1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вљубена во постар дечко

Дискусија во 'Канта' започната од heart.04, 31 октомври 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. heart.04

    heart.04 Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Можеби оваа тема ја има и претходно ама барам совет од некого што бил во слична ситуација како мојата или било кој нека го каже своето мислење. Вљубена сум во дечко што е постар од мене, не знам колку точно бидејќи тој никогаш не сака да ми каже кога е роден, мислам дека се плаши дека јас ке се отргнам од него. Е да не ме сфатите погрешно тој нема 50 години хехе :) Како да постапам со него? Многу го сакам и многу ми значи во животот, тој беше со мене и во добро и во лошо. Што да правам, како да му ја покажам мојата љубов, едно "Те сакам" знам дека не е доволно. Поздрав девојки :)
     
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Чудни луѓе вечерва на форумов. Колку што разбрав и во добро и во лошо бил со тебе ... значи некое подолго време е тоа. Па не запозна ли некој негов другар? Одел ли тој во школо? Има ли фамилија? Работи?
     
  3. heart.04

    heart.04 Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Јас отприлика знам колку има, мене тоа не ми е проблем воопшто. Досега јас и тој само тајно се гледаме. Знаеш каков е нашиот народ, не знам се каква ке ме направи. :D
     
  4. bart.simpson

    bart.simpson Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    7
    Хммм дали си ти сигурна дека него го сакаш за нешто повеќе од близок пријател???
    Зошто јас мислам дека може да го сакаш како близок пријател, кој ти помогнал во добро и лошо, па сето тоа го цениш и би сакала некако да му возвратиш но незнаеш како... па сето тоа те води до некоја заблуда дека си заљубена во него...
    Моето прашање е дали си сигурна дека го сакаш за нешто повеќе од пријател??? и
    Дали си сигурна дека оваа љубов може да биде возвратена??? Затоашто ако не си, ќе изгубиш и многу близок пријател, и човек кој бил секогаш тука за тебе и све остало...
     
  5. heart.04

    heart.04 Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Разбирам што сакаш да кажеш. Јас со него се познавам 4 години. Првите 3 години јас него го гледав само како пријател. Но, тој уште од тогаш ми упатуваше некои знаци дека можеби сака да му бидам повеќе од пријателка. Пред една година за прв пат се најдов во неговата прегратка и верувајте ми од тогаш болна сум по него. Последниот пат кога се видовме ми рече дека никогаш нема да ме повреди затоа што ме сака. Е ај сега како да мислам? хехе :)
     
  6. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    ^Ти имаш 19, тој сигурно е некаде 10-тина години постар, така? Голема е разликата, но годините не се пречка за љубов. Сега не знам како ќе те сфатат од дома, за околината остави ја.

    Види дома што и како би можело да се одвива, и се разбира кои се неговите намери. Зошто постар дечко од девојка како тебе личи како нешто друго да бара. Сепак ти си знаеш, разговарај со него да знаеш во каква ситуација сте.
     
  7. lindalove

    lindalove Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    25
    Не се замарај со тоа што ќе речат другите, гледај си тебе да ти е убаво. ;) Само најважно е да процениш колку е тој искрен и да бидеш сигурна во неговите намери. Немој да брзаш. ;)
     
  8. heart.04

    heart.04 Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Тоа ми е и еден проблем како да зборувам со него, не знам што да правам :( Во план ми е прво да зборувам со него, па после да видам со моите дома. Па на крај што биде, нека биде. Фала на вашите искрени совети. :)
     
  9. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Па така, ќе се договориш да се видите и полека ќе започнеш со разговор. Да знаеш на што си.
     
  10. bart.simpson

    bart.simpson Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    7
    Мојот совет е ист како и на другите, да го испиташ човекот, што сака од тебе, колку е искрен и што планира за во иднина... јас мислам дека треба да ти даде одговор на овие прашања пред да се пуштиш во нешто сериозно... затоашто може само да направиш голема грешка по што ќе се каеш многу во иднина... А за коментарите од околината, ич да не им се замараш, затоашто што и да направиш тие ќе си зборат... ипак таква е Македонската култура и менталитет, не гледаш за себе, ама затоа гледаш и сакаш да му умре козата на комшијата.... ако ме свати што сакав да кажам... :D
     
  11. heart.04

    heart.04 Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Хехехе уште да не сум срамжлива и да имам храброст да го почнам тој разговор. Ќе земам некое апче за смирување и да ја отворам душата, да му кажам се што ме мачи. :D Аа колку сум комплицирана...
     
