1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вoлонтерство, обука, пракса или само манипулација?

Дискусија во 'Барање работа' започната од verica81, 12 март 2012.

  1. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Волонтерството значи да работиш без надомест за хумани цели или за стекнување на искуство. Обуката е процес во кој вие се оспосувате за работа на одредено место. Праксата е период за кој работите во одредена фирма на одредено работно место. Но волонтерите имат прво на надомест за трошоци од 4000 ден. Неплатената обука неможе да трае повеке од три месеци.Дали кај нас е така ? Јас не би рекла и зашто никој ова не го коментира ? Голем дел од младите реално работат за без пари и по година дена ,трошат пари и време. Поголем дел од нив се надеват дека ке се вработат ама ништо од тоа .Зашто ова го трпиме и никој не се буни ?
     
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.857
    Допаѓања:
    18.985
    Пол:
    Женски
    Без оглед дали се работи за волонтирање или пракса, мора да има месечен надоместок, за секако волонтерот/практикантот да не биде во загуба. Значи да се има за превоз и хранарина. Затоа се тие 4000 - 6000 ден. во зависност од фирмата. Меѓутоа, кај нас за жал тоа се злоупотребува, па работодавачите си добиваат работна рака за без пари, или за минимален надомест (кој најчесто се занемарува, за жал). Праксата и волонтерството ги има во целиот свет, но сепак мора да се исплати за тоа, и на крајот од волонтерството/праксата да се добие било каков документ, или препорака од фирмата доколку не те задржат кај нив. Јас мислам дека како и се друго во државава, џабе ќе биде да се буни некој, затоа што голем број од фирмите кои не плаќаат ништо на волонтерите/практикантите се владини, или газдата е член на владеачката партија (ова не значи дека ја фаворизирам опозицијата, затоа што исто би било и тие да се на власт). Меѓутоа сметам дека треба самиот волонтер/практикант да си побара од фирмата, и да не прифаќа без пари. Доколку сите почнеме да не прифаќаме да работиме било што за без пари, тогаш ќе се почитува тоа. Но секогаш има некој што ќе рече ПРИФАЌАМ ДА РАБОТАМ ЗА БЕЗ ПАРИ!!! Тоа не кочи сите нас.
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Јас токми за тоа зборам Доколку сите почнеме да не прифаќаме да работиме било што за без пари, тогаш ќе се почитува тоа. Но секогаш има некој што ќе рече ПРИФАЌАМ ДА РАБОТАМ ЗА БЕЗ ПАРИ!!! Тоа не кочи сите нас , и ме чуди мислав во наводници да сме толку глупи ( извини ако те навредив ) А за исто исто ке биде било кој да е на влас ние младите или невработените сами сме си криви. Ти благодарам на коментарот.
     
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.857
    Допаѓања:
    18.985
    Пол:
    Женски
    Не ме навреди воопшто, јас не сум ни волонтер, ни практикант, а сум размислувала и за тоа, секако доколку ми понудат паричен надоместок. За жал има такви луѓе кои прифаќаат да работат без пари,, со надеж дека понатаму ќе им се понуди работно место со добра плата. За жал тој што не сака да ти плати минимален надоместок за волонтирање или пракса, нема да сака да ти понуди ни убава плата во иднина. Мораме самите ние да се избориме за правата. Ако очекуваме од надлежните, свршивме работа.
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Токму така сепак не сум била самао јас така да мислам .
     
  6. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Јас цел живот волонтирам негде, платено ми било најмногу 250 ден од ден, ама нели искуство собираме. Што сфатив на крај, дека врз основа на мојот труд и на останатите ко мене, само газдата/одговорниот, си печали пари. Од невладини преку глава веќе, кај не бев член, за на крај да сфатам дека одреден број на луѓе земаат огромни пари од проекти итн а ние се утепуваме од работа на тие проекти за без пари или за ситно. Така да прекинав да одам по невладини и да волонтирам, ипак сега имам поголеми трошоци за разлика од пред 4-5 години, па не ми се исплати, а искуство- минимално. Се знае битните работи никогаш не ги работат волонтерите, дури и во неколку ситуации сум се осетила повеќе ко поттрчко, не ко да имам некаква улога во работењето.
    Додека за работа во фирма, незнам кој е тој што се нафаќа повеќе од 3 месеци да волонтира, бидејќи тоа воедно се смета и за обука, само и тоа не е воопшто сигурно. Братучед мој, волонтираше во една многу добра компанија 3 месеци за на крај да му кажат дека нема да го вработат и да дознае дека нечиво дете влегло на негово место, он само му завршил работа волонтирал за него.
     
  7. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Bлагодарам за коментаров . Значи дека сепак и преку волонтирањето не се стекнува некое искуство. Малце фустирачки нели.
     
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Корисно е колку да го пополниш CV-то додека си студент за кога ќе бараш работа да имаш колку-толку што да покажеш. За жал, досега не сум волонтирала, ниту била на пракса, но од тоа што знам можам да кажам дека е чиста манипулација-ја вршиш работата на некој вработен што го мрзи да стане од стол, а притоа не си или си минимално платен.

