Синоќа започна нова серија на сител. Не сум љубител на турски серии, ама на овие што играат за викенди им давам шанса затоа што се кратки и немаат многу одолговлекување ко тие на канал 5 со грешниците и птиците. Не е нова серијава, од 2019 е има 21 епизода и две сезони. Вака прв впечаток ми се допадна. Да не ви спојлнувам многу ако не сте ја гледале првата епизода ама еве малку, се работи за братучеди кои се наоѓаат после 20 години и како што разбрав машкото ја позна, но таа него не. Ако ја гледа некој би ми било мило да продискутираме затоа што мислам дека вреди.
Не се братучеди туку заедно се пораснати, татковците им биле најдобри другари и куќите им биле една до друга, заедно оделе на школо генерациски исти се Дила и Кузгун мислам така се викаа. Го гледав филмот пред некоја година на турски некаде онлајн. Добар е
Спојлер Татковците им се браќа, ама таткото од Дила го предаде татково од ,,гавранов" и тој заврши во затвор.
Ја изгледав баш кога беше нова на интернет. Кузгун од дете до возрасни години имал тежок живот. Полн со гнев, решава да се одмазди. Ама нема да оди како што замислил.
За тие што ве интересира серијата мој предлог е да ја гледате на турски со превод (српски има) ќе ви биде поубаво отколку оваа наша грда синхронизација на сител
Јас така ја гледав или со превод на англиски. Серииве се подобри со слушање на оригиналните гласови. Особено вакви со длабоки емоции.
Баш, многу емоции има во серијата кои со синхронизација не се доловува ни пола од тоа што е. Посебно гласот на главниот глумец
https://www.filmoviserije.net/serija/kuzgun-2019 пробај овде, ја има на повеќе страни за филмови пребарј ако овој линк не е добар
Ја почнав на турски ама некако многу неразбирлива. Можда се уште е рано, ама за почеток многу збунувачка. Сега кога веќе ја почнав не ја тргам на страна. А за другото да не правам муабет, одлична.