Форумџика на годината

Второ тромесечие од бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од BellaS, 19 јуни 2014.

  1. 88Bubace88

    88Bubace88 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Здраво мешиња,
    Јас почнав да осеќам нешто као балончиња кога се врткаат низ стомак, баш некое скокотливо чувство и се израдував ептен. Ама па сега мислата ми е што вчера ги осеќав, ама денес не. Ич. Ни малце да затрепери. Инаку 18+6 сум, еве утре 19. Тамам сум за мрдкањево ама па еден ден да а друг ден не? Јас сакам цело време да ми мрдка :$ да знам дека е ОК.
    Инаку почнаа се повеќе да ме болат колковите. Нели на грб неможе да се спие. Као се препорачува левата страна за спиење. Се трудам да се контролирам и заспивам обавезно на лева страна, ама многу болат. Ставам и перница. И понекогаш знае да ме пробуди болка во колковите а понекогаш потреба да мокрење и ко ќе видиш… жива ненаспана сум. Понекогаш и кога седам гледам ТВ па осеќам местото на болка. Ама на лежење и со вагиналниве додека се стопат…боли колкот.
    Интересно е колку сите проаѓаме низ исто а сите сме со по нешто различни. Јас мачнини немав ич. Апетит у велико. И стрв и ненаситка.
    Ве гушкам :hug:
     
  2. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.987
    Допаѓања:
    18.183
    Пол:
    Женски
    Менувај страна, слободно и на десна. Не можеш да направиш штета на бебето ако спиеш на десно само ти може да имаш мачнини и притисок ама на бебка ништо нема да му е :D јас и на грб си лежам зошто така дпиев цел живот и фала богу еве за некој ден 30та се е добро. Менувај положба ако боли колк не се мачи. Иначе на почетокот лога почувствував мрдање мислам ми се имаше вака десено некој ден да го нема…
     
  3. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    1.325
    Пол:
    Женски
    Дај боже само да не е како кај мене. Јас повеќе од еден месец сум исто, си боли крстот и левата нога цела до стапалото, трне и боли како боцки да имам, вкочането стапало и прсти. Пијам парацетамол или дикло дуо капсули од тие сините 75мг но нема некое подобрување, мачкам маст фолрекс, б клмплекс и магнезиум обавезно... ни ја незнам што да правам повеќе.

    Сакав да прашам дали е паметно да купам појас за трудници некој да има носено ,дали помага за постабилно одење во овој случај бидејќи стварно ми е тешко неможам да ја кревам ногата убаво кога одам кривам и ја завлекувам се осеќам како инвалид (facepalm)
     
  4. Vasileva98

    Vasileva98 Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2025
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Не сум баш како тебе ама дај боже да не ми се влоши, и од оваа променливо време мислам дека има влијание
     
  5. 88Bubace88

    88Bubace88 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Уффф денес сум нешто вознемирена…незнам вас на 19недела каков ви бил мешко, ама мене денес многу ми е некако мек. Го пипкам и мислиш само вода во него. Растресито меко, пивтиесто. Незнам како да кажам. На мисла ми е да одам на преглед на гак … нешто вистина се вознемирив. Како ви е вас? Помек или потврд стомак? Уффф бееее…
     
  6. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    1.325
    Пол:
    Женски
    Немаш простор за паника. Јас сум 20+3 и стомачето ми е исто така меко особено наутро на гладно. Кога лежам на грб дури и се израмнува а инаку бебе го осеќам како мрда и се приметува и преку кожа како тупка на моменти.
     
  7. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    7.978
    Пол:
    Женски
    Женски, 20+0 сум бремена. Вчера цел ден имав болки ниско од лева и десна страна ама тоа се нели лигаментите од тоа што матката се шири и прави простор. Утрово од некое време кога станував за во вц, осеќам силна и оштра болка под папокот претежно од десна страна што не е константна туку одвреме навреме се јавува цел ден, а забележувам дека е најчесто на движење. Утрово од паника бев на болница, со бебе беше се во ред, ме прегледа и вагинално, грлото беше 3.98цм. Ми рече можно е да е од бешика, а и од цревата, забележувам дека преку ден стомакот ми е цврст и подуван, потешко ми се вари храната. Ми даде пробиотик да пијам. Се потсмири болката меѓутоа ме сецка одвреме навреме денес :(. Дали имате слично искуство?

    *Спамам по темите ама преплашена сум не знам што ми е.
     
