@wonder woman5 Јас имам осетено како струја да ми поминува низ средината на стомакот на неколку пати или болка на препони или болка во пубичната коска од долу. Така како влечење не баш Ама ако не е јака болка и подолготрајна не би требало да е проблем така ми кажале Дали пиеш магнезиум или слично? Јас пијам токорелакс од сам старт до крај ми е кажано Плус пијам магнезиум директ навечер а насабајле магнезиум од now третина од доза е една мека капсула
Кое време го пиеш Токорелакс? Јас го пијам веднаш после ручекот, си велам да не треба вечерта пред спиење но нема потенцирано во упатството.
Па гледав некако да ги распоредам во текот на денот оти има магнезиум и во него 9 сабајле пијам магнезиум цитрат од now една мека капсула 12-13:00 прегнатол дха мулти + д3вит 25-1000 16:00 токорелакс 21:00 магнезиум директ Сите после оброк или барем банана битно да не е без храна
Пијам и јас магнезиум два пати, но ова стварно ме плаши, од пладне ми е така некое стегање и притисок и ме тера на мокрење. Незнам дали е нормално за второ тромесечие многу сум исплашена, имам и претходна траума со миссед во 8 ма нед. Се надевам дека е нормално...
Па не знам Да се јавиш утре кај матичен гинеколог да прашаш најдобро Или ако е постојана болка или ако е поинтензивно да одиш да те видат Макар што обично велат дека ако не е постојана и голема болка не треба да се грижиме оти се ширела матка коски колкови итн Да не се тие лажни контракции што ги пишуваат сите?
Девојки скоро цел ден имам напнатост во вратот и тапа главоболка, преска околку 16 h се напив парацатамол но не ми поминува, дали може да се напијам и еден аналгин, 15 недела сум?
Па не е како болка, туку повеќе како притисок, стегање во тој дел. А какви се тие лажни контракции и дали толку рано се појавуваат? Ќе одам утре на лекар имам термин редовен.
Дали си мереше прво притисок? Многу битно е Касни благо, солено, вода ... Ако не ти помине тогаш апчиња Макар што колку што имам читано мислам дека може само парацетамол во бременост
Па овде прв пат прочитав за лажни контракции мислам дека да после 18-20 нед се појавувале ама не знам точно како беше. Не знам што би било попаметно, ама ако немаш подолго и интензивно болка може да почекаш до утре, секако си утре на преглед ќе си прашаш сѐ. Можеби се лигаментите или пубичната коска Мене и покрај магнезиум што пијам имав таква нелагодност тие недели ама краткотрајно
Лажните контракции се баш како притисок и краткотрајно стегање на стомакот, како што ми кажа матичната околу 20та обично почнуваат да се јавуваат, и не се болни, обично траат кратко.
Јас дека сум со мигрени, ми дозволија и ибупрофен освен парацетамол ама ми потенцираа само во втор триместар да го користам, најкасно од 30та недела да го прекинам.
Па така нешто слично чуствувам, дај боже само да е добро, ќе пробам да одморам можеби ќе се смири. Бидејќи сум напната може лошо влијае.
Ќе биде добро, не се грижи. Околу 16-та недела имав болки, кога ќе кренев нога да се преоблечам сечеше, на станување...баш како што ти кажаа, штом не се силни и постојани не е проблем. Тука докторката зборува за лажните контракции, за кои верувам дека е рано кај тебе се уште.
Здраво и секое добро на сите. Ве молам кажете има ли чаре за ова крварење. Имав на почеток се смири, потоа пак во 13 недела се беше во ред плацентата малку допирала до грло се смири. Синоќа добив прво како притисок во долниот дел на стомакот на средината и потоа и малку крв, додека сабајлето кога станав имав поприлично круг засирена крв. Сега си дојдов од лекар, се е во ред бебето е многу активно, палцентата е малку крената, проблем не гледа ама крв имам. Ми препорача само прогестетон пак, кој до 12 нед го користев, но ми рече да го прекинам. Да одмарам повеќето време. Друго од терапија земам клексан, тироксин, магнезиум, витамини. Сега сеуште има по малку темна крв. Се соочил ли некој со слично и како го решил? Многу сум исплашена. Ве молам за искуство.
Јас исто имав крварење во 2 ,3 наврати докај 13,14та недела.Исто со бебе све беше ок не се знаеше од каде крварење.После прекина фала богу . Според мене не треба да ја прекинуваш прогестеронската поддршка уште е рано. Јас ставав утрогестан од сам почеток ама коа бев во државна ме советуваа за циклогест и ги сменив. Тој период пиев утрогестан сабајле а вечер ставав циклогест. Сепак консултирај се со лекар, ова е мое мислење и искуство.
Јас до 12-13 недела имав и до тогаш пиев 2х1 Дабростон и 2х1 утрогестан вагинално После тоа продолжив со утрогестан ваг само еднаш навечер Не ми го прекина и мислам дека до крај ќе треба да ги ставам Дали можеби имаш/ше хематом?
Ми кажа ништо нема, се е во ред, а крв и тоа сабајле баш се исплашив засирена крв. Дали е можно уринарна инфекција да направи вагинално крварење?
Па не знам не ми се верува да има толку многу крв од уринарна инфекција или хемороиди исто на пример, обично ако е кафена или темна тоа е стара крв што се дренира Обично кај повеќето е од хематом што бил или од постелката нешто Ама најдобро да си прашаш др Ако е стара крв не е страшно и плодот ако е ок
Фала ви како и да е. Се најдобро. Да не е форумов мислам ќе е уште пострашно, вака е многу подобро барем да размениш мислења и искуства. Многу значи.