Мене ми рече во 12та недела со крвата слика да проверам ддимери, а сега во 16та пак крвна слика и тироидна да проверам
Здравоо, пред некој ден бев на преглед се беше во ред . Сега нешто се исплашив бев во тоалет и како портокалов исцедок мислам не многу ама малку ме исплаши. А и пред тоа еднаш ми се деси пред месец дена само малко помалку беше.
18та недела уште чувствувам мачнини некој пат повраќам... Ми е низок притисокот, пулсот повисок, не можам дс се движам многу немам енергија срцево како изморено да ми е.... Жешково не можам да го поднесам овие денови, а планирам на одмор уште малку да идам Дали е некој у слична ситуација или единствена сум вака?
Јас сум 14+5 и чекам да поминат истиве симптоми..од вода некогаш ми се повраќа и енергија 0. Бев 1 недела на одмор и добро ми беше покрај море ама патот со ќеса го поминав.
Мачнините престанаа во 14 недела кај мене. Аверзијата кон храна дури сега (22 недела моментално). И како тоа сум здебелена 7-8 кг кога не јадам еве не знам. Редовно вежбам, кога имам повеќе енергија кревам тегови, на тешки денови како денес кардио... па побогу ако јадев се што ќе посакав и ако удрев на лежење и уживање колкава ли ќе станев ? А крајот далеку е...
Што осеќаш? На срцето тешко ли ти е? Не сум имала никад проблем со срце ама сеа не знам што се дешава ко да ми е заморено. Некогаш имам тахикардии ама сеа у последно време си е нормално притисокот од 100 до 120 не ми се качува повеќе ама така ми бил и претхпдно ама не се осеќам општо добро не знам како да опишам ми се стемнува честоо
исто... а не можам секојдневни обврски да си завршам. Страв ми е да излезам од дома да не ми се слоши
Мене утрогестан од 200 ми даде неколку дена пред, за време на и по одморот да ставам. Инаку никогаш не сум користела, ни претходната ни оваа бременост.