1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гала Бинго и Лото

Дискусија во 'Слободно време' започната од blond, 15 јануари 2011.

  1. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Што мислите за ваквите игри на среќа ???

    Еве денес беше првото извлекување на гала бинго и ќе се емитува секоја сабота во 20:00 часот на Канал 5 телевизија.
    Малку ми беа нејасни правилата, ама со тек на време ќе ми се разјаснат.
    Јас и мужето имаме по една линија погодоци (4 вкупно се).
    Дали вие игравте овој викенд и дали добивте некоја награда ?
     
  2. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    2.425
    Гала Бинго

    сега баш читав на интернет околу ова, и мене не ми е јасно тоа околу џокерот на бингото..
    иначе планирам наредниот викенд да си купам бинго, може ке ми се насмее среката :)
     
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Гала Бинго

    Моите дома играле саботата, едно ливче т.е сосе уплата е 60 денари , а џокерите се доплатуваат плус 20 денари. И во играта учествува и гала бинго бројот што е долу кај уплатата (барем вака знам)
    А играат и лото моите, еднаш добивме четворка и последното извлекување добиле две четворки :D
    интересна работа кога ми објаснуваа како се игра, заразно е , добро барем не се во загуба , тоа што го платиле за лотото ќе си го повратат и имаат ќар 20 денари :D
     
  4. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    125
    Гала Бинго

    Јас си купив бинго на првото извлекување, ама ништо не добив :( .
    Инаку мене ми се интересни овие работи и лотото и грепките :), само што не ми се фрлаат постојано пари така. Знам понекогаш да изгребам по некоја грепка, ама ништо онака по 30-50 денари имам добиено. А татко ми игра лото и по некое четворче некогаш влета :lol:.
    Во секој случај јас мислам дека 50-60 денари не е многу и така ќе ги потрошиме за нешто, вака барем ќе ни се насмевне среќата можеби ;