1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Газирани Пијалоци - За што сè се штетни

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од mKdevojce, 27 мај 2011.

  1. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    13.969
    Газираните пијалаци се предмет на сериозна критика од специјалистите на здравата исхрана. Сепак, пазарот е буквално преплавен од различни газирани пијалоци.

    Зошто и колку се штетни за нашето здравје и тело?

    Газираните пијалаци се безалкохолни пијалоци, вештачко збогатени со јаглероден диоксид, кој се наоѓа под нормален атмосферски притисок. Вештачкото карбонизирање е откриено во 1767 година од англичанецот Џозеф Пристли, но започнало да се користи дури во 1807-та година. Рекламите кои ни препорачуваат најбрз начин за намалување на жедта преку газираните пијалаци, всушност се тотално невистинити. Газираните пијалоци се извор на празни калории, т.е. полни се со калории без никаква хранлива вредност. Ова практично значи дека ние консумираме разни газирани пијалоци без да имаме вистинска полза од нив.

    Според едно неодамнешно Американско истражување, консумирање на 355 мл газирани пијалаци дневно може да доведе до зголемување на 6,8 килограми телесна маса годишно. Не случајно процентот на луѓето со зголемена тежина е многу висок меѓу оние кои редовно конзумираат газирани пијалоци.

    Газираните пијалоци го нагризуваат стомакот. Внесувањето дури и на една чаша газиран пијалок дневно води до 50% повисок ризик од развој на метаболитички синдроми, односно зголемен шеќер во крвта, зголемен крвен притисок, високи нивоа на маснотии во крвта, наречени 3-глицериди и ниски ниво на HDL ( "добриот" холестерол). Диетални газирани пијалоци се исто толку вредни, колку и другите, иако не содржат шеќер. Исто така е покажано и дека луѓето кои ги консумираат во голема мера газираните пијалоци имаат поголем апетит за слатки работи, кои што ќе допридонесот до зголемено внесување на калории во нашиот организам а со тоа и до зголемување на телесната маса.

    Најдобра замена за газираните пијалоци е водата. Таа нема калории, нема шеќер, освежува и е основа за добро здравје. Природен овошен сок е друга верзија, но со една напомена: иако содржи голем број на хранливи материи, од кои што имаме потребно, природниот сок е точно високо калоричен колку што се и газираниот пијалок. Затоа природните сокови консумирајте ги умерено.

    Друга замена за газираните пијалоци е и растителни чај кој исто со смирувачко дејство и не содржи кофеин. Зелениот и црниот чај, исто така, имаат значителни здравствени квалитети - намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, го зајакнуваат имунолошкиот систем и штити од проблеми со меморијата, дијабетис и некои од форми на рак.

    Ако сте голем обожавател на газираните пијалоци и не можете или не сакате да се откажете целосно од нив, барем намалете го конзумирањето на максимум 1 чаша дневно. Така, донекаде ќе го ограничите штетното влијание врз вашето здравје.

    Француските лекари сметаат дека секојдневното конзумирање на газирани сокови може да доведе до хипокалемија, односно недостаток на калиум во крвта, што пак може да предизвика проблеми во работата на срцето.

    Во едно истражување утврдено е дека внесувањето на големи количини на газирани пијалоци кои содржат многу шеќер и кофеин може да предизвика драстичен пад на концентрацијата на калиум во крвта, односно состојба позната како хипокалемија.

    Затоа лекарите предупредуваат дека мали промени во концентрацијата на калиум можат да предизвикаат сериозни проблеми во работата на кардиоваскуларниот и мускулниот систем.

    Типични симптоми на хипокалемија се намалена снага на мускулите, грчеви, треперења и мачнина. Во екстремни случаи, недостатокот на калиум може да предизвика и проблеми во работата на срцето и парализа.

    Во спроведената студија се испитувани случаи на пациенти кои дневно конзумирале од два до девет литри газирани пијалоци, вклучувајќи и две трудници кои се примени на болничко лекување заради опасно ниско ниво на калиум во крвта. Двете жени навистина брзо и успешно се опоравиле откако престанале да пијат газирани сокови и земале калиум орално и интравенозно, се наведува во студијата објавена во меѓународниот журнал за клиничка пракса.

    Во американското медицинско списание, кој објавува написи за здрава исхрана и здрави животни навики, биле објавени резултатите од 80 студии, кои ги испитувале безалкохолните газирани пијалоци и како тие влијаат врз здравјето на човекот.

    Уште еднаш недвосмислено било потврдено дека овие „шеќерни водички“ богати со сода и хемиски бои и со чуден вкус, се едни од главните причинители за епидемијата на дебелината.

    Нутриционистите велат дека газираните сокови предизвикуваат дебелина не само поради калориите од шеќерот, кој го има во големи количини во нив, туку и поради верижната метаболна реакција, која ги блокира другите природни потреби на организмот за хранливи материи.