  12. Mary26

    Mary26 Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Според мене треба отворено да разговараш со него јас лично немам проблем со тоа колку години е постар од тебе знам многу слични вакви врски што завршиле со брак но сето тоа зависи од вас двајцата.Ако стварно сакаш да бидеш со него разговарајте за тоа,а те советувам и дома да разговараш со твоите сепак никој не сака лошо за своето дете.Ти посакувам да успееш во ова ,но сепак малку повеќе размисли со главата затоа што срцето некогаш не гледа баш најјасно во вакви ситуации.Поздрав
     
  13. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Зависи колку е постар од тебе ако е до 10 години може да биде убава врска има случаеви познавам доста кој сега веќе имаат срекни бракови и воопшто не се познава разликата бидејки жените стареат побрзо од мажите,но ако се работи за повеке не ти препорачувам имав една другарка која имаше дечко 20 години постар од нејзе одеа 3 години ја сакаше бескрајно,не велам не се додека една ден она не се запиша на факс и тамошните пријателки во злоба ја виделе низ чаршија со него и рекоа а тебе татко ти во посета ти дошол и од тој ден пропадна врската.Пред да се затрескаш убаво во него и да почнеш нешто,дознај се за него едноставно разговарајте озбилен муабет,а за комшиите пријателите и околината да не те боли ....... тие се секаде такви и најсовршениот човек да е мана ке му најдат.
     
  14. heart.04

    heart.04 Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Фала многу. Се останато зависи од мене и него. Од мене зависи кога ќе решам да зборувам, а од него се останато. :)
     
  15. heart.04

    heart.04 Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    " татко ти во посета ти дошол" е од оваа ме фаќа страв дека и мене еден ден ќе ми извадат таков муабет. Инаку многу не ме инрересира за нивното мислење ако на мене ми биде убаво за живеење. Имам разговарано и со мајка ми, таа ме подржува во се, ама за оваа кој знае дали ке ми ја даде целата подршка. Морам да пробам да зборувам, па и да не биде ништо барем нема да ми е мака што не сум си дала шанса. Да се ослободам малку од факултетот и ќе пробам да разговараме.
     
  16. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Само тебе да ти е убаво во животот другите од злобност све ке речат и татко и дедо,но ако е вистинскиот човек не би те заболело од овие муабети знаеш некои се упатени дирекно само да те повредат.Штом имаш подршка од мајкати и таа знае за ова верувај таа и срцето твое ке ти го дадат вистинскиот одговор.
     
  17. heart.04

    heart.04 Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Сега ништо не друго не ме мачи освен таа храброст како да го започнам разговорот. И претходно си имам мислено дека ке зборувам со него, убедена се, ама кога ке треба да разговарам јас потполно занемувам. Ете тоа е се. Многу се плашам.
     
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Не кажуваш за која разлика во години се работи , ако е повеќе од 10 а ти во скоро време не сакаш брак, не ти препорачувам да продолжиш , ако е дечкото 30 и кусур години сигурно нема да чека со години да се жени , млада си уживај со твоите врсници може ти се чини како dream man ама тоа е затоа што е многу поискусен од тебе и созреан па е лесно да маѓепса млада девојка ... а и за таква разлика не верувам дека твоите би одобриле ... а околината големо гајле секое чудо за 3 дена ;) и секако ти си знаеш што и како ќе правиш ама размисли и со главата разговарај со родителите тие никогаш не ти мислат лошо ако се спротистават значи има зошто...
     
  19. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425

    Пробај да се ослободиш, верувај не е ништо тешко. Ќе собереш храброст малку повеќе, додека почнеш, после самото ќе те тера. Друго не знам што да ти кажам, вежбај дома :D

    Сериозно, ако мислиш дека ќе се ослободиш така, пробај вежбај што би сакала да му кажеш. Смисли монолог. ;) ;)
     
  20. heart.04

    heart.04 Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Еее да во право си, дома пред огледало :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.