Дефне во некои сцени е себична да. Ама се запрашавте како стана таква? Од мила и наивна влезе во друг лавиринт. Ништо не знаеше, а сите ја гледаа попреку. И ја би била таква ако сум опкружена со злобни луѓе околу мене. Омер растел покрај такви луѓе што сам си изградил живот за еден. А Дефне растела во скромно маало без такви луѓе. Таму тој дел е сиромашен и луѓето се скромни.
И мене ми е најубава Дефне, како порцеланска кукла! А да не се однесуваше како што се однесува немаше да ја снимат серијата! Освен тоа во целата приказна таа влезе од сосема несебични причини - да го спаси брат и!
Да и плус 100 пати ја наместија. Што лаже од што сака тоа се влече поука. Од друга страна во врска со убавината кај неа не ми се допаѓа насмевката и што е многу многу слаба. Јасемин е згодна и привлечна,но Дефне е едноставна. Ликовите се такви.
Па нормално затоа што тоа не се ниту Дефне ниту Јасемин а тој не е ниту Омер. Кој знае какви луѓе се во приватен живот. Не рече Корај џабе ,,Љубовта ги заглупавува луѓето" Кога веќе коментирате, мене лично најубава ми е Из. Еве видете и самите поубаво бидејќи во серијата беше поразлична. https://www.instagram.com/leylalydia/ И мене Јасемин ми е поубава од Дефне целокупно, особено со кафеава коса.
^Омер во приватен живот е ист ко во серијата. Гледав едно видео девојка му прави селфи седнати со пријатели а овој мртов ладен ни се врти за да се сликаат ни ништо. Дојдов да пишам за тетка Гуду (епизода 27) се превртев од смеење. Женичкава ослепила од љубов кон Исо, само му се пика, го чека и чак и на Нихан и рече дека ќе дошол некој да ја запроси . Јас за момент помислив ќе му смести на Исо, таа си планира свадба, свршувачка овој поим си нема. Арно ама вечерта доаѓа некој друг Ахмет бравар бил. Поправал брави и издал три касети поезија,а тетка Гуду цела радосна се дотерала, шамија на глава...циркус. Доаѓа човекот и Сердар како од пушка "Ајде одма ти ја даваме, земи си ја и носи си ја." Пукнав од смеење. Нихан ама се окензи кон овој. Потоа седат и почнуваат да редат муабети и никој им звони на врата, тоа Исо да ти бил. Нихан го бутка да влезе и тетка Гуду кога го виде кога и се окорија очите и само му вели на Исо "Г-дине Исо не е тоа што мислите, јас јас..." и на Ахмет му вели "Ахмете жалам јас мислев дека ако бидам со друг побрзо ќе го заборавам." Сите останаа такви и Исо како од пушка " Нихан ти реков дека не требаше да влезам". Ах Гуду Гуду.
Леле Из на сликите што ги објавува на инста колку по младолико изгледа, во серијата дали до аутфитот беше ама многу постаро ми изгледаше