имам упат за следна недела ќе направам ама така чат пат има болка околу папокот десно и доле. Се надевам ќе изгуркаме со сомптомиве
Здраво девојки, дали некој има инфо кога во август е достапна др.Котларова во Ремедика за втор скрининг? Дали некоја има закажано термин? благодарам
Смее ли да се користи хепатотромбин? Дали некоја користела? Јас имав сообраќајна незгода и повреди имам неколку. Бебето е супер фала богу а јас сум на домашна обсервација уште утре. Не знам како можеше ваква бељ да ми се случи. Сега имам од гинекологот препорка за две недели одмор и мирување без физичка активности да сум. Ама мислам од сопругот и од мајка ми ќе имам уште 5 месеци
Со помин нека е, колку што знам смее хепаринот го користат како превенција некои кои имаат проблем со згрутчување на крвта ама јас не сум медицинско лице така да доктор најубаво ќе ти објасни.
Леле, со помин нека е. Чувај се и мирувај колку и да е потребно. Искрено, ова ми е најголем страв моментално затоа што си возам секаде сама и тоа баш на најкритичните места низ градов, кочам и рефлексно гледам на ретровизор, кога ќе видам некој улетан спремна сум за рачна во случај да не закочи. А утре не чека пат надвор од државава, на маж ми минатата недела му ја земаа возачката, останува јас да возам и уште од сега психички се спремам. Дајте некој совет што би ми помогнал во ситуацијава.
јас не возев другарка возеше, јас позади седев Не се секирај внимателно само и ќе биде добро. Само ако си искусен шофер, и знаеш дека знаеш да возиш тога вози. Јас се качив со другарка само 1год што вози…. Мада на секој може да му се случи ама ете мислам и тоа влијае
Здраво на сите. Влегов во 20та недела, но многу често мокрам. На секој 20 мин сум во тоалет. Дали некоја се соочила со ваков проблем. Моментот кога мокрам има и некоја болка доле, не е на мочниот меур. Инаку уринокултура напарвено и чиста е ...
Јас возам од 2021 и пресигурно се чувствувам низ град, не знам како да објаснам. Со затворени очи можам да возам, си ја знам и колата. Поминувам низ Чаир и Бит Пазар минимум два пати во ден и ниеднаш немам глупост направено, а сигурно знаеш како се пикаат во лента и претрчуваат пешаци. Мене ми е дека сега ќе треба со колата на маж ми, тоа ми прави дополнителна несигурност, а и на автопат не ја чувствувам истата сигурност ко низ град пример. Ја имам возено и неговата од Скопје до Крушево, немав никаков проблем ама ми се ствараат сега такви мисли дека ем до друга држава, ем трудна. Ама ајде, поспоро ќе си терам, најбитно е да се стигне безбедно, а не да се лета.
Не, приквечер тргаме, ем да избегнеме топло, ем да не заглавиме на граница. На пеколов и со стомакот, уште само тоа ми фали, едвај издржувам и вака
Мене во прво тромесечие само ми земаа И сега треба пред крај, во 8ми месец Мислам дека ако нема индикации не земаат во второ
Здраво девојки Прва бременост ми е, 21+5 сум, сабајлево се разбудив со болки во долниот дел од стомакот, највеќе десна страна и во грбот, малку ми е и тврд долниот дел, кога ќе легнам се намалува болката и тоа само на левата страна ако лежам на десната не можам од болки, кога ќе станам исто е се, дури да неможам убаво да се исправам, исто и при кашлање и кивање ме боли, немам некои други симптоми како вртоглавица, исцедок и слично. Дали е ова нешто нормално во овој период од бременост поради растегање и растење на матката или треба да ме загржи?