Дали има некоја мамичка што и кажале пол околу 15та/16та недела ама со “резерва” и после да е потврден истиот или сменет?
Има кај мене до 5 месец беше девојче и од двата доктори исто кажано јас среќна дека првото ми е машко и кога одам пак на конторла 5 месец можеби и повеќе да бев ми викат машко викам сигурен ли си докторе јас во шок не дека сега не го сакам си го сакам најмногу на свет ама на почетокот не ми беше сеедно
Те разбирам буквално Да ти се живи и здрави и двајцата Мене ми е второ за првото дознав во 15та недела ама убаво ги рашири ножињата а ова сега се е во чудни пози и ми кажа као што е ама вика не е 100% и сега сум на мисла
Здраво девојки имам едно прашање до вас. Веќе сум во 19 недела влезена уште некој ден, но јас се уште не го чуствувам бебето. Во понеделник сум на контрола. Дали да сум загрижена?
Сеуште е мало кај мене во втората бременост некаде дури 23-24 недела почнав да го осеќам а постелката на заден ѕид ми беше поставена за 2-3 недели ке почнеш по малку да го осеќаш
Седиментација оди по дифолт со крвна слика. ЦРП не, посебно се испитува. Што ти беше 20? ЦРП или седиментација?
А се консултираше со матичен? Јас еднаш качив 25 во бременост исто кашлав грлото ме болеше ама не ми дадоа антибиотик, само пастили за грло и така поминав. Во зависност од останатите параметри матичен ќе ти кааже дали и што треба да земаш понатаму.
Мене не ми дава докторката да испитувам седиментација, природно се покачува во бременост. Црп само ако има некаква индикација.
Здраво девојки јас сум 17+ 5 дена, на секоја контрола досега ми вика нема доволно простор за бебчето скроз е сплескано, а немало ризик со плодова вода и да пијам само превриена вода, некој со вакво искуство ?
Здраво на сите, Вчера после долго 40 минутно седење ми се закочи нерв од кичмата и болка кај бешиката ама болка како да имам нож до тој степен и ногата да не можам да ја кренам. Отидов на матичен цервиксот е ок -40 ка бебето е добро ама уште имам болка како да ме притиска нешто. 23 недела од што може да е, прва бременост. Искуства ве молам
Колку често мерите притисок дали ви се покачува во второ тромесечје? Ми беше 140 горниот вчера и со времето плус Али дали е за прање цело време имал некое вакво искуство
140 е ОК, ама ако ти е 150 или над 150 обавезно консултација со доктор. Можеш овие денови чисто за проверка да си го мериш два пати во денот, наутро и навечер.
Дали некоја имала проблем со трпнење и болки во рацете и дење и ноќе. Примам само токорелакс и 1 навечер магнезиум од 200. Дали може да се посети физиотерапевт?
Добар ден, имам едно прашање..бремена сум скоро 17та недела, се е супер, освен што имам огромни проблеми со желудникот. Имам киселини 99% од времето, знам дека е нормално, и минатиот пат кога бев бремена имав, но сега веќе не се издржува, буквално до грло ме гори и повраќам киселини, избегнувам голем дел од храната заради тоа и после сум гладна, и не ни спијам… знам дека треба да се консултирам со лекар, но прво сакав да прашам дали некоја од вас за време на бременост има земано Омепразол, бидејќи прочитав дека тој е најбезбеден од другите лекови за желудник за бремени и најистражуван, за да можам утре да разговарам со матичен гинеколог за тоа. Имам пробано со сите алтернативи, од сода бикарбона, гастрогард, рупурут, ваја итн, ама е џабе….