Девојки што пиете за ниско железо и хемоглобин? Петровска ме советуваше со храна да пробам пред три недели ама денес правев кс и продолжило да паѓа, па да земам суплемент. Има ли таков што не прави констипација?
I jas tothema piev ama ednas na den, zatoa sto po dve na pocetok koga piev mnogu me butase na spienje, pa doktorot mi kaza edno na den da zemam plus vitamin c So sok gi piev.
Ја пиев ферофолик па после 4 кутии ми кажаа дека треба да паузирам Па почнав само со прегнатол дха мулти Се надевам дека ќе биде доволно железо И дека нема да ми падне пак...
Можеби е нештово пишувано, ама пак ќе прашам. Во која недела правевте тест за скриен шеќер ОГТТ? Дали пазевте на храна пред тестот (на пример избегнување на компир, ориз, јагленихидати)? И дали тест за тромесечен шеќер може да замени ОГТТ, или сепак не се препорачува? Јас планирам во 25 недела да го направам и тамам за Велигден да можам раат благо да каснам.
24-28 nedela testot za seker, 2 merenja imav jas. Jadi si se normalno pred pregled samo 12 saati gladna pre da odis
Можеш во 25 недела, а можеш и било кога, ако има индикација. Најдобро е да си јадеш нормално, како и пред тестот.
Мене завчера ми се присврте, седејќи. Во истата секунда мерев притисок, нормален си беше, и си го припишав вртењето на неправилната положба при седење. Дури тогаш се свестив колку бев подгрбавена и искривена во вратот. Си исцедив лимон, и гледав да внесам течности. Се раздвижив, малку на воздух и поарно ми дојде.
Како мислиш несвестица? Се онесвести? Како се чувствуваш сега? Можеби е најдобро да отидеш на лекар. Со помин нека е, што побрзо.
Железото да не ти е многу слабо, обично од слабо железо имаат вртоглавици. Те советувам и јас да одиш на лекар ако ти се врти цело време.
Секогаш сум имала проблем со желудник, од хеликобактер до чести болки и киселини и пред да останам трудна. Сега сум 24та недела и не знам дали од притисок врз желудникот многу често после јадење имам болки во желудник и единствено ми помага ако легнам. Дали сте имале ваков проблем и како сте се справувале со тоа ?
Здраво, Морам да споделам за да бидат спремни оние кои не знаат. Пред недела дена од нигде-никаде ми се слоши и мене, во пазарење во затворен трговски. Почнаа како светки да ми се појавуваат, да ми фали воздух, знаев дека ќе паднам ако не изреагирам (пред многу години ми се случи истото во болница, ама за жал тогаш не знаев дека ќе се онесвестам и паднав, удрив глава во квака од врата. Веднаш ме легнаа на кревет, ми ги поткренаа нозете, ми дадоа благо и вода). Во првата бременост ми се слоши во возење, за среќа не возев јас. Кренав нозе на шал табла, маж ми ми купи благо и вода и се средив. Поучена од тоа, сега знаев како да изреагирам, и среќа имав мастики во џеб. Одма побарав место за седење, ми донесоа вода, благо, подоцна и кафе и се средив. Ама морав да излезам на воздух што побрзо. Дали е од притисок, дали е од шеќер не знам. На крвна слика железото ми е одлично, шеќерот исто... За проблем со низок притисок, кога ја прашував матичната затоа што во прво тромесечие не можев да функционирам, ми кажа да пијам што е можно повеќе течности. Ако не е еднаш да ти се случи, оди на доктор, не оставај така.
Девојки дали некоја од вас имала зголемен воден исцедок. Од утре почнувам 19 недела. Како подмочана се чувствувам овие два три дена. Во петок сум на преглед ама ме фаќа паника да не е плодова вода..
Некои денови имам многу, во тек на ден се случува два пати да сменам секојдневна влошка, јас сум 18-та недела, но ова ми е скоро од почеток. Брисеви чисти, се е во ред... Некогаш е погуст, некогаш е така, како водлест. Не верувам дека е плодовата вода, но јави се на доктор види што ќе ти каже.
Фала ти многу. Утре ќе одам на преглед докторот кажа најдобро било да ме виде. Во 13та недела брисевите беа чисти, сега не знам дали да правам нови
Нема за што. Супер, вака и бебето ќе си го видиш поскоро Сигурно се ќе биде во ред, ќе си се смириш. За брисеви он ќе ти каже дали да правиш или не.
Здраво девојки, бремена сум 15+3 и од кога влегов во 4 месец се чуствувам многу подобро само што понекогаш имам мали проблеми.Пред две-три недели страшно настинав и имав голем проблем со шлајмот, ми се заглавуваше во грлото и маки мачев да го исфрлам се давев. Сега сум подобро, но имам зголемена потреба од подригнување, особено кога ќе легнам да спијам и на сабајле на гладен стомак и понекогаш чувствувам како пецкање од десната страна во грлото и во градите и морам да кашлам за да биде подобро малку. Прво си мислев дека ми се гади како порано, зошто е слично чуството, но не е тоа зошто понекогаш чуствувам зголемена потреба од земање здив, како да ми снемува на моменти. Исто после јадење имам чуство дека храната ми останува во грлото подолго време и тоа многу ме плаши. Ве молам за совет, додека да прашам на лекар, иако кога еднаш спомнав докторката не ме свати сериозно