1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Габриел Хозе Гарсија Маркес

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Trendafilka, 14 април 2011.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    [​IMG]
    Габриел Хозе Гарсија Маркес (шпански: Gabriel García Márquez) (роден на 6 март 1928) е колумбиски писател, новинар, политички активист и добитник на Нобеловата награда за литература. Роден во Аракатака, северна Колумбија, главно живее во Мексико и Европа, а во моментот најголем дел од времето поминува во Мексико Сити. Сè поголем број литературни критичари се согласуваат дека Маркес, заедно со Хорхе Луис Борхес и Хулио Кортазар е еден од најголемите латино-американски писатели на 20 век.
    Животен пат
    Маркес прво започнува да работи како новинар. Во 1955 година ја објавува својата прва позначајна книга „Приказната на бродоломецот“. Книгата наидува на критика од страна на владата на генералот Густаво Рохас Пинаља. Во 1967 година Маркес го објавува романот „Сто години самотија“, со кој набрзо постигнува светска слава и претставува најзначајно дело на Маркес. Нобеловата награда за литература ја добива во 1982 година. Во 2002 година го објавува своето автобиографско дело „Да се живее за да се раскаже“, а во 2004 година се појави неговото најново дело „Сеќавање на моите тажни проститутки“.
    Политички погледи
    Маркес е познат по своите левоориентирани погледи. Тој е личен пријател со кубанскиот претседател Фидел Кастро и има искажано голем број симпатии за одредени латино-американски револуционерни групи, особено во текот на 1960-тите и 1970-тите. Исто така е критички настроен кон владата на Колумбија, иако нема докази дека отворено ги поддржувал герилските групи ФАРК и ЕЛН кои се борат против владата.
    преземено од
    http://mk.wikipedia.org
    Книжевен опус
    Романи
    Кобен час 1962
    Сто години самотија 1967
    Есента на патријархот 1975
    Љубов во време на колера 1985
    Генералот во својот лавиринт 1989
    За љубовта и другите демони 1994
    Повести
    Олуја од лисја 1955
    На полковникот нема кој да му пишува објавена 1961 во Шпанија (напишана помеѓу 1956-1957)
    Хроника на една најавена смрт 1981
    Сеќавање на моите тажни курви 2004
    Збирки раскази
    Невиниот Ерендија и други приказни 1978
    Собрани раскази 1984
    12 аџиски приказни 1993
    Друга литература
    Приказна за еден бродолом 1970
    Самотијата на Латинска Америка 1982
    Мирисот на Гуава 1982, со Плинио Апулејо Мендоса
    Авантурите на Мигел Литин 1986
    Вест за едно грабнување 1996
    Земја за деца 1998
    Да се живее за да се раскаже 2002

    100 години самотија е почеток на еден сосема нов жанр во литературата - Магичен реализам.
    Книгата ми буди спомени на непроспани ноќи во средно и правење на мапа со многубројните ликови, за да полесно се снаоѓам при читањето на сагата за фамилијата Буендија сместени во имагинарното Макондо.

    Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата фасцинираност од овој автор.
    Сеќавање на моите тажни проститутки, Хроника на една најавена смрт, На полковникот нема кој да му пишува, За Љубовта и другите демони сите грижливо се собрани на мојата полица, а вечерва почнав да ја читам 12 искушенија (во друго издание на Ѓурѓа е насловена како 12 аџиски приказни) и по кој знае кој пат се воодушевувам од идеите, стилот, сплетот на зборови, нарацијата...

    Вистинска уметност е толку живо да ги визуелизирате обичните зборови испечатени на хартија.
    Маркез е еден од ретките што успева да ми го долови тоа чувство.

    Колку од вас се обожавателки на Маркез, да продискутираме за вашето омилено дело ...
     
