Од која недела почнавте да ги осеќате бебињата И многу поважно ми е да ве прашам колку често во текот на денот? Јас после 20нед ама нежни движења Ама овие два три дена се многу ретки и тие движења За 21 недела тоа е нормално претставувам... Какво искуство имате?
На почеток ќе менуваат е после ќе ти биди забавно ... од кај 25 26 веќе беше појако и почесто со ударите ...Зависи и на кој ѕид е постелката
На преден ѕид е Затоа не паничам Ама сакав да слушнам искуство како ви е чувството на другите Фала ти за одговорот
Здраво, како сте? Последниве две недели имам зголемен проѕирен исцедок, се консултирав со матичната и рече дека е сосема нормално и нема место за паника. Како се справувате вие со тоа, дали и вас ви се појавил. Јас сум 21+5 г.н. Многу е досаден овој исцедоков, таман мислев дека сум се куртулила некое време од влошки, сега пак користам секојдневни
за првото не се сеќавам, мислам покасно, сега со второво накај 18-19 та почнав да го осеќам. кај мене постелката е на заден ѕид, иначе уште е рано, нормално е, јас некој ден ја осеќам повеќе некогаш ја снемува, 24 та почнав јас
едно време немав воопшто исцедок сега почна пак како бело прање а исто така ми се случува кога пешачам кога ќе си дојдам гаќите утоп водени мислиш сум се помочала . Јас сум 24+5 и веќе неколку пати имам приметено кога јадам благо како да ми иде тежина на желудник претходно ништо не ми беше сега брзо е ова па очекувам кај да е да почнат киселините...
Исто цело време носам секојдневни влошки и за мал исцедок што има а и за утрогестанот си течи по малку цело време Мислам дека е нормално Се додека не е обоен и промени во мирис
Јас од 20 недела, ептен нежни движења, ама знаев дека е тоа, тоа. Претходно чувствував движење, но не можев да распознаам дали е бебето или кркорење на цревата. Сега сум 23+6 секој ден ги чувствувам движењата, некои денови е поинтензивно, некои денови послабо. 20 недела нема да го чувствуваш секој ден, но како ќе напредува бременоста и движењата ќе стануваат поинтензивни. И кај мене е постелката на преден ѕид.
25 недела сум и сега почнува забавата, вчера таква клоца изедов шо мислам ми помести некој орган Јас пред месец и пол почнав да го сеќавам ама нежно како рипче, а сега а легнам на грб прета цело време. Насабајле кога станувам ќе ја ставам раката на стомак и одма поздрав добивам На допир реагира мн. Со ладни раце на стомак држи ќе те мава, на дразби реагираат, ама рано ти е уште да го сеќаваш често. Уживај дури не те мава после дури и непријатно ќе ти е
Леле исто и мене многу ми се зголеми периодов, исто и јас сум 21+5. Си се вратив и јас на секојдневните влошки и постојано проверувам дали е прозирен, да не сменил боја. Се мислам дури дали пак да одам за вагинални брисови. На таа тема, на колку време проверувате вагинални брисови во бременост?
Брисови правев на почетокот не сум сигурна која недела бев, мислам дека околу 14та и од искуство на снаа ми и золва ми кои беа бремени пред не цела година, правеа проверка околу 32ра недела.
Здраво, 21 недела сум и од вчера имам без врска болка на десна страна и доле од стомакот и тоа само кога одам и кога станувам, а кога ќе легнам не, ептен ако се вртам и мрдам. Дали е нормално или да фаќам пат на дежурен?
И јас сум 21 и од време на време имам чудни болки, во јајници, во стомак.. ама пијам магнезиум и ќе помине.. мислам дека штом се трпи и поминува не е за паничење, нормално е
Нормално е барем од искуство од претходната и оваа бременост. Често знае да боли доле кај стомакот. Магнезиуми пијам.
Се додека не се јаки болки мислам дека е нормално Плус ако се пократкотрајни Можеби се лигаментите штом е на движење Магнезиум пиеш нели... Ако не поминува и е поинтензивно тогаш одиш на дежурен
Јас често имам болки во различни делови од стомакот. Матичната ми кажа дека се нормални се додека не се многу интензивни, и ми рече дека генерално треба да се смируваат со промена на положбата. Ме предупреди дека е нормално периодов да се јавуваат повеќе болки.
Нормално е, тежи стомакот, се тегнат лигаменти. До крај веќе сѐ почнува да боли, посебно при вртење на страна и станување.
Здраво, бремена сум 17та недела и од пред две недели имам чудна болка на десната страна на градите и имам чувство дрка храната ми заглавува тука и понекогаш дури ја повраќам присилно од толку што ми е тешко што не можам да дишам. Дали му се има на некој слученп вакво нешто навистина не знам кај да прашам веќе, гинекологот ми вика дека било од напрегање кога повраќам, но на моменти е неподнесливо, денес дури чуствувам како жештина и печење во градите и често подригнувам. Ве молам за помош.
Не е иста, ама слична сензација, последнава недела осеќам дека снемувам воздух и неможам да земам воздух. Како затната ми е плуќата, ко да сум препушена а не сум пушач, ко да ме стега. Ова е особено изразено после јадење, исто и при лежење на колк, а нема како да лежам инаку, во оваа позиција ко да ми се блокирани дишните патишта. Се тешам дека е од растењето на стомакот и тоа што притиска нагоре, друго немам идеја, ама те разбирам и стварно е тешко.