Покрај ваква убавина,стил,елеганција,некаде прочитав Дефне најубава меѓу турските актерки..Дефне без шминка не е ни пола од епизодите каде што делува убава,не ми е ни малку привлечна.Ја вади некоја посебност,косата или премногу бел тен..
ajјј душа најубава ееее , ја мислев нема пошо ја немаа тагнато на официјалната страна на серијата на инста .. Фала многу
Го гледам на you tube филмов понапред,и морам да кажам дека Дефне стана многу себична.Заприметив и на почетокот на филмот кога се само нејзините проблеми се на прво место,се нејзи само совети да и се делат,другиве другари од неа ред не можат да фатат да се пожалат. Ме нервира нејзинава улога,постојано лаже,постојано таа во прв план е,онаа другарка и само по газот и оди,гледам понапред во многу ситуации Омер и е многу многу побитен од семејството.Почна да ме нервира.Главна улога,а толку мутава глума и однесување.Упаѓа на состаноци, вика ,се дере,урла.Во вистински живот,личност како Омер па и не мислам дека би одбрал некој како Дефне.Онаа бившата на Омер е топ за него
Според мене воопшто не е себична, дефне е премногу добра, и филмот не би бил интересен, ако нема лаги, и кавги, башка улогата и е таква, мене ми е многу мила, и убава. И во сите други турски серии е така, има кавги, и лаги ако ги нема тие работи, сериите побрзо ке завршат, вака траат подолго, што ми се свига. Мада секој си има различно мислење, и секој си има право да си го каже.
Мила е секако,нежни црти,убавка ама мене не ми е нешто посебно најубава.Видов некои сцени каде што стварно реагира себично и јас не сум јас ако не покажам контра емоција на тоа. Скоро го изгледав сиот филм,при крај сум,од цел филм најмногу ме воодушеви онаквата љубов.Се надевам дека навистина постои.Девојчето што ке го имаат им е срцка.
Во ред е нормално е дека ке си го кажеш своето мислење. Како можеше малото иста дефне да биде на филмов се чудам
Можеби Дефне го нема сексипилот на Јасемин, тој сексиљав став држење и у тело е далеку понезгодна хаха, ама во фаца мене ми е поубава. Несекојдневна фаца има, и бојата на коса, не е јајце убавина, значи јајце на јајце исто како другите, туку баш е неспецифична, несекојдневна појава, и тоа ми ја прави многу убава бар мене лично . И Јасемин е многу убава, ама повеќе ми е секси и је**зовна, додека пак Дефне ми има нежна и префинета лепота. Невина, шо би се рекло