Се уште не сум прашала, планирам да прашам следнава недела ќе одам. Дури и вода повеќе да се напијам ми е така.
Јас пробувам со газирано за момент ми помага ама не е долготрајно, само кога спијам го немам тоа чувство и кога ќе подригнам полесно ми е малку.Имам слушнато дека кога ќе расти стомакот им снемувало здив на трудниците, ама до олку не знам што ќе се прави. Имам чуство како да имам слон на гради толкава тежина е
Скрос те разбирам, јас за една недела влагам во седми и си велам како ќе се издржува навака кога ќе затопли? Ама како сите така и ние, ќе се навикнеме, огромни промени се случуваат во телото секојдневно, треба време за адаптација.
Охоо јас го имам цело лето, крајниот термин ми е 29ти Септември, девојче носам а нели велат девојчината се носат до крај така да ќе се помачиме
Дали некоја има болки де во колкови , де во кичмата? Не знам како да се наместам веќе и дали е нормално да боли
Мене газот ме боли Ама најсериозно, позади на десната тртка, веќе на моменти кога движам знае да ме штракни дури да викнам. Немам постојана болка ама при движење, и кога седам на тврда столица подолго време имам приметено, кога се наведнувам. Сите велат ишијас ама мене ме чуди баш задникот, некогаш и странично кај колкот ја осеќам болката
Хахаха Мислам дека можеби ти е опавчето Кога седам на столче по чекалниве за преглед ме заболува обавезно
сегде имам болка де грб де половина де газ ... често кога пешачам ме фаќа и ишијас .. дел од бременост е ќе издржиме храбро до крај
исто и јас, навечер кога ќе легнам се распаѓам, особено кичмата. тоа ми остана како проблем од првата бременост и сега пак, а тек сум 24 та, паника ме фаќа до крај шо ќе биде
25 недела сум. Приметувам дека нозете ми се отечени. Се здебелив 4-5 кг а изгледам како да сум поправена повеќе. Дали при појава на отоци треба некои испитувања да се прават. Истата бев и во претходната бременост како отечена целата. Се роди многу мала на килажа. Па сега сакам да си испитувам да не дојде до истата ситуација(ако е тоа поврзано) . Чисто ми треба мислење а во петок ке идам и до матичната( ама ногу е лабава за се па затоа и тука да си прашам)
obavezno ispitaj didimeri i hemostaza ne ostavaj taka pobaraj sama od maticen ginekolog da ispitas ova na transfuziologija
Имам пишувано за отоци на темава. Јас сум 24та, поправена сум сигурно 8кг. Ми се јавуваат отоци и на нозете и на рацете, но на нозете особено се забележуваат, како трупци ми се. Оваа недела приметив дека не ми се отечени, ама има денови кога ми се многу. Проверено д димери, за второ тромесечје во бременост уредни 1140. Се консултирав со матичниот гинеколог, се си беше уредно, нормално било да се јавуваат отоци, да го следам притисокот, мене секогаш ми е низок и да внесувам доста течност, да се хидрирам, е тука во тој дел забушавам.
Здраво на сите Се надевам дека сте добро Сакам да ве прашам кој заштитен фактор за лице го користите што е безбеден за нас бремените, од која фирма (ако може да прикачете и фотографија). Никогаш вака не сум изгорела на лице. Вчера бев на кафе 1 час, за тоа време лицето ми се направи црвено како пиперка. Претходно имам користено од ревокс крем со фактор но сега се плашам дали е безбеден да се користи тој во бременост
Све е безбедно освен ретинол и оние киселините за хемиски пилинг. Јас претходно (најчесто на лето) сум користела на Ла рош, а во тек на цела година ја користам од Натура Сиберика со спф 20, од колекцијата со боровинки. Овој, ама со хемиски филтри е. Ако најдеш некој што ти одговара на лице со физички филтри најубаво, обично сите оставаат бела трага или се тонирани, јас не сакам тонирани иначе ако сакаш таква исто можам да ти предложам.
Еднаш имам користено крема од Сиберика и имав страшна реакција на лицето, цела се вцрвенав и потеков, сега не би сакала повторно да пробам од нивниот бренд
Онака ти споделив јас што користам, ти ќе си избереш според твојот тип на кожа, не мора баш оваа, не ни одговараат на сите исти производи. Муабетот ми беше можеш што сакаш да земеш, само да не содржат една од горенаведените состојки, а изборот ти е меѓу физички и хемиски филтри за спф.