  8. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    1.086
    Ништо не ти е, опушти се :)
     
  9. Vasileva98

    Vasileva98 Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2025
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам и јас, бев на преглед денес ми кажа докторот постелката била поставена близу цервикс, некоја со вакво искуство
     
  10. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    1.257
    Пол:
    Женски
    Во второ тромесечие е нормално да е ниско поставена и како што ќе расте матка, ќе се качува постелката. Штом е близу цервикс а не го препокрива пиши на гугл плацента превиа маргиналис и ќе ти стане појасно според описот, но рано е за дијагноза. Дури и до 30та недела даваат фора да се качи, не поставуваат дијагноза.
     
    На Vasileva98 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Vasileva98

    Vasileva98 Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2025
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    И уште нешто да прашам, што мачкате на стомак за стрии
     
  12. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    7.978
    Пол:
    Женски
    Јас крем за тело било каков што ќе имам и маслото од бадем на BabyLove од ДМ, по препорака од тука од форумот. Уште е рано да забележам дали има ефект, ама тука е многу фалено.
     
    На Vasileva98 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.151
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Путер од Алверде за мајки, маслото ми беше многу мрсно. Еве сега откако се породив можам да кажам дека пак немам стрии на стомакот, не знам дали е до мачкањето или кожата.
     
    На Vasileva98 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    174
    Здраво девојки, 14та само што влегов, имав интензивно крварење пред 10 дена, сѐ е океј користам циклогест и магнезиум, и фолна секако. Бебе е супер, немам болки ама секој ден имам мала сукрвица. Не многу ама барем 1 линија кафеава/црна крв на долен веш. Во петок сум на ехо, мирувам цело време но сепак имам тодлер дома па никогаш не е 100% мирување, безразлика што маж ми сѐ прави. Имала ли некоја слична ситуација, минатиот петок ми кажа дека е бебе доле многу. Слично ми беше и со првото дете, мирував еден период а после тоа не застанав од трчање,вежбање и дружење. Се трудам да направам паралела ама ми тежи многу на душава стравот
     
  15. Bebence2025

    Bebence2025 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2025
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Baby love mama масло од ДМ , помалку од 200 ден.е , немам ниедна стрија, породена пред скоро 2 месеца
     
    На Vasileva98 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. 88Bubace88

    88Bubace88 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Јас сега пред малце почнав да мачкам ама не е некое специјално млеко за стрии или масло, туку едно нормално класично бадемово млеко што и така го имав почнато па битно да не е сува кожата. Мајка ми, стрина ми и порано само со павловиќева се мачкале па кај некоја ќе се појави а кај некоја супер си останува кожата. Мислам дека стриите може да намалиш да не се многу на секаде (стомак, битови, па и гради) или многу големи, ама сепак си зависи и од индивидуално кој каква кожа има.
    Инаку , среќна сум, си помрдкува по малце и преку ден. Ама инаетче е изгледа, зошто на преглед нејќе да мрда, ко да знае дека сакаме да го сликаме. Чувството е како балончиња да се превртуваат или така мало буцкање. Само незнам … некако локациски… мислам ниско ме буцка, малце повисочко од јајниците, и тоа претежно лева страна.
    А имаше погоре некое мислење за поставеноста на постелката. И мене ми кажаа дека постелката делумно се спушта накај цервикс, не е целосно целата врз цервикс, туку само малце едната страна е доближена, ама дека тоа не е за загрижување зошто се менува поставеноста. Така да … ако и понатаму остане ниско, што има време тек на пола бременост сум, нема што…царски пораѓај ќе биде. Ама знам дека може да се помести.
     
  17. mum1234

    mum1234 Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2025
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво, мене во ремедика ми рекоа дека имам слаж и ми дадоа сумамед 7 дена по 1 гр. Дали и ти ја земаше истата доза, да не е многу оваа доза и дали делуваше?
     
  18. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    5.360
    Пол:
    Женски
    Не е многу, слаџот е упорен мора со антибиотик. Сумамедот е дозволен во бременост. За поголем слаџ дури и тројна антибиотска терапија препишуваат
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Vegegirl

    Vegegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Здраво, поради силни вртоглавици матична ме препрати на орл. Никогаш сум немала проблеми со ништо вакво , посебно не волку долго да траат вртоглавиците, имате ли некој совет?
    Железо ми е ок, притисок низок ама така мине цела бременост, преку ноќ ми почна се ова. Не можам да функционирам убаво во денот
     
  20. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    2.155
    Допаѓања:
    1.706
    Пол:
    Женски
    шеќерот да не ти паѓа или да не е низок