Еднаш имав и причината беше многу низок притисок 80 со 50 така нешто. Тогаш ми помогна многу течност, цеден лимон, газирано, а и еден парацетамол се напив. Потоа приметив уште неколку пати кога ќе ме стегне глава пропратено со болка и во очи, дека е притисокот.
Девојки дали некоја од вас имала чувство на пецкање/како лазење на мрави на нозе? Ми се појави пред месец ипол отприлика неколку дена траеше и помина. Сега почна два три дена пак.
Јас имав ситуација со тоа. Ми се појави кога скоро изгубив свест, во второ тромесечие. Докторката ми вклучи калциум на два-три денови затоа што не ми поминуваше со одмир, и помина. Се случува од време на време да почуствувам пак, но мнооогу поретко, и поминува. Мислам дека карпал тунел го викаа тоа, а докторката сметаше дека стиска бебето на некој нерв па затоа ми било така. Не е страшно, не е опасно.
И јас во 13та и 14та недела имав речиси секој ден главоболки, дали баш така се погодило или од промена на време не знам. Многу вода, некогаш кафе ми помагаше а некогаш благо.
Некој ден ми е поголемо стомачето, некој помал. 15та недела. Не знам што да мислам, само се гледам и меркам во огледало. Конечно се чувствувам подобро, се подразбудив, нема мачнини, и сеа не сум некогаш сигурна дека сум трудна
Подуено ти е од гасови, па сплавнува. Мене наутро кога ќе станев од спиење ми беше помало, како минуваше денот се поголемо и поголемо. Јас до 7ми месец како да не бев бремена, штом почна 3 триместар веќе се чувствував бремена, мешето кога ќе почне да расте вртењето, движењето веќе почнува да биде отежнато.
Еве ме мене пак, неколку недели не сум се уклучила во форумов. 18+4 сум бремена со ивф, но стомак не ми се познава. Сум се поправила 8кг и стомак ми е поголем но мек, значи сало. Загрижена сум, иначе пред 10 дена бев за ехо сѐ беше супер, имам предна плацента. Понекогаш осекјам како пулсација во долен дел на матка, но дека ми е прва бременост незнам дали е бебето или па лигаменти. Некој да ми даде некој совет ?
каков совет ви треба? Тоа што гинекологот ви рекол се е во ред на ехо ви е важно. За ударите од бебето затоа што пкацентата е на преден ѕид може да го одложи. Инаку, чувството е ко тропкање, пулсирање, како нешто да ти ја бутка кожата.
Девојки, нормално е за речиси 4 полни месеци едвај едно кило да се поправиш? Наутро скоро и да не ми се познава стомачето, навечер како балон сум. А и градите ми се зголемени, ама на вага не покажува промена.
Да. Јас првите 3 месеци дури и ослабев едно кило па после качив едно. Сега 25та недела имам +6 кила. Битно е бебе да си расте и да се развива супер, килограмите ќе си дојдат со тек на време како расте бебе
Дека не сум појдена 2-3 недели на редовен преглед (дури следниот петок сум) си викам да не се случува нешто дали е се океј со плодот што не мрда вагата (освен ако не се прејадам дента или не испијам многу течности ) ама штом е нормално да не му ја мислам премногу
Wow, ова не можам да го замислам, ќе си мислам којзнае што се случува со мене Ама битно е се да е во ред, како што кажа и @MorskaSirena килограмите ќе си дојдат кога тогаш.
Градите, т.е. брадавиците ми се партали, жива рана. Уште не сум ни блиску до доење, а јас градите лом. Мачкам кокосово масло, се бањам со природен сапун од маслиново и мед, и не поминуваат тие лушпи и корупки никако. Дали имате ваков проблем, како сте го решиле?
Како се справувате со затнат нос? Наутро дури и градите ме болат оти не можам убаво да дишам. 18н сум