Второ тромесечие од бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од BellaS, 19 јуни 2014.

  1. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Женски
    Рано ти е да го сеќаваш бебето цело време.
    Мене докторката ми рече после 20 недела, и тоа да не очекувам којзнае какви удари.
    И така и беше, и јас сум до гасови ама знам кога ме клука дека е тоа
    И јас сум со постелка на преден зид.

    Штом на сите прегледи си поминала се уредно немој да се паничиш, некогаш сами си бараме нешто што го нема од страв.
     
    На fragaria и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  2. DreamOn

    DreamOn Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2022
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    484
    Пол:
    Женски
    :)
    Те читам и како себе да се читам :) иста бев до пред две недели, разговарав и со еден психолог и ми рече дека многу често се појавува анксиозност во второ тромесечие. Немаме симптоми како во прво а не ги осекаме бебињата сеуште. Јас си направив анксиозност од прегледот некаде во 18-19та недела многу беа мирни бебињата за разлика од претходниот кога се превртуваа и не можеше др да ги фати, и со викам нешто не е во ред. Секојдневно се убадував дека докторот ќе кажеше ако не е во ред ама пуста мисла си стпеше така дури не почнав да ги осекам. Исто сум на преден зид плацента, 20-21ва почнав така суптилно да ги осеќам сега веќе 23та убаво ги осеќам. Земи ја Свесно Мајчинство, баш збори за стравовите и многу убаво делува посебно во вакви моменти. :)
     
    На fragaria, Guns N` Roses и jagoda777 им се допаѓа ова.
  3. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    6.959
    Допаѓања:
    21.902
    Пол:
    Женски
    Рано е за удари. Има време, има да ти се превртува цел стомак.
    За приска што се грижиш. Една статистика е , која може и да те исплаши. Си направила пренатален, биди смирена сега.
    Ако ти е мисла докторот за скрининг, секогаш можеш да смениш.
    Направи го тоа, кое ќе ти даде мир.
     
    На fragaria, Трагедијаупмм, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  4. jagoda777

    jagoda777 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    638
    Допаѓања:
    1.035
    Пол:
    Женски
    И јас немам направено ништо друго освен панорама, и прегледите што ми се кај докторот во систина, јас ни кај матичната дури немам отидено. што ке ми каже он тоа. Скрининг... валда скрининг беше тоа кога правев панорама таа недела и кај докторот имав преглед мереше се подетално... ќе прашам следен преглед. Не се секирај се си е супер :l:
     
    На fragaria, Guns N` Roses и Dijana DM им се допаѓа ова.
  5. Di.B

    Di.B Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2024
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Моментално дум 19 недела и планирам да одам на одмор. Одобрено ми е од лекарот, но сакав да ве прашам дали некој во 25 та недела има патувано со авион и дали поминува на скенерот на аеродромот? Малку ми е на мисла за скенерот дали е штетно нешто и дали е задолжително да поминам преку него?
     
  6. jagoda777

    jagoda777 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    638
    Допаѓања:
    1.035
    Пол:
    Женски
    Денеска посебно ужасен ден, и јас сум анксиозна и се држам некако ама денес ми е тешко. Не ми се јаде со сила каснав па се осеќам како прејадена. Времево многу ми влијае кога е вака променливо беше 28 степени и сонце, сега тмурно и никакво... На социјалниве мрежи освен црна хроника друго нема... Иако се испобришав да не читам такви работи пак ми се појавуваат спонзорирани страни со грди наслови:@
    Цело време поспана без енергија...
     
    На fragaria, Anaroz1 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  7. MS95

    MS95 Нов член

    Се зачлени на:
    24 март 2025
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво јас сум 17 недела пред 3 дена се вратив од патување немав никакви проблеми при патувањето со авион. Поминав најнормално на скенер. Така да уживај дур си на одмор
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Женски
    Ако од доктор ти е дозволено да леташ и имаш уредна бременост нема од што да се плашиш. Тие недели е најубаво да се патува оти имаш помалку мачнини.
    За скенерот нема што да те плаши, сите на скенер поминуваме секаде низ светот, нема поинаку :)
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.930
    Допаѓања:
    16.938
    Пол:
    Женски
    Денеска посебно се чуствувам без сила и енергија, едвај станав од кревет, се ме боли. Промената на времето многу ми влијае.

