Здраво женски, се префрлам конечно во оваа група, па да прашам ваши искуства 14+6 сум, прва бременост. Кога почнавте да ги осеќате бебињата? И какво е чувството? Мислам дека докторот ми рече постелката е на преден ѕид. Исто почнав да осеќам од пред една недела кога лежам периодично како тврдо топче баш кај матката, малку по на лево е. Посебно од сабајле со полна бешика ако легнам на грб се осеќа испакнато. Претпоставувам матката е, полека се шири, ама многу чудно чувство
Од 16-24 та почнуваат да се осеќаат, но кај секој различно. Јас првото со постелка напред во 16та почнав скокоткања да осеќам, сега со второво порано некако, плус на заден ѕид ми е овој пат. До 24та немаш причини за грижи и да не го осетиш.
Женски како сте со движењата на плодот, колку во текот на денот ги сеќавате поготово тие на кој плацентата е на предна страна? Јас сум 25 +3 некако движењава еден ден се интензивни во текот на денот но има денови каде едвај неколку пати ке го сетам во тел на ден и тоа доколку го размрдам малку дали ситуацијава е за паника или нормално е? Гинеколог кажа дека доволно е 10тина пати да го сетиш, и плус последниве денови се осеќам како да не сум бремена енергија полна, како ослабната физички да сум како стомакот да ми го нема а на предглед пред 10дена се беше нормално раст развој
До 28ма недела е нормално така да го осеќаш, го има па го нема. После тоа веќе почнува поинтензивното движење. Не си прави паники за џабе, се е супер.
И јас сум со плацента на преден ѕид, се случувало еден ден да е многу активно бебе а следниот ден помалце. Зависи и од денот како си ти активна, не е ништо загрижувачки тоа Нормално е за време на бременоста да има денови каде што сме повеќе енергични а други помалце се е тоа дел од процесот, немој да се грижиш
Кои суплементи ги пиете овој период? Вчера ја прашав матичната, ми рече нема потреба од пренатални, бидејќи ради мутации веќе пијам метил фолат и б12 од 1000, вит Ц и магнезиум, ми рече можеш да додадеш само омега 3 плус на ова. Ама некако малце ми се гледа, не знам што е паметно
Јас вторава бременост не пијам пренатални, си ги пијам витамините посебно. Метилирани фолна и Б12, цинк од 25мг, мг навечер, вит Д од 2000iu, омега и повремено Ц витамин. @♡☆♡ ако сакаш поквалитетни, земи си од Solgar, Natural Wealth или Now, јас си менувам, некогаш и обичен вит Ц си земам од 1000ка.
Кој витамин д го користиш? Со првата бременост ми даде и д3 да пијам со оваа бременост не. Ама сакам сама да си почнам нема штета секако.
На Now тој од 1000iu го користев ама пиев по 2 зошто секогаш под граница ми бил кога сум испитувала. Штета нема секако, мене доктор не ми кажа сега да пијам, си продолжив сама од истата причина. Моментално ги користам капките на Marnys тие се 2000iu за промена, супер се и тие.