    Идејата според мене е нешто од тоа да научиш, да стекнеш некакво искуство, за утре да си барем малку подготвен да работиш, да имаш некакви познавања. Тоа значи менторот или некој вработен таму да ми објаснува, да ме подучува, да ми го пренесува неговото искуство, а не да ме користи како потрчко.
    Кога тоа би го добила од праксата нема да ми биде воопшто важно колку сум платена, бидејќи тоа што ќе те научат е да не речам бесценето, но да бидеме реални, колку за храна и превоз треба да добиеш, инаку си дефинитивно во парична загуба.
     
    На Elena69221, Hopeful, drugarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55


    Залосно е и тоа што фирмите знат што всушност волонтерите и прават ( хевтат документи , пишуват адреси , варат кафе , принтат изработен документ, разнесуват документи низ канцеларии , лепат марки , редат документи по број или презиме или слични работи) Така да и да пишеш во СВ нема некакво значене нели ?
     
  10. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    4.979
    ^Баш и поради таа причина да научиш нешто (додека си сеуште студент) и од причината што не ти е платено, ќе си бираш каде сакаш да си одиш на пракса.
    Не е секогаш точно дека ќе фотокопираш, дека ќе хефташ и ќе одиш по бурек.
    Јас апсолутно не го правев тоа, ниту пак моите колешки што си одбраа каде ќе одат на пракса.
    (зборувам за професионална пракса).

    Моето искуство е поразлично, а и препораките што ги добивав ми се многу значајни, без разлика што од нигде не добив ниту денар.

    Има т.н. манипулации, но затоа ќе си одбереш каде сакаш да одиш, од паталец, не од гаталец.
    Конкретно се вратат помеѓу нас, што сме на економски, каде можеме да научиме, каде ќе хефтаме.
    Се друго е прашање на среќа.
    И не секоја пракса значи дека ќе те вработат. Јас никогаш немав такви претензии (конкретно за периодот кога одев на пракса) и одев затоа што сакав, а не затоа што морав.
    Сосема е различно од аспект на студент(што не бара работа) и од аспект на некој што бара работа.

    Знам и неубави искуства, но моето е дефинитивно позитивно.
    Кога ќе видам што сум научила (па дури и меѓучовечките односи, купување знаење од луѓе и набљудување како реагираат во разни ситуации) и кога ќе ги видам препораките по две страни (дури и објаснето што сум работела за тој период) и познанствата што сум ги стекнала, мене срцето ми се исполнува. Знам дека сето тоа не можам да го научам од клупа.
    А кога ќе завршам, како тоа некој ќе ми го вреднува, рано е да кажам.
    За тоа играат улога повеќе фактори. (веќе знаеме) ;)
     
    На Elena69221, Hopeful, verica81 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.857
    Допаѓања:
    18.985
    Пол:
    Женски
    ^ Баш убаво, drugarka, тоа е и поентата на праксата. Да стекнеш искуство и да имаш позитивно мислење за тоа. Си имала среќа, баш ми е драго ;)
     
    На drugarka и verica81 им се допаѓа ова.
  12. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Мило ми е за тебе . Само еве како идеја зашто да нема некој билтен на фирми кои навистина ги обучуват идните кадри , за да сите не бидат ставени во ист кош. Јас имам лошо искустви и тоа двапати по 6 месеци .затоа и така велам за мегучовечките односи ок ама од пракса не научив ништо повеке од тоа што веке не го знаев
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Ниту едно од наведените. Под е) експлоатација

    Јас веќе долго време имам искуство со барање на работа (особено во Скопјево) и искрено ќе кажам, не еднаш сум се зезнала со тие “обуки“ т.е. законски оправдана ангарија. Секаде во поразвиените земји, обуките и праксите се плаќаат, минимално можеби, но се плаќаат. А ние сме си бре муфтеџиски народ, душа наша да се изгребеме за нешто од некого, од една цигара и бесплатен оброк на некоја прослава до бесплатна работна сила.
    Или пак, еве добро, не мора да плаќаат, ама нека даат едно пусулче, за во биографија да стои таа пракса, не дека нешо ќе смени ама ете, штом е обука или пракса, да си стои како таква.
    Па ми се смачи од она, секој месец да глеам други луѓе на каси по маркетиве со беџ на кој пишува „обука“. Мислам стварно е очигледно шо се праи и како се злоупотребува тоа “обука“.


    Се` додека сме си такви беди во душата, ќе си бидеме сиромашна земја.
     