    Ви благодарам на сите за советите и поддршката, ми значи :l:.
     
    На jagoda777 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DreamOn

    DreamOn Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2022
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    484
    Пол:
    Женски
    Девојки дали има некој препорака за душечиња за креветче?
     
  11. Catfish

    Catfish Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2024
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    19
    Здраво девојки, од која недела почнува да се следи должина на грло на матка? И кои се симптоми на скратено грло?
     
  12. jagoda777

    jagoda777 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    638
    Допаѓања:
    1.035
    Пол:
    Женски
    Женски како сте, како функционирате? Ви влијае ли времево што е вакво, тешко е некако нели? :rain:
     
    На fragaria и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  13. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Женски
    Мислам немаше човек денес што не се пожали дека се чуствува лошо од ова време,инаку и јас денес ужас бев
     
    На Puffy2019, fragaria и jagoda777 им се допаѓа ова.
  14. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    3.749
    Времето не ми влијае, бидејќи не сум во Мк и навикната сум на облачно и дожд, дури и ми годи и немам проблем на такво време и да испешачам и да да отидам да испазарам и куп обврски да завршам. Ама ова гадењава што сеуште не стивнуваат ни во 17та недела и тој метален вкус што останува во уста после било кој оброк, буквално ме убива. Има денови кога се поднамалува интензитетот, има денови како вчера и денес кога е хорор и многу тешко го поднесувам тоа. Вакво нешто во првата бременост немав.
     
  15. jagoda777

    jagoda777 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    638
    Допаѓања:
    1.035
    Пол:
    Женски
    Не знам дали истиот вкус го викате метален вкус ама после секое јадење многу грдо чувство имам и јас во уста, и поради тоа ништо не ми се јаде ...
    Ми помага ладна вода или одма заби да измијам...ама не секогаш. И јас сум 17 недела, среќа немам гадење кратко траеа на почеток само.
     
  16. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    3.749
    Да, на тоа мислам, наводно било поради хормоните, иако во прва бременост ништо такво не искусив. Мене и лути бонбони без шеќер ми помагаат, ама тоа исто е само моментално. Многу гадно чувство ми создава и исто ништо не ми се јаде.
     
    На Трагедијаупмм и jagoda777 им се допаѓа ова.
  17. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    510
    Пол:
    Женски
    Исто денес многу тешко
     
  18. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    2.088
    Пол:
    Женски
    Ги прикачуваат.
    Еј додека не заврна мислам дека лебдев ,плус болки насегде...
    @Guns N` Roses пренатален е посигурен од приска... некако последниве случувања сите не вознемирија јас освен сите други витамини си зимам и плус Б6. Ми помага да спијам барем :)
     
    На Guns N` Roses и fragaria им се допаѓа ова.
  19. jagoda777

    jagoda777 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    638
    Допаѓања:
    1.035
    Пол:
    Женски
    Колку пати пиеш Б6, три пати или еднаш? Ќе мора да почнам и јас за се нешто се сецкам ...се штрекам
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  20. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    510
    Пол:
    Женски
    Реално немаш особено причина за паники ама нормално е да има мисли преиспитување и сл
    Ја реално цело време имам некакви резултати што ми прават стрес ама гледам некако да се смирувам
    Последната паника ми беше неделава оти читам сите примаат клексан терапија со вакви мутации како мене
    Мене не ми препиша да почекам да следам ехо
    Intrusive thoughts колку сакаш
    Па и на целата ситуација со трагедијата милион мисли
    Ама кога ќе ме фати анксиозност пробувам со дишење и со тоа сама си зборам со себе дека ако треба нешто ќе ми кажеле докторите и дека на крајот од денот секој со среќата
    Така да пробај колку можеш да се изолираш од она што те вознемирува и ако те спукаат мисли прашај се колку се реални со факти
    Со лесно нека ни е на сите
     
    На Anemona, LanaDelR, Guns N` Roses и 1 друга личност им се допаѓа ова.