Мене ми препорачаа кокосово масло и тоа користам. Но има и некои креми за стрии од кои се задоволни други мами. : )
Јас моментално се мачкам со бекутан кремата како павловиќева шо им е, со портокалово капаче и во неа содржи невен...ОК е засега, ама како што минуваат неделиве сакајм да сменам со крема од таа колекцијата што ја кажуваа другите феминки не знам како се викаше од колекција премама нешто така, треба да се распрашам овде...
Јас вчера зедов од Зегин геровитал плант. Многу ми ја испофалија, ги спречувала новите и ги елиминирала постоечките стрии.
Јас користам на хип путер за тело против стрии и засега сум задоволна па ќе видиме последниве месеци како ќе биде. Ми трае цел месец.
Мамички поздрав и од мене. Во 24та недела, машко бебушко Сакав да ве прашам некоја искуство со Санте Плус болницата и Др. Адамова? Благодарам
Mоето искуство со Санте и Адамова беше ужасно. Има коментари од мене и други во труднички. Мене не ми виде хематом на скриниг за кој и беше напоменато и прокрварев. Среќа тоа е зад мене. Санте се страшно непрофесионални, неклиматизирани беа коа јас бев, неорганизорани и никогаш повеќе нема да им стапнам. А Адамова може била добра, ама очигледно се излапала.
Леле... сега ме исплаши. Јас бев таму на прв скрининг и закажав за породување, не знам дали ми пишаа кај неа па се мислам сега, дали Др. Јегени или Адамова?
И јас бев кај неа на прв скрининг и размислував за породување таму,меѓутоа после се што прочитав за неа и за Санте плус,сега сум во голема дилема.Треба да правам втор скриниг за две недели,па дајте некој предлог?
Прoчитaј пoнaпред вo темaвa другa членкa пишувaше кaкo пoминaлa нa пoрoдувaње, и нa нивнaтa фб стрaнa имaше кoментaри негaтивни. Никaквa oргaнизирaнoст и стручнoст. Јaс не би oделa тaму.
Јас избегав во Систина. Нема шанса ништо во Санте да правам. Инаку вчера парите за пораѓај (капарот) ми го вратија на сметка. @sass Систина или Ремедика.
Јас си закажав втор скрининг вчера на ГАК, незнам кај кој доктор. Кој и да е, ако ме прегледа убаво ок, ако не бива ќе одам кај Димчев (Многу пари ми се, ама ќе ги дадам за двете сонциња што ги носам под срцето) А незнам зошто, но знам дека ќе бидам задоволна на ГАК. Професионалци се. Незнам, може сум единствена што ги фалам, ама со првото кога бев бремена на ГАК имав контакт со тројца доктори и беа одлични.
И мене душо познати ме пратија. Не отидов од онака. По препорака Санте , по препорака Адамова. Сепак, ти си знаеш најдобро.