1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вoлонтерство, обука, пракса или само манипулација?

Дискусија во 'Барање работа' започната од verica81, 12 март 2012.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Кога ги прочитав првите 2-3 реченици помислив дека не ги добиваш тие 4000 денари кои вообичаено ги добиваат сите волонтери. Инаку тие пари ти се наменети за тоа , за да не бидеш во финансиска загуба додека волонтираш, нормално е дека волонтерите не заработуваат. Те не заработуваат пари , но печалат искуство и можност за вработување.
    Јас бев волонтер на повеќе места , на едно место ми даваа 1200 денари . А ми требаа 1000 денари за превоз, купував и за доручек редовно па види ми ја заработката. :D Не се замарај со печалка мислам смешно е волонтер си.

    Инаку да, законска обврска на работодавот е да се потпише волонтерски договор доколку волонтерскта работа трае повеќе од 40 часа месечно.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Мими далеку од тоа дека се жалам, таман работа :)
    сакав само да прашам за тоа со договорот и дали секаде каде што одиш волонтер мора да ти бидат платени патни трошкови и хранарина.

    А веднаш се потпишува договорт или треба да помине некое време?
     
  3. Rashel

    Rashel Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2014
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Манипулација чиста манипулација нажалост... Аплицирав за работа во еден бутик ајде као да не седам дома дури најдам нешто според струка и што се случува уствари сме требале да поминеме низ 3 месечна обука во која не работиме цело работно време имаме пола час пауза за 5600 кои ни ги дава држава затоа што вработиле млади лица до 29 и си велам ајде за 5-6 саати ке пробам арно ама испаѓа да работиме цело работно време често пати и повеќе од 8 часа со убедување дека тоа така ке биде само првата недела од паузата од 30 минути се стори 10 минути и ме фати инает дека потрошив пари првата недела одејќи ке одам цел месец ке издржам ама на крај на месец леле како има се на душа што ми лежи да им изнакажам.... Значи душа ни вадат за 5600 кои и не ни ги дава фирмата а старите вработени кон нас се однесуваат како да сме поданици...
     
  4. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    девојки јас сакам да волонтирам, сакам ем да имам некоја пракса на мојата струка ( правен ) ем да земам некоја пара... е сега сакам дали во суд, дали во собрание, па ме интересира од каде да почнам, каде да се обратам, дали парите што ги дава владата се редовни?
     
  5. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    Лично сметам дека постои некоја забуна во врска за тоа што е волонтерство и каде може односно смее да го има.Напросто, тоа е вршење работа од јавен интерес, за општо добро, без паричен надомест, освен надомест за храна ( и евентуално патни трошоци) кои не треба да се повеќе од 35% од просечната нето плата (барем така беше). Правни субјекти кои можат да најмат волонтери се исклучиво државни институции и органи, јавни претпријатија и здруженија на граѓани и фондации.Затоа што законодавецот пресекол дека тоа се тие правни субјекти кои вршат работа од јавен интерес.Затоа нека не ве залажуваат приватни фирми да склучувате договор за волонтерство со нив. Кој јавен интерес го обавуваат тие?Трговска дејност, продажба, туризам, угостителство за профитни цели?(не навлегувам во работењето за општото добро на државните институции). Исто така потребно е склучување на договор за волонтерство, кој ако во приватна фирма му го покаже газдата на трудов инспектор, по редот на нештата треба да му репнат казна.
    Исто така, не може да постои веќе обука. (по последно до кај знам, може е променето).ПО правило и да си на обука, треба да те вработат па макар на минималец, па макар на скратено работно време.Се друго е непријавен работник. Не постои термин обука во ЗРО која би дозволила ангарија работа
    Ако нешто не сум во тек и сум грешка, молам корегирајте ме.
    Но работите се такви како што се. Волонтер кој е 10 години волонтира во јасли....хмммм
     
    На SexiLy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rashel

    Rashel Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2014
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Повторно јас :) Вака дали некој имал искуство во врска со обукава како би можела да ја прекинам за еден месец да си ги земам парите и чао пријатно затоа што стварно не се издржува :sweat:
     
  7. Thunder

    Thunder Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Доколку праксата/волонтирањето трање повеќе од 2-3 месеци тогаш треба да сфатите дека се работи за експлатација на трудот. Повеќе од тој период слободно идете и барајте си РАБОТА, не да дремете кај некое капиталистичко говедо за без пари.
     
  8. Rashel

    Rashel Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2014
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Стварта е во тоа што ако ја прекинеш обуката те бришат од завод и парите што ти сам си ги заработил мора да ги вратиш зезната работа... Затоа прашувам дали има излез некаков за да ја прекинам обуката...
     
  9. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    794
    Чиста манипулација. Да се навратам години наназад ништо немало да пробам.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ♤the girl&

    ♤the girl& Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    255
    Пол:
    Женски
    Jas volontirav vo UJP 6 meseci i potpisavme dog i nadomest imavme od 5500 denari mesecno , so zakon e doneseno preed 3 /4 god deka samo 6 meseci imash pravo da volontirash posle toa ne smee da te cuva uste
     
  11. Dumbledore

    Dumbledore Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    905
    Пол:
    Женски
    Дечки, што мислите за неплатени обуки кои траат по недела/две?
    Имам повеќе од 5 години искуство во мојата сфера, а некоја компанија да ми понуди да работам кај нив цела недела и да користам мое време и ресурси за нив е стварно навредливо..
     
  12. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    Барај си ја заработката чим компанијата тебе те повикала мора нешто да ти дадат.
     
    На Dumbledore му/ѝ се допаѓа ова.