Нормално е, иста недела сум и јас. Пробај да спиеш на лева страна со поддршка перниче под стомакот, така ќе можеш комотно да спиеш без болки. Јас имав болки при стоење и на дежурен ми дадоа Утрогестан таблети, ги користам по потреба кога ќе имам појака болка. Консултирај се со матичниот за таблетите, а за другите симптоми се сосема нормални
@Lana456 Најдобро е да те види доктор, да се осигураш дека се е во ред. Мене некаде 26та недела ми се јавија благи менструални болки што претходно ги немав, во долниот дел на стомакот. Претходно немав никакви болки, поради тоа отидов на доктор да се види дали е се во ред, за среќа се беше добро. Мислам дека секоја промена во бременоста треба да се следи и консултација со матичнен гинеколог, не се остава така на случајност.
На работа 8 часа колку што бев 4 часа ми беа со болки. После работа една вечер завршив во ургентен Чаир па ми ги препорачаа Утрогестанот. Не паничи, само консултирај матичен секако.
Јас сум 18+3 исто денеска имам некои чудни болки/грчеви кога ке станам или се исправам.. земав магнезиум од 600 и утрогестан веќе ставам навечер. Ако не помине ќе одам вечер на дежурен.. ти како си?
Лажни контракции кај мене, од напор најверојарно, ми препорачаа да мирувам неколку дена и до 3х магнезиум дневно
Здраво, кога и на колку време испитувате крвна слика? Јас сум 15та недела матичната уште не ми даде упат за крвна слика, на секој преглед кога и барам ми вели рано е следен пат. Имам направено само еднаш крвна слика во 5-та недела преку систематски од работа, тогаш резултатите беа во ред
мојата ми даде еднаш во 9та, еднаш во 13та. Побарај си ако не ти дава она, земи си преку матичен доктор само хематолошки статус, урина, гликемија и серумско ставаат. Околу 100ден е од матичен
Поради прошлата бременост што имав висок притисок и отоци на нозете. А проверувам од прва контрола т.е на прва контрола во 6та недела ми даде да проверам и така на секоје ехо ми дава.
Секој месец од прв преглед крвна слика. Скриен шеќер 24-28 недела, ддимери од 28 натака на 4-6 недели без индикации.
Не ми е јасно зошто мојата матична не ми даде досега ниеднаш да испитам, битно на секој преглед ме советуваше за пренатален бидејќи сигурно има корист од тоа
Какви се некои доктори значи, се нервирам што читам. Од крвна слика нема процент...не дека има нешто лошо во пренаталниот, но да не ти дава упат за крвна слика стварно нема смисла. Тоа исто кога се јавив пред две недели кај мојот матичен гинеколог сега последен пат, велам ми треба упат за крвна слика, ме прашува дали сум бремена, викам да. Аа добро тогаш ќе ти дадам упат ептен дека си бремена да не луташ по жешково инаку не даваме Сакав да и кажам па за кога не сум бремена секако си одам кај општ матичен. Инаку убаво ти кажала членката пред мене, јас си земам од кај општиот матичен, 63 денари мислам ми наплаќаа. За последниот упат беше на одмор па затоа морав да го барам гинекологот...
инсистирај да ти даде.. секоја контрола треба да дава упат за основниот пакет. плус од матичен гинеколог е бесплатно кога земаш крв, преку матичен доктор треба да пишат друга дијагноза и се наплаќа
Ако ти е за утеха, јас претходната бременост само 2 пати ми рече да направам крвна слика. Негде на средина на бременоста т.е после 20та недела прв пат, железото ми беше под нормала па после месец дена пак само да проверам дали се качило железото и толку. Брисеви во 34та недела и тоа е тоа од мојте испитувања во текот на бременоста. Ама затоа оваа секој месец нешто се испитува
Не знам што им е проблем да дадат упат за крвна слика, јас плус тоа и барав да ми даде упат ама ќе ме откачеше. Мислев ајде лекар е знае кога треба
Девојки имала од вас некоја чести главоболки во второто тромесечие од бременоста? Јас мислам дека откако влегов во 13та недела наваму не ми престанаа главоболките, речиси секој ден. Таман се отарасив од мачнините почнаа нови проблеми Докторката ми вика да пијам многу вода и ептен ако не можам да издржам да земам парацетамол ама пак се мислам дали е нормално.