Касно пишувам, ама чисто да те охрабрам. Виден слаџ во 18 недела, живот ми се скрати, лежев строго 6 недели. Ниту антибиотици пиев, ниту грло се скрати, напротив на секој преглед се поголемо и поголемо беше, после веќе не го ни меревме. Се породив во 38 недела, пукна водењак, отворена ич. Следи си препораки од доктори, јас чисто сакав да споделам искуство, знам колку бев преплашена кога ми кажаа дека имам слаџ, колку читав, колку истражував.
Здраво,24 недела сум.Бебево предходниве недели хаос,беше премногу разиграно преку цел ден клоцкаше.Сеа два три дена никаде го нема.Дали ви се случувале вакви паузи?
моево го немаше вчера и завчера ич, а предходно секој ден го осеќав, еве денес почнав пак да мрднува. мислам дека овие недели е нормално уште така да ги нема по неколку дена
Женски 20та недела сум, бебето е многу активно ама загрижена сум дека го осеќам ептен ниско ме мава, ко да ми е во вагината долу, а нели више треба да иде погоре во овие недели. Вие што сте блиску каде ги осеќате бебињата?
Добро, ваљда е ок, ама ептен незгодно е. Мене ми е втора бременост ама не се сеќавам како беше. Плус историја со скратено грло и сега ми фуфка малку, јас тек на 25ти сум на преглед. Штом е и кај вас така ваљда е нормално и е ок.
Ја сум 20нед сеуште не го осеќам ама тоа оти постелката ми била на преден ѕид Само навечер кога ќе легнам на десната страна малку осеќам како притисок од внатре
и мене ми е многу незгодно, а втора бременост ми е и мене, не се сеќавам за првото, мислам дека многу покасно почнав да го осеќам и погоре, ќе видам баш шо ќе ми кажат на скрининг
@Ena0310 Машко ли носиш? Јас со ќерка ми кога бев трудна ја осеќав во почетокот ниско и после се качи нагоре и ја осеќав цело време до крај високо горе.Сега со машко од почетокот како почнав до го осеќам цело време ниско само доле мрда и тоа ептен ниско а 25+ недела сум
Денес баш ја прашав Котларова за ова, исто ептен доле ја осеќам 22+3 сум и ми рече дека е нормално. До 28ма недела се очекува да се качи. А грлото одлично, 4цм ми го измери.
Машко е да, незнам дали има врска тоа.. Ич не се сеќавам со ќерка ми вака незгодно да ме навала баш долу, а и она беше доста мрдлеста уште во стомак.. Значи нема врска и со грлото, да не се паничам без веза
Да да, очигледно нема врска со грлото, јас баш над вагина ја осеќам и прво прашање тоа ми беше да не е скратено грлото
Кај мене 20 недела исто многу ниско го чувствував и цело време мокрев на пола час. Сега сум 22 искачено е погоре, правев и скрининг главчето и е горе над папокот а со нозете надоле и ниско ја чуствуам кога клоца, ама не како претходно.
Како сте, како оди вториот триместар? Мене од минатата недела ми се појавија како предменструални болки доле во стомакот и нозете. Вакви болки имав на почетокот во прв триместар ама после ми се смирија. Минатата недела (19гн) бев кај матичната и кога и кажав ми рече дај одма цервиксот да го видиме, беше 3,74 и ми рече океј е не биле контракции. Денес пак ми се појавија, не се нешто интензивни ама траат подолго. Со терапија сум покриена, примам Мг 2х1 плус токорелакс форте, од старт примам и Циклогест. Дали ви се појавуваат вакви болки?
Мене да, повремено,ако се движам повише, и кичма некогаш ме фаќа. Цервикс мерен пред 10тина дена 3 и нешто ми кажа. И сто пати ја препрашав докторката за точно да ми каже, вика немаш мака што ќе ти сменат неколку милиметри.. важно добро е.Ама мене пак ми е на мисла зошто во прошла бременост баш тие недели почна да ми се крати грло. Втор скрининг имам закажано до 25ти и ме јаде црвот како ќе дочекам до тогаш,не сум мирна. Инаку мислам нормални се повремено такви болки, нели да не се неиздржливи, јас пијам магнезиум и ми поминува. Јас сум 20та недела. Сега почнува да ми се покажува повише и стомак па болките ги препишувам и на тоа...
На моменти имам малку болка во препоните, како да ме влече Понекогаш и долу во стомакот над пубичната коска Ама ако не се силни болки мислам дека не треба да се загрижуваме Инаку сум 20н и од почеток до крај треба да пијам токорелакс и магнезиум директ навечер
Имав јас болка во препони од лева страна, дури одвај станував. Но од ко почнав да користам трудничка перница ми престанаа, така да совет од мене доколку немате, да пробате, верувам и дека обична перница ставена меѓу нозе ќе заврши работа.