Инаку не знаев дека сте толку активни тука И сега читам дека и вие се дуете навечер А баш сакав тоа да прашам во труднички муабети 17 Нед сум Насабајле малтене рамна сум во стомак а навечер огромен ми се дуе Многу чудно
Докторот ми рече колку сакам можам (имав некој приватен јак стрес ) ама јас терам едно сабајле едно вечер. Или сабајле ако заборавам 2 навечер.
По правило од 16 недела натака .Ако имаш индикација и порано.Ако е нормална бременост можеш на следна контрола да си побараш да проверат.
Б6 вит има во сите скоро суплементи за бременост и во Токорелакс има Ја па баш денес гледав да не се предозирам Почнав да пијам прегнатол со дха плус пијам токорелакс плус магнезиум директ Во сите има ама претпоставувам дека не е проблем
Исто и кај мене, крај на 16-та недела, стомакот веќе месец дена наназад навечер ми е поголем, да не речам огромен
Да ти кажам мене ми е ептен убаво се чудам дури, се изнашетав се изнаработев и пак сум океј. А сонце надвор мене главата ме утепува, сила нула и само лежам и се влечкам ептен сум радосна дур е вака
Фала ти…денес цел ден осеќам како ме затега, ме сече нешто во долниот дел на стомакот, поготово при движење (16+1сум) и ме притиска како за мокрење…се грижам да не е поврзано случајно со скратено грло. А баш вчера имав преглед и се беше во ред, цервикс не мереше. Не знам дали да се јавувам утре да прашам.
Ако сакаш да си бидеш сигирна оди нека те прегледа.Ама нормално е болки се шири матката.Само не паничи и движи се ама не претерувај.
Рационално размислувам, некогаш од што размислувам рационално, си викам да не сум многу лабава, да не не направив се што треба. Не знам што ми стана, ме спопаднаа мисли. Неделава сум многу подобро, а и значи кога некој што минува низ истото ќе сподели, па некако се тешиш дека не си сама и на некој начин е нормално да се јави и страв во одредени моменти. @Трагедијаупмм да знам, со матичната истото го дискутиравме пред да правам преднатален, дали има потреба да правам и Приска, ми рече немаш потреба, ама ете ме спопаднаа безвезални мисли.
Леле да и ја си го имам поставено тоа прашање Понекогаш од многу реален пристап си велам а да не треба сепак на повеќе мислења да превземам нешто... Ама кога читам тука различни искуства многу ми помага
Истото ми се случуваше мене, баш кога ја почнав 16-та недела. За истото пишував вчера во Труднички муабети. Неколку денови имав такви болки, најчесто на станување, на кревање нога, особено десната страна(да се облечам, да излезам од кола). Бев вчера на дежурен, ми измери грло затоа што се загрижи да не е тоа, се беше во ред 4цм беше. Според тоа што го виде на ехо мисли дека всушност бебето ме удира затоа што баш таму кај бешиката е сместено. Ме замоли да направам крвна слика, црп и урина, се е во ред. Ама ако те мачи слушни се со докторот види што ќе ти каже, дали да те види пак со оглед на тоа што вчера си била.
Ми рекоа да пијам магнезиум два пати на ден и да одмарам па ако не прекине болката да дојдам на преглед…денес уште осеќам болка ама послаба и тоа на крајната лева страна на долниот дел на стомакот…веројатно се лигаментите
Да те утешам, мене ми се намалија болките, скоро и да не ги чуствувам. Со малку појачување на магнезиум веќе се чуствува разлика. Ќе биде добро
Женски 17недела дали осеќате како трнење на стомак, не знам како да опишам... Ама само на лева страна така осеќам под градата стомакот до препон ... пијам магнезиум директ еднаш на ден обично навечер, чекам одг од докторот ама на мисла ми е па дали и друга некоја така осетила?
Фала ти, сепак отидов да ме види дека петок, да не чекам до понеделник после. Исто ко кај тебе, болки од растегнување на матката и лигаментите, ми рече да појачам на магнезиум, и дека понатака може и да се појачаат болките. Ми измери цервикс 47мм, и кажа да одмарам повеќе
Барем сега знаеме дека се е во ред. Мене ми е втора бременост, но залудно кога на некои работи како овие не се сеќавам. А и, поминаа 6 години. Се сеќавам дека вака ми беше последните месец-два, особено кога ќе почуствував потреба за мокрење, но дека олку рано беше вака - не. Сега сигурно и други кои се во оваа недела не читаат и ќе знаат да бидат спремни и да не се плашат (секако доколку болките не се многу силни и доколку нема крварење). Среќно понатаму
Дали некоја имала иста мака..? На моменти додека одам како нерв некој дс ме фаќа на десната нога кога ќе стапнам, и ме боли долниот десен дел кај стомакот, кај коската да речам. не е цело време, него супер е све и на моменти ќе ме фати, абе неможам да одам, ја влечкам ногата од болка. Чаре? 18+2 сум...