1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вулкани

Дискусија во 'Слободно време' започната од Kaylie, 29 октомври 2013.

  1. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Барав, ама не најдов вакава тема. :)
    Ерупцијата на Етна ме инспирираше да ја отворам темава. Повеќе информации за вулкани имате тука.
    -На колку вулкани сте биле до сега и дали ви се допаднало?
    -Кои би сакале да ги посетите?
    Јас до сега сум била на Етна на Сицилија, лани кога бевме на свадбата на братучедка од татко ми(значи лето 2012). Првин ми беше многу страв и цело време си мислев што ако се случи нешто и сл. и сакав дента да останам во местото каде што бевме сместени, ама мајка ми ми кажа:
    Ајде бе дојди, од што ти е страв? Луѓе од Тунгузија доаѓаат да го видат вулканот, а ти кога си веќе тука несакаш. Не може тоа туку така да експлодира!
    И ајде некако се наканив да одам во моите и сестра ми и мажот од братучедката на татко ми вика, а па на Етна не е воопшто ладно, лавата загрева ова-она и ајде ние планиравме да одиме таму да се прошетаме и после на плажа да одиме, ама стигнуваме горе и премрзнавме! Доле во градот 50 степени, тука -3, а ние за на плажа спремни, по апостолки, фустанчица, шорцеви и сл. :geek:
    Напомена:Кој ќе посетува некој вулкан да се облече потопло што може, зошто во спротивно ќе смрзне!!!

    Еве некои слики од Етна:
     

    Прикачени фајлови:

  2. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Само што учев по географија за вулкани. Би било интересно да посетам некој, било кој.
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.