  14. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Од страна на вработените МАНИПУЛАЦИЈА.
    НО :!: секој еден кој ќе отиде да волонтира треба да си го сфати тоа како поен + за себе, да се труди да го извлече максималното од веќе поискусните и постари вработени таму.
    Јас имам волонтирано(требаше да биде пракса, меѓутоа и таа се плаќа, па затоа ќе кажам дека бев волонтер, добри 6месеци). Да бидам искрена , да, бев на некој начин манипулирана, всушност газдите така мислеа, зошто за без пари им држев смена, сама работев колку и оние кои беа добро платени, но јас не мислам така. Мислам дека успеав да извлечам некој максимум од вработените, до толку што научив добри 80% од тој бизнис, за кој би сакала само малку по проширен и јас да си го имам во блиска иднина.
    Кога ми светна сијаличката што и како им е целта намерно седев подолго од што требаше за да научам што е можно повеќе. Жално беше што ја засакав работата и поради тоа навистина се трудев да допринесам, а “врвот“ тоа не го ценеше, затоа јас си свртев во моја корист, па сето она што го работев, го работев за себе, да знам, да научам. Можам да кажам дека претежно ги прифаќав задачите и обврските кои ми беа занимливи и ме интересираа, оние кои знам дека сакам и понатаму да ги усовршам.
    Затоа , мислам дека е најважно самиот ’волонтер’ како ќе си ја сфати работата.
     
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    И обука и пракса и манипулација...Добро е за оние кои сакаат да стекнат практично искуство во одредена област, но ако одат со надеж да после одреден период некој го примети нивниот квалитет и ги вработи, а тоа не се случува иако минува време и време...тогаш се чувствуваат изманипулирани. Кој е тука крив, работодавецот на кој му одговара ваквиот начин или самиот волонтер кој очекува работно место иако волонтерството има друга поента и никој не ти ветува ништо...Се најдов еднаш во таква ситуација и можев да волонтирам до ден денес, да се надевам дека ќе си останам таму за стално-којзнае можеби и така ќе беше или да речам фала на дадената прилика да стекнам искуство, чао, пријатно...Си заминав затоа што научив тоа што требаше да научам и веќе почнав да се чувствувам како потрчко...
    http://www.mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/ ... erstvo.pdf
     
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    дали некој има аплицирано за обука од 3 месеци во трудот?колку што знам аплицирањето уште е во тек јас ке одам среда да аплицирам демек плаќале по 4400 денари има ли некој пријавено или пак слушнато?
     
  17. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Зошто ова го трпиме? Затоа што да седиш дома, без работа и без причина да станеш насабјле, те иснемоштува, изморува, и разболува психички. Вака, искуството е ќар, има што да се наведе во СВ за понатамошно аплицирање за работа.
     
  18. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    154
    ^^^Така е се согласувам со членката погоре.
    Во денешно време е многу тешко да се најде работа, но постојат професии за кои праксата е најважна и ништо не ти вреди дипломата ако не знаеш да работиш или немаш доволно практично искуство. Затоа, е корисно истото да се стекне преку волонтирање. Од друга страна освен што че научиш нешто ново и ќе се чувствуваш покорисно. Сето тоа ќе е супер и совршено само доколку ја најдеме вистинската фирма која ќе ни овозможи поголемиот дел од времето да учиме ид а се обучуваме а не изиграваме потрчко.. За жал повеќето фирми ги третираат волонтерите токму на овој начин, односно им даваат да ги завршат сите неважни работи кои вработените не би сакале да ги работат и секако стандардното одење по јадење, кафе и сл. Така да, сум за волонтирање но само во посериозни фирми каде волонтирањето претставува работа и учење а не само губење време.
     
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    23.641
    Абе девојки.
    Да, ве користат, но која приватна фирма ќе вработи човек без претходно да види како тој/таа работи? На приватна фирма и треба некој што добро ќе го поти газот тие 8 саата на работа и ќе работи. Затоа големите компании ги ставаат сите на тест период наречен пракса, за да се осигураат дека ќе го вработат вистинскиот човек. Ќе викнат 5 на пракса, 2ца ќе задржат.
    Колку што им е тешко на младите да најдат работа, толку им е и на работодавците тешко да најдат човек што ќе работи, а нема да забушава со читање портали за време на работа, не појавување на работа затоа што добила, расправии со клиенти и вработени...
    Работев во фирма во која поминуваа многу млади луѓе и не знаете колку е тешко да се најде посветен млад човек кој почитува крајни рокови и извршува дадени задачи.

    Моето искуство кажува дека сите кои иделе на пракса (минимално платена) и се покажале одлично сега се редовно вработени. Ако фирмата во која сте оделе на пракса не може да ве вработи, сигурно ќе ве препорача на некоја партнер компанија.

    Епа мора некогаш нешто да се вложи во животот.
     
    На Tanjamm, mimiiiii, glosipgirl и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Јас пред некои десетна дена почнав со волонтерство, зборував со шефот и ми кажа дека не ме следувало за патни трошкови и за хранарина, за хранарината ајде и така и така, некогаш купувам ѓеврек, некоја кифла, сендвич дома си правам, ама за патните трошкови ми е малку без врска.
    Рече дека месечно ќе добивам по 4000 ден. од кои скоро 900 ден ми одат за пат, работам во едно село и 20 ден. е во еден правец значи 40 ден дневно.. значи јас треба да работам за 3000 ден.
    Работата не е тешка, канцелариска работа, се ми е на 2 мин од канцеларија, продавница, постојка.Од 8 почнува работното време па до 14 часот, Шефот не е постојано таму, па со колегите можиме слободно да пиеме кафе, да паузираме кога сакаме.

    Некој ми спомна дека треба да барам да потпишам договор? точно е ова или?