И јас не одам никаде подалеку од двор откако останав дома и не идам на работа. Во вц одам на пола саат, ми се чини дека кој знае колку ми се оди а само неколку капки. Бебе притиска и удира ниско.
Еден ден не ми помина како шо треба, секој ден се нешто се дешава, или вртоглавици или 20 пати повраќање или болки во срамна коска абе бел ден не видов. Ми се смачи
Иста сум и јас, баш пишував пред некое време по групиве барав мислење. Имам нон стоп вртоглавици ми почнаа од 25та сега сум 27ма на крај... бев на орл на очно се е таман, крвна слика и скриен е таман. Притисок и мене ми е низок ама стандард ми е тоа цела бременост. Ќе полудам ич не уживам и јас само во двор се симнувам сама, а за некаде надвор не сум се осмелила од страв
Срце-9 јас сум една недела поназад од тебе, ја терам 24-тата, ама нешто не сум и јас ОК деновиве. Се нешто ме нервира, ми смета, ми е мака, може одма да се скарам и нешто ме тера на плачење. Се воздржувам, знам дека не ми се криви другите. Сигурно е до хормоните. За апетит имам ама не ми се јадат некои клсични јадења, туку стрвлуци грицки квики. Ме нервира и ништо не ми се гледа на ТВ , ни мобилниот не ми е интересен само да скролам.
Мамички едно прашање Дали некојс од вас осејќа притисок во долниот дел од стомакот? Имам чуство декс цело време ми се оди во тоалет и на моменти некојс тапа болка осејќам.
Со низок протеин што правите? Почнуваат знаци на анемија, утре сум ма преглед. Не јадам толку месо колку што треба за да имам разлика
Можно е бебето да е спуштено подолу малку и да бутка. Мене дури и ми потекува од што тежи таму повеќе. Истото важи и за во тоалет. Ја притиска бешиката и затоа го осеќаш тоа.
Вчера имав крв на бришење бев кај матичната се е во ред. Сабајлево пак така црвена крв на бришење се извадив од памет.. Одма на гак отидов таму ме прегледаа се е во ред со постелка,цервикс и бебе фала му на Господ под спекулум нема крварење. Ми пишаа брисеви да направам и уринокултура ама ми кажаа дека ми е задебелен ѕидот на бешиката. И матичнава кога ми зема брисеви вика нема никакво крварење во вагина ниту кафено,ниту ништо.. Ми препиша цефалексин да почнам и во меѓувреме чекам резултати. Можно ли е од уринарна да се појави крв? Иначе цефалексинот 3х1 ми препиша од 500 мг.
Јас терам 24та недела (23+4) ама прв пат осеќам затегање како болка од лева страна. Почнува некаде од јајникот од прилика и продолжува нагоре по страничниот дел од стомакот до ребрата. Гуглав дека може да е онаа лигамент болка зошто баш ми трае кратко па ја снемува, па пак ме боли, па пак нема. Го буцкам и бебче да се помести малце да мрдне, да знам дека е ОК. Вака ми е од поручеква, веќе околу 4 часа сум на он и офф со затегањево. Оштричка болка. Бев и во тоалет, столица и нормално празнење. Не ме болело вака до сега. А немам ни секрет ни кафено ни црвено … пу пу далеку било, не дај Боже. Ама си боли бе. На епизоди од по неколку минути. Ве болело вас таква болка во тој предел?
Јас сум 25+1 и имам болка ниско доле на стомакот и јајниците, цела ноќ не спиев, некоја чудна тапа но континуирана болка не ми помагаше ниедна страна ни перници ни ништо. Се надевам дека е некое растегнување на матката и некои лигаменти, вчера и завчера бев повеќе активна незнам...
Личи на лажните контракции инаку не знам веќе се ме боли де лево јајник, де доле, де кичма... де се затега стомак. 24нед сум, пијам магнезиум и помага малце. Осеќам мрда клоца и мирна сум другово си викам се е валда нормално
Милки, мене тие болки ми поминаа. Само четвртокот вечерта затегаше. Сабајлето петок и еве денес цел ден сабота ништо не сум осетила, ни малце да затега. Сигурно се лигаментите што се шири матката, зошто сега веќе сме во месеци кога добива интензивно на маса, на килажа и големина. Нели поминавме скрининг и нифти и се тоа исконтролирано дека е ок, значи само до интензивното растење е. А и осеќам дека клоца и јас се смирувам, па му ставам дланка моја или од сопругот и викам “ај да пукне”
Кај мене сеуште не поминаа болките, еве како станав од утрово осеќам пак боцкање околу папокот и јајниците и бебе го осеќам како топче кога ќе се стегне стомакот. Инаку си мрда активно е. Почна пак повеќе да ме боли и кичмата и целата нога стандард си трне и боли
Утрово уште пред да станам од кревет,на деснта страна пд стомакот долу на допир осетив како мие тврд,ама тоа траеше околу 20 секунди и после се си беше нормално. Дали на некоја од вас и се случило тоа? Иначе 18 недела сум.
Најверојатно лажни контракции (по описот ми делува дека се Braxton Hicks contractions). Мислам дека погоре имаше една членка опишано. Ништо страшно
Здраво Читав дека многу идни мами во оваа недела го имаат истиот проблем. Имено 24 недела сум и деновиве послабо го осеќам бебе обично кога ќе легнев на лева страна,си клоцкаше бајаги се осеќаше. На 26ти бев кај матичната гледаше протоци,постелка,бебе се си беше во ред. Заради друг проблем бев и на гак утредента исто и таму ме прегледаа се беше во ред се симна и докторка од родилна ми кажаа дека дека е се во ред. Пробувам да останам смирена зашто го осеќам само не толку како претходно. Читав дека овој период влегуваат во фаза на раст и развој,спијат па си помислив и тоа да не влијае нешто.
Иста сум и јас денес, поточно деновиве. 24+4 сум, ја терам 25-тата. Нешто мирно е бебче. Не дека не мрда, ама не е толку активно како претходната недела. Ако јадам нешто благо знае да ме буцне, и навечер пред спиење кога се туширам па си легнувам, може му доаѓа топло-ладно па и вода и го размрдувам па додека заспијам тогаш го осеќам повеќе. Ако го галнам по стомак малце или ако го чепкам да му зборам, како да знае да ми врати па ме клоца. Интересно е. Утре сум на контрола кај матичната, ќе треба да ми даде и насока за кога да правам анализа за гестациски дијабет и друго нешто незнам дали ќе треба, па ќе ја прашам и за мрдањево.
Јас мислам дека е нормално. Исто и јас послабо го осеќав пред недела две а сега сум 26+0 и баш се осеќа убаво. Мислам и дека има периоди кога е повеќе будно ,обично кога ќе мирувам или јадам почнува да клоца или кога ќерка ми си игра со стомакот па го вади од такт И еве неколку ноќи по ред ме буди во 3 часот ноќеска и лудува дури знае да заболи. Денеска од утрово како пиев кафе го нема чат пат ќе клоцне...