    На Jordanovska-K, Strumfeta93, Theodora и 4 други им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.168
    Допаѓања:
    56.612
    Пол:
    Женски
    Маркес освојува. Плени со играта на зборови и прави да бараш уште, и уште.
    Последно од него ја прочитав Љубов во време на колера, и после неа... потоп :D Не ми се читаше ништо, ќе земев некоја книга (баш во тој период ми паѓаа во раце глупави книги) и ќе ја оставев после неколку страни со образложение дека е обична.
    Не измислува нови зборови, не пишува неразбирливи реченици кои треба да ги препрочиташ за да ги сфатиш, но сепак е посебен, еден и единствен. Јас не би го споредила со ниеден писател што сум го читала досега.
    Љубов во време на колера е еден од најубавите романи кои сум ги читала. Не е само љубовна приказна, оди многу подалеку и допира многу подлабоко. Магичен, а реален. Остава некое чувство што не можам да го дефинирам. Повеќето што ја прочитале велат дека има среќен крај, но мене крајот ми беше мачен и тежок, ме потресе и ме остави да мислам со денови за животот, љубовта, животот со љубов и животот без љубов.
    Не би можела да бирам меѓу тој роман и Сто години самотија. Две ремек дела.

    Трендафилка кажи ми за изданијата на Ѓурѓа - добри се? Не сум ги читала Сеќавање на моите тажни проститутки, За Љубовта и другите демони и 12 аџиски приказни баш поради тоа дека се нивни изданија, а разочарана сум од нив затоа што веќе уништија неколку класици. Ако ми дадеш зелено светло ќе ги читам.
     
    На Jenniffer, Jordanovska-K, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Не се лоши преводите на овие две од Ѓурѓа.
    За Љубовта и другите демони би рекла дека е сосем коректен, додека Сеќавање за моите тажни проститутки мислам дека книгата е малку посувопарна, покрута.
    А 12 искушенија ја читам во издание на Три и за прв пат чинам, морам да ги пофалам, преводот и коректурата засега се' на место.
    Многу добар превод од Три (за се' има прв пат). :lol:

    А првите две јас не сум ги ни видела во други изданија... :(
    Очигледно засега ќе мораме да се задоволиме со овие. :)

    редактирам:
    Чие е тоа издание кое ја насловило книгата 100 години осаменост?
    Па за мене лично, Самотија и Осаменост се два сосема различни поими... :^)
     
    На zhap4e и LivingGlam им се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.168
    Допаѓања:
    56.612
    Пол:
    Женски
    Не знам чие е, ама како бе така го превеле? |(
    А, еве најдов - издавачка куќа Макавеј, превела Костадинка Арсовска. Многу бездушно звучи насловот вака преведен.
    А и преводот на Љубов во време на колера (Три) е сосем во ред за чудо.
     
  5. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Ја прочитав само Сто години самотија...
    На почетокот ми изгледаше како брзоплето нафрлање на податоци и расфрлање на едни те исти имиња,но подоцна ја почувствував уметноста на неговиот збор и сета горчина собрана во едно дело.
    Навистина е обичен човек и навистина има нешто во него што го издвојува од останатите...
     
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Човеков е исклучителен, јас на шега велам дека мора да е навистина моќен маг бидејќи неговите дела ме тераат да сум опседната со нив при читањето и ми го одземаат мирот дури не ги прочитам.

    Сто години самотија е првото дело кое го прочитав од Маркес и ме фасцинира и содржински и стилот, навидум обичен, но сепак толку посебен. Фактот што е толку втиснато како жиг и после години во мојата меморија за разлика од толку книги кои поминале не оставајќи некоја посебна трага говори сам по себе.

    Прочитани ми се и Хроника на една најавена смрт и На полковникот нема кој да му пишува, а моментално ја читам Љубов во време на колера пишав и во другата тема како постојано ме измачува потребата да ја компарирам со Сто години самотија меѓутоа нагласувам и оваа книга е премногу силна и блескава.

    Сакам да ги прочитам и останатите негови дела не се сомневам во било што што излегло од моќното перо на овој автор вреден и достоен за врвна почит.
     
    На Magnolija, lola-86, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    40.649
    Пол:
    Женски
    И јас како тебе Теодора и јас несвесно ги споредував овие две додека ја читав Љубов во време на колера, тоа ме излачуваше и после како некако да се губев :D
    Инаку сакам да ја прочитам Сеќавање на моите тажни проститутки ама никако да ја најдам.Кај нас во библиотека ја нема(бтв им фалат баш некои добри наслови, само некои глупи дела имаат |( претежно ) и така си ја чека...сеуште.
    Љубов во време на колера...ја цепкав долго зошто не сакав да заврши.Магично напишана, толку реална приказна,сурова...според мене ова не беше љубовен роман...пошто љубовта според мене беше еднострана и не сметам дека имаше среќен крај,а од ваквите романи љубовни јас очекувам среќен крај.Може тоа е погрешно од моја страна, ама баш поради тоа овој роман ме воодушеви, покажува дека секоја љубов ако е доволно силна, може и да те уништи, а не само да те направи среќен.Потоа го гледав филмот и пишав за него критика и тука ќе кажам не ме разочара филмот воопшто.
    Други не сум прочитала ама секако дека се радувам да ги прочитам ако ми паднат во раце.
    И да кажам Карлоз Руиз Зафон според стилот на пишување ми е сличен на овој автор поради тоа го сакам него, мислам ги обожавам неговите Сенка на Ветрот и Играта на англеот поради тоа што толку според волшебноста наликуваат на Сто години самотија.
     
    На Jordanovska-K и LivingGlam им се допаѓа ова.
  8. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Пред некое време бев во училишната библиотека и ѕирнав еден наслов: На полковникот нема кој да му пишува - Маркес. Си велам овој Трендафилка многу го сака, морам да ја земам.
    Дома веднаш зафатив да ја читам и ја прочитав во еден здив. Многу тажна приказна. Интересен е стилот на пишување, ми се допадна. Ќе прочитам и други негови дела. Обавезно.
     
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Читаш и како да ти раскажува некој старец, потонат во удобна фотелја, внимавајќи на интонацијата, со фини, отмени гестикулации; чиниш мед тече од неговото искуство, раскажувајќи за секој детал со цел да те внесе повеќе.
    А ти седеш спроти него и го слушаш внимателно. Додека времето одминува ти се повеќе и повеќе се задлабочуваш во приказната и во гласот на старецот.

    Моментално ја читам Љубов во време на колера.
     
    На Jordanovska-K, L-enna, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Како што кажа Магнолија, речиси слушам некој длабок, истрошен, а сепак силен, спокоен глас како ми раскажува додека ги читам неговите книги.
    На моја голема радост за роденден добив најубав подарок. Книга од Маркес за која до сега не сум слушнала. Се вика „ Кобен час“. Ќе споделам импресии со вас кога ќе ја прочитам. :)
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  11. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Ќе може ли некој на кратко да ми го раскаже романот 100 години самотија?
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Луѓе како Маркес остануваат вечни.
    Ќе продолжи да живее преку неговата уметност од зборови, ќе диши низ напишаните страници и ќе успева да допре до срцата на многу идни генерации. А јас сум среќна што живеам во време во кое тој творел и пишувал.
    Луѓето како него немаат смрт. Слава му.
     
    На Jordanovska-K, 1209, mileystar и 11 други им се допаѓа ова.
  13. TheOne

    TheOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    5
    Девојки, ве молам, дали има македонски превод на Хроника на една најавена смрт и кај би можела да го најдам?
     
  14. Red.Lady

    Red.Lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Сакам да ја купам 100 години самотија за подарок. Прашав во Три и Матица ја немаат. Дали некој знае кои издавачки куќи ја имаат? Видов на едно место пишуваше од Макавеј, ама не ми текнува тоа баш каде се наоѓа. Секоја помош е добредојдена. Благодарам.
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.677
    Допаѓања:
    12.172
    Сто години самотија и уште еден обемен роман имам прочитано од него. Убаво пишува. Волшебни му се книгите.
     
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.080
    Пол:
    Женски
    Ја имам прочитано Сто години самотија и се сеќавам дека го симнав од нет фамилијарното дрво и го испечатив а штотуку ја прочитав 12 аџиски приказни, ме фасцинираа, ликовите во приказните ме потсетуваат на Ликовите од Достоевски кои како резултат на своите одлуки а некогаш сплет на околности доаѓаат до самоуништување. Маестрална книга