Да по пишувањата сфатив ако не и дека ова е најбитната анализа.. Во многу српски и бугарски групи сум член и ова обавезно го испитуваат за тие што примаат антикоагуланти. Само неможам ни да најдам и на приватно дека се испитува кај нас. Ако некоја членка испитала барем да каже.
Јас еве сега од членката прв пат читам и никој досега ме нема упатено, доколку нешто е разберете и двете ве молам споделете. Во врска со клексаните на месечно ниво само испитиване Д димери и фактори на хемостаза.
Треба да се испитува и хомоцистеин и фибриноген тоа го има приватно во Авицена јас си појдов уште на почетокот на своја рака си испитав сама без да прашувам некој Исто треба да се испита колку количински имаш од факторите кои ти се мутирани но тоа го нема приватно не знам дали го има во некој од институтите
Здраво само што влегов во второ тромесечие , имам ужасни главоболки што траат со часови. Дали некоја има слично искуство и дали сте пиеле аналгетици?
Јас имав често во прво тромесечие во второ се изречија поретко пробај лежи во затемнета просторија или пак парацетамол напиј се
Измери си притисок. Можеш парацетамол да се напиеш, ако главоболката трае со денови консултирај се со матичната дали може да се напиеш нешто друго, јас сум земала и рапидол с при многу јаки главоболки, неиздржливи, придружени со гадење. Многу вода внесувај и цеди си лимон со вода многу помага.
Утре ќе бидам 26та недела и на моменти осеќам баш јаки удари (инаку е многу активно многу често клоца), на моменти и доле ниско во бешика што се вика дури и во задник…ви се случува ли истото?
Да, и мене ми се ударите баш доле кај бешика, ја прашував докторката и на преглед ми покажуваше дека таму му се поставени ноџињата и кога ги исправа баш доле удира.
Не сакам одма да правам паники да трчам на гинеколог за да ми мери грло, мереше пред еден месец и беше ок, ми рече нема потреба пак мерење ало не осеќам дека нешто ме боли или влече надоле… иско на моменти осеќам како некоја рака или нога да ќе ми излезе од доле…на вас што ви кажале гинеколозите?
Мене за ударите доле и притисокот на бешика ми кажа дека е сосема нормално, мене така ми е од 22ра недела, веќе сум 27. Е сега неделава добив појаки Бракстон Хикс контракции и отидов на преглед и ми кажаа дека грлото малку се скратило ама дека е во граници на нормала. Само ми рекоа да припазам да одамарам и за 10 дена пак да одам за проверка дали уште се крати. Ама искрено не знам дали е нешто поврзано со тоа. За ударите ниско и матичниот гинеколог и во Систина ми рекоа дека се поради поставеноста на бебето и се сосема нормални. А зашто почнало да ми се крати грлото немам одговор.
Мене во 21ва нед ми беше 38мм, од тогаш ми нема мерено а сум сега 26та недела. Ми кажаа дека е битно во тие недели да се измери
Мене 2 пати на редовни прегледи ми го мереа, исто во 21ва, па во 26та и сега вонредново во 27ма. Ако ти е во мисла побарај си на следен преглед пак, сепак има доста време поминато од минатото мерење, за да си бидеш мирна дека се си е океј, да не го мислиш.
Zdravo Koga ve ispratija da ispituvate D-dimeri? Jas sum 15 nedela , do sega ne mi im aspomnato maticnata da pravime analizi. Isto maka macam so drzavna i gin.Cair, nemaat reagensi za insulin, kad emozam da napravam na drugo mesto?