се надевав дека нема да ки смета ама ете ги гледав и Лала тука некаде се со полнеж. Инаку многу е убава и оваа, ептен убава за подршка стомак грб нозе ама за жал нема да ми е корисна
Обратно сврти ја. Јас така спијам, си спијам на моја перница, а “краците” ги користам за потпора на грбот, стомакот, меѓу нозе. Пробај.
Девојки дали е ок црп 3.88 и ддимер 606? Минатиот месец црп 2.83 и ддимер 515? Скоро правев уринокултура - чиста е о пред две недели проверка на ph на вагина 4( др кажа дека не покажува знак на ваг. инфекции) Едина промена од пред два дена ме болат забите( сите ми беа средени, но откако сум бремена немам отидени на забар. На еден заб забележав црнко, вајда е кариес) 27 недела сум
Д димерите ти се супер На забар обавезно да одиш, после 4 месец можиш да правиш заб и со анестезија без адреналин.
Ох забар ми е траума невидена. Имам и умњак кој на последен преглед избиваше и др кажа не можеме да го извадиме. Сега израсна и гледам дека почна да се расипува.Мора да се вади. А јас сррашливка невидена. Ќе паднам во несвест од страв. Имам многу слаб степен на толеранција на болка. Чекам и резултати од хемостаза па да и пратам се комплет на др. Котларова. Мада за црп сега читам дека регуларно треба да е до 5 ( мажи и небремени жени) за бремени жени до 10 без да покажува знаци на инфекција. Во трет триместар од 15-20. Јас за една недела влегувам во трет триместар. Искрено за забар би почекала да се породам, здравје Боже па после. Не сакам во бременост таков стрес да доживеам. Освен ако почне мн да ме боли ќе морам. Сега за сега мислам се дека е од променливото време. Пошто кога залади оној пат сите заби од лева страна ме болеа
Фала ти И јас мислам така ама ќе чекам и др да потврди. Инаку резултати од хемостаза прикачуваат на мое здравје( времињата што се)? Сите други резултатит ( биохемија, микробиологија) ги имам а за хемостаза не можам да најдам
До денеска, 19 недела супер функционирав психички, па и физички. Деновиве ме удри некоја анксиозност, можеби влијаеше на некој начин и тоа што се случуваше изминатава цела недела, па колку и да се обидував да не следам, кога сите околку тебе зборуваат за тоа тешко е да се избегне. Во глава ми се увртеа некој глупави мисли, дали бебето расте како што треба, дали се развива како што треба, дали сум ги направила сите потребни прегледи, да не пропуштиле докторите нешто, дали внесувам доволно витамини. Првиот скрининг го правев во Систина, се беше во ред, но некако прегледот траеше многу кратко, без многу објаснување, а јас сепак сакам и очекувам повеќе комуникација од докторот, од друга страна, прочитав тука и за некој пропусти на докторот па тоа дополнително ме испаничи, а веќе имам закажано за 2 недели втор скрининг, во дилема сум дали да сменам доктор за втор скрининг. Правев преднатален тест, се беше уредно, ама сепак сега во мисла ми се уврте зошто не направивни приска, може требаше да направам и приска. Постелката ми е на преден ѕид, досега само еднаш сетив движење на бебето, чувстувам повремено нешто, што не можам да го дефинирам под папокот, ама имам и многу гасови, па не можам да кажам со сигурност дека е бебето. Можеби е и до хромоните, дури од премногу размислување ми иде да плачам, а реално немам никаква причина за тоа, барем досега се си беше уредно. Едвај чекам да отидам на преглед, да си ја смирам психава, досега сум немала вакви мисли, ама ете.