Обично пијам една чаша обична вода дневно а некогаш се случува и воопшто организмот да не ми побара вода
Обичната ми е дефинитивно поубава и повеќе ја користам од газираната. Всушност газирана воопшто не ни пијам. Тоа се случува само кога сум негде излезена и нема обична вода па морам газирана да пијам. А воопшто не ми се допаѓа.
Повеќе сум за обична бидејќи ако пијам газирана почнува цревата да ми кркорат не дека не пијам газирана ама повеќе сум за обична.
Секогаш преферирам обична вода, но знам и понекогаш да пијам газирана, најчесто онаа со вкус на лимон.
кисела вода не сакам ич. Ма неможам да ја пијам и готово. Исто и со газирани сокови. Сакам само обична вода
Газирана вода несакам ич па поготово не онаа со вкус на лимон исто како сјај за садови ми е И за тоа повеќе си сакам негазирана
Обична, не сакам газирани пијалоци. А не сакам ни да купувам, ептен гаден вкус на пластика има Во последно време полниме од Катланово вода, таа е малце минерална, но далеку повкусна од било која вода