1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Втор странски јазик во средно

Дискусија во 'Образование' започната од exquisite, 12 март 2015.

  1. exquisite

    exquisite Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво. :) Сеа сум 9то и учам германски како втор странски јазик, ама сакав да прашам дали при пријавување смеам да го сменам вториот странски јазик? На пример да заокружам француски место германски. Бидејќи стварно не сакам да продолжам со германски во средно..
     
  2. aahhsddcjd

    aahhsddcjd Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Ne znam prasaj vo sreednoto kaj ce se zapisis a jas kaj da se zapisam gimnazija ili medicinsko
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Пишувајте кирилица.
    Со гимназиско образование после ќе можеш да продолжиш во било кој факултет.
    А со медицинско можеш само медицина.
    Ние не можеме да ти наредуваме каде да се запишеш тоа е твоја одлука.
     
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Запиши се уште еднаш во основно. Ти треба!
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.400
    При упис вo среднo си зaoкружувaш кoј сaкaш дa ти биде втoр стрaнски јaзик.
    И @buba4e89 немoрa дa знaчи декa aкo oдиш среднo медицинскo декa требa и нa медицински фaкултет дa прoдoлжиш...
     
    На Elena69221, mackica1 и BoyL им се допаѓа ова.
  6. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Во зависност кое срдено ќе одиш, таков јазик ќе учиш. Во нашата гимназија „ЈБТ“-Битола можеше да се смени странскиот јазик. И доколку се запишиш француски ќе учиш од почеток. Така е кај нас. Ако избериш германски ќе си продолжите каде застанавте. Е сега ако ти се падни Ленчето,ама нема не си таа генерација, ќе повторувате I година после продолжувате.
    Во економско Битола, секој продолжуваше на истиот јазик, исто и музичко,долната гимназија и техничко. А оние од медицинско неучат странски јазик. :)
     
  7. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Не ти е многу добра идеја да менуваш јазик, затоа што ќе ти биде многу тешко, ама можеш. Брат ми смени Француски со Германски во гимназија :)
     
  8. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Јас пак мислам дека потешко е да учиш јазик кој не го сакаш, ако повеќе ти се допаѓа францускиот, смени го..
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  9. exquisite

    exquisite Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Фала :) А, инаку планирам да се запишам Орце или РЈК и дали ќе можам таму да го сменам јазикот?
     
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    За Орце можеш сигурно, а не гледам зошто не би можело во РЈК. :)
     
    На exquisite му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Нема да има пороблеми со изучувањето на нов странски јазик. Ако го смени. Затоа што француските паралелки учата од почеток. Јас се каам што не се запишав на француски .
     
  12. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    Јас исто така учев германски во основно и потоа бидејќи во средното каде се запишав немаше германски учев фарнцуски од почеток. Но,кога се префрлив во Орце побарав да учам германски бидејќи во претходното училиште не научив апсолутно ништо француски. Тоа што сакав да кажам е дека треба само да заокружиш или наведеш кој јазик сакаш да го учиш, не верувам дека ќе имаш некаков проблем. Инаку ако одиш во Орце мој совет ти е да си останеш на германскиот. Францускиот е исклучително тежок и професорките се строги и бараат многу. Ретки беа оние ученици со 5ки, но сепак е преубав јазик, ако сакаш да го научиш ти предлагам истовремено да се запишеш на курс.
     
  13. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Во Орце е сто пати подобро да си на француски... 90 % лесно поминуваш :)
     
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    За германски дефинитивно зависи кај кој професор ќе се паднеш. Може да ти е прелесно и да не научиш ништо, и да бидеш кај построга професорка ама да добиеш знаење.
     
  15. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    Ако ги смениле професорките овие две години откако завршив можеби, но мојата генерација имаше во секој клас по најмногу две 5ки и беше многу строго, но се трудеа многу повеќе да научиш отколку професорките по германски.. И двете професорки по германски ги знам,и кај двете беше зафрканција.. Скоро 20 ученици од цел клас имаа 5ки и никој ништо не научи на крај..
     
  16. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    378
    @exquisite мој совет ти е да останеш на француски и да не го менуваш јазикот. Во сите гимназии француски се изучува буквално се од почеток (азбука, броеви, денови, месеци, членови во семејството и граматиката) и сигурно ќе ти биде полесно плус имаш и предзнање од основно. А германскиот јас колку што знам се продолжува од основно и не знам дали има повторување. Размисли си убаво :) Патем, од во Орце и Корчагин полесно се поминува на француски. :)
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Уште еден совет. Дознај на фран. или гер. паралелки дали му предаваат истите професори. Пример во мојата гимназија фран. имаат подобри проф. по 2-3 предмети. Баш оние кои ни се различни, нивните се подобри. И полесно им е. Распрашај се и за тоа.
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Аман бре големите дилеми за 2 јазик...Ние порано во основно учевме само Англиски,потоа во средно кога се запишав гимназија учев и Германски и Латински 3 јазици учевме па супер јаки ученици бевме,сега основно учат па средно и само се жалат како тоа било многу...
    И да запишиш нов јазик средно ако си упорна и имаш желба све ќе биди во ред...
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Јас учев германски во средно. Не сакав да учам француски. Во основно учев само англиски.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.