Во првата бременост мене така знаеше да ми се фати исто од десна страна, обично кога ќе излезев на пешачење и така едвај одев од што ми беше укочено и болеше, ама продолжував полека и внимателно да се движам и за едно 5 мин максимум пушташе и после функционирав најнормално. Не знам дали е иста болка, мене буквално како некој нерв под стомакот да ми се фаќаше и ми ја укочуваше цела нога. Јас го препишував на натежнувањето на стомакот.
Мене исто знае да ме фати и да ми трне десната нога, минкажа некој дека матката може да притиска н некој нерв. Се истегнувам лесно и поминува.
Некој нерв притиска... Јас па навечер имам проблем а легнам на десен препон како да ме лазат мравки како скокот и без спиење сум неколку дена многу неудобно...нервоза ме фаќа. Почнав Б6 да пијам па опушта малку ...
Женчиња дали и на вас ви е слично со мешето.До 4 па и 5 месец некаде имав голема подуеност на стомакот и ми изгледаше многу поголем веќе сум 23 недела и сега ми е многу помал стомакот насабајле дури не го приметувам.Чудно ми е зошто е така,има ли некој слично?
Да, и јас имам многу гасови и подуеност, некогаш ми изгледа како поголем, штом нема гасови одма изгледа помал, а и почесно се чувствувам.
Последниве две недели брзо се заморувам, чуствувам голема омалаксаност на целото телото. Активна сум низ дома, но штом постојам на нозе и еден час, имам болка во нозете особено потколениците, оваа недела и благи отоци. На почетокот препишував на тоа што имам покачено на килажа, но оваа недела почнаа да ми потекуваат и рацете, да ме болат, особено дланките до лактите. Ќе поработам малку низ дома, и одма ми омалаксува снагата, морам да легнам да се одморам. На неколку пати веќе одеднаш ми се слошува, ми се стежува и за неколку минути поминува. Ќе правам лаб неделава, ќе видам што ќе покаже.
Devojki, ve molam nekoj so pozitivno iskustvo shto imal sladz. Na se sto mi se slucuvashe prethodno i sega ushte ova mi faleshe Mnogu sum voznemirena. Imashe bajagi. Od vecerva sumamed 1000mg 7 dena
Провери детална уринокултура, да не имаш нешто протеини во урина и целосна лабораторија. Која недела си? Отоци при скроз крај се појавуваат, крај 8ми, почеток 9ти.
20 недела сум. Склон ми е организмот на отоци, и пред бременоста сум знаела, особено летно време да отекувам. Правев денеска комплетна лаб, резултатите изгледаат уредно за една трудница леукоцити незначително покачени 11 и гранулоцити, лимфоцити намалени, хемоглобин 11,7 паѓа за разлика од претходна лаб, железо 13 ама веќе пијам железо затоа се одржува во граници и холестеролот 6,5 на горна граници, хематокрт низок, не пијам вода, голема грешка, а морам, во мокрача уредно нема ништо. Ќе направам и уринокултура и д-димери, неможам да стигнам оти одам и на раб, а на различни места се испитувањава.
И ја сум склона на отоци Ама приметувам дека е од различна храна На пример ако барем малку некаде ми се промкне млечен производ одма стомакот ми е многу подуен Ако каснам чоколадо малку повеќе од коцка две и тогаш, претставувам од шеќерите Можеби да не јадеш солено? И дефинитивно да треба вода пиење Јас порано можев и една чаша вода на ден да се заборавам Сега гледам во текот на денот да распоредам колку можам повеќе и барем да стигнам до 2л. На почетокот многу се чувствував отечена после апчињата Дабростон Ама сега ми е подобро од како ми ги прекинаа И нозете на перница дома ко ќе бидеш
Да имам забележано дека и храна има многу влијание, кога јадам повеќе овошје зеленчук, не отекувам, штом си поткаснувам брза храна, посолена одма се покажува. И дефинитивно треба да одмарам повеќе, јас терам како да не сум бремена, а не може да ја имаш истата енергија како претходно, човек што не е навикнат да седи на газот, ама дефинитивно треба многу да припазувам.
Искрено не сум фан на солена храна и организмот не ми сака. Кога готвам не ја пресолувам храната, баш нормално е солено, што за други моето нормално солено, за нив е несолено. Сега во бременоста знам да си каснувам по нездрава храна од стрв и приметувам дека тоа има влијание.
знам те разбирам и мене на пример некогаш ми се јаде брза храна мислам се препородувам кога ќе каснам а знам дека не чини.Одбеганувај чим гледаш дека ти смета таа храна повеќе зеленчук и овошје ќе издржиме се бркаме со неделите за малку
Вчера бев на вторскрининг кај Димчев во 21 недела. Се супер кажа, се е во ред. Прегледот траеше 10 мин. Од таму отидов на државна чисто за второ мислење. Докотката која ме прегледуваше многу се задржа на срцето сигурно 15 -20 мин го гледаше. И ми рече да отидам пак за две недели дека не можела убаво да го види срцето.Дали на некоја од вас ви имат кажано такво нешто. Цело време сум во мисла дека нешто не е во ред.
Исто и јас бев кај Димчев за втор скрининг 20+5 и се беше во ред и срцето го гледаше и не искоментира ништо.После кај матичниот бев за два три дена зошто и он прави скрининг и ми рече дека е рано да се види убаво срцето пак да го видиме за три четири недели дека подоцна се гледало убаво. Не се секирај ако нешто е е во ред ќе ти кажел Димчев