    Адитивите и вештачките бои, кои се составен дел на овие пијалоци, се штетни за чувствителната слузница на желудникот и цревата, а некои од нив се и канцерогени.

    Газираните пијалоци го зголемуваат ризикот од дијабетис кај бремени жени
    Во САД, безалкохолните газирани пијалоци содржат околу 20 проценти од калориите што луѓето секојдневно ги конзумираат. Истражувањето покажа дека во просек, најголем дел од калориите доаѓаат од засладените безалкохолни пијалоци.

    Истражувачот Ливеј Чен од државниот универзитетот во Луизијана, вели дека најголем проблем е шеќерот, затоа што допринесува за дебелината, како и за состојби опасни по животот, како дијабетисот или кардиоваскуларните заболувања.

    Чен се сомнева дека жените кои редовно конзумираат засладени безалкохолни пијалоци го зголемуваат ризикот за заболување од дијабетис за време на бременост:

    „Овој вид на дијабетис се јавува во специјални услови за жените кои немаат дијагноза на дијабетис од типот два пред бременоста, но во бременоста не толерираат ликоза“, вели таа.

    Неможноста за нормално процесирање на шеќерот не е проблем само за идните мајки. Тоа создава проблеми и за бебето. Тоа е една од најважните причини за компликации пред и за време на породувањето.

    Чен направила истражување на 13.000 жени. Жените биле прашани што јадат и што пијат. Откако жените забремениле, истражувачите го следеле нивното здравје уште 10 години.

    „Жените кои редовно пиеле засладени безалкохолни пијалоци имаат зголемен ризик од добивање дијабетис за време на бременост во споредба со жените кои конзумираат мало количество од таквите пијалоци“, вели Чен.

    Жените кои се водат како големи конзументи на засладени безалкохолни пијалоци пијат по пет неделно – помалку од еден ваков пијалок дневно. Нивото на конзумирање е всушност под просекот во САД и во многу други држави. Но, жените кои конзумираат дури и толкаво количество шеќер пред да забременет, се ставаат себе си и бебето во ризичка катерорија за време на бременоста:

    „Тие жени се здрави пред бременоста, но развиваат дијабетис за време на бременоста“, објаснува Чен.

    Чен вели дека многу фактори влијаат врз здравјето на кои луѓето не може да влијаат, како што е наследената опасност од заболување од дијабетис, но со исхраната, вели таа, жените можат да направат промени што ќе им помогнат да останат здрави за време на бременоста.

    Жените кои дневно пијат две или повеќе лименки со газирани пијалоци имаат значително зголемен ризик од бубрежни заболувања, тврди најновата студија.

    Научниците анализираа примероци од урината и прехрамбените навики на речиси 10.000 испитаници. Се покажало дека жените кои конзумирале најмалку две лименки со газирани пијалоци на ден имаат зголемено ниво на белковините на албуминот во урината, што е еден од раните показатели за некакви оштетувања на бубрезите.

    Научниците засега не се сигурни за точниот предизвикувач на оштетувањата на овие органи, но интересно е тоа што слични резултати кај машкиот пол - не се забележани.
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    1.822
    Газирани Пијалоци - За што се се штетни

    Фала му на бога ама ич немам мерак за газирани пијалоци :D
     
  3. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Газирани Пијалоци - За што се се штетни

    Ни мене не ми се омилени газираните пијалоци...
    Каков организам имам, се што е штетно-не го поднесува.
    Сакам/не сакам-морам да се одвикнам.
     
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Газирани Пијалоци - За што се се штетни

    Пијам газирани пијалоци, но никогаш не претерувам затоа што знам дека се штетни. Веќе настојувам целосно да се откажам од нив. :)
     
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Газирани Пијалоци - За што се се штетни

    Јас не сум баш фан на газирани пијалоци, кока кола не пијам од петто одделение и тоа баш онака ми дојде и решив, па до сега не сум прекршила многу пати (освен неколку кога се онесвестував и кога давав крв па со сила ми го бутнаа шишето во уста). Единствено сакам швепс тоник и оние водите велнес и актив со вкус на добра вода, ептен ептен ми се убави и освежителни
     
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Газирани Пијалоци - За што се се штетни

    Газираните пијалоци ми се се нешто најнајодвратно,не знам како порано се давев во спрајт |(
    A штени,прештетни се
    дуење на стомак,гасови
    ждригање :D шала
    мозолчиња :^)
    зависност исто како на дрога
    шекер :x
    кај мене кога ке се напијам само 1 голтка(што е мнооогу ретко) чуствувам како ми да ми го нагризува стомакот,грлото се,ужасно се чуствувам :devil:
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Газирани Пијалоци - За што се се штетни

    nemam navika da pijam gazirani pijaloci,mi precat na stomakot
    ama koga ima doma, pijam po 1 casa(zatoa sto imam nizok pritisok, i podobro se custvuvam, ama toa e epten retko) :)
    [mod-kirilica:3lqu02p6][/mod-kirilica:3lqu02p6]
     
  8. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Газирани Пијалоци - За што се се штетни

    До пред извесно време воопшто не пиев газирани пијалоци, ама сега сум навлечена на нив, поточно на пепси. Сама по себе си осеќам дека штетно ми делуваат, надуен стомак, киселини, гасови и слично, ама мислам дека ствараат зависност особено соковите. Ќе гледам малку по малку да ги намалам
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Газирани Пијалоци - За што се се штетни

    Ама го прочитав насловот на темава Газирани пуканки :D :rofl: :rofl: кај ми се видоа пуканките :D си помислив какви се тие газирани пуканки пак сега :rofl:


    Штетни се газираните пијалоци, сите се вештачки, за дебелината тоа имам видено кај некој мој роднина, како последица од премногу пиење на газирани пијалоци ( нормално покрај храната),така да слободно можам да кажам дека е точно тоа што е напишано во воведот од темата и исто се сомневам дека се канцерогени.Подобра и поздрава е водата, јас премногу пијам вода, газирани пијалоци не пијам,а немам ни потреба од нив.Треба да внимава човек што јаде и пие,тоа е многу важно, а што повеќе внимава, толку подобро за неговото здравје :)
     
  10. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199
    Газирани Пијалоци - За што се се штетни

    навистина се штетни, треба да се трудиме да ги избегнуваме, а ретко кој стварно ги избегнува
    јас лично, некогаш случајно купувам за дома и тогаш пијам, а да купувам секој ден специјално, тоа-не..
     
  11. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Газирани Пијалоци - За што се се штетни

    Газирано пијам ретко, и не ми е нешто посебно убаво, а во овие густиве абе се давам, не знам за доста. :|
    Дома не ни купуваме (само за родендени, слави, весељи) а на гости кога идам абе мора да има сок газиран и ќе се напиеш тогаш чаша две.Или пак кога идам во Мц пијам кока-кола и толку.
     
  12. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Газирани Пијалоци - За што се се штетни

    И јас газирано избегнувам. Многу се штетни за бубрезите. Кога има некој повод се купува и газиран и густи, ама јас лично газиран избегнувам. Брат ми пие и за мене. :|
     
  13. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Газирани Пијалоци - За што се се штетни

    Порано ги пиев повеќе, но сега многу ретко. Ме нервира, стомачето ми се дуе како балон :lol:
     
  14. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Газирани Пијалоци - За што се се штетни

    Колку што можам ги избегнувам, свесна сум за нивните штетни последици така да секогаш кога можам ги избегнувам :) и да фосфорот кој го има во газираните сокови, им отежнува на коските да апсорбираат калциум, што од своја страна ве става на ризик од фрактура на коските и остеопороза.
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Газирани Пијалоци - За што се се штетни

    Не ги сакам - во фрижидер изгледаат така примамливо, се залетуваш, отвараш шишето, креваш како Крали Марко и за две секунди имаш ерупција во грло, желудник и нос!
    А и ми го дразнат грлото, ептен ми е осетливо. Додека одев на хор се навикнав да ги избегнувам, што не гледам причина поради која повторно би почнала да ги пијам.
    Не викам дека воопшто не пијам, си сакам и јас Спрајт и Швепс... ама реко тоа.
     
  16. Oksigen

    Oksigen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    11
    Газирани Пијалоци - За што се се штетни

    и „100%“ природните сокови се вештачки и штетат.Најубаво е свежо исцедено овошје.бар знам што пијам
     
  17. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Газирани Пијалоци - За што се се штетни

    Газираните пијалоци мене лично многу ми пречат на желудникот. Не ги сакам и многу ретко ги пијам. Во лето кога ептен ми е топло и сакам што побрзо да се освежам, пијам Швепс. Но ова многу ретко ми се случува, обично се освежувам со сок од портокал или сладолед. И понекогаш, многу ретко, кога ќе ми се пројави желба, пијам Кока Кола. Ама се покајувам во рок од 5-10 минути. :doh:
     
  18. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Газирани Пијалоци - За што се се штетни

    Не знам што вика науката не сум ги учела уште на факултет кога ке ги учиме ке кажам. Сега мислење за мене лично не ги сакам газираните пијалаци дека се калорични. А кога пијам од тие без шеќер многу
    имам гасови :$ :$
    Кока колата ми е добра како лек за нисок притисок
     
  19. WhiteButterFly5

    WhiteButterFly5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    69
    Газирани Пијалоци - За што се се штетни

    Аууу :tmi:
    Значи толку сум зависна од газиран сок што можам да испијам и 3 шишиња во еден ден. |(
    А си имам и проблемче заради тоа...стомачето секогаш ми е подуено. :lol:
     
  20. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Газирани Пијалоци - За што се се штетни

    Ретко пијам газирани пијалоци али знам некогаш да посакам да се напијам Кока Кола одвреме навреме и најчесто газирано пијам на гости и понекогаш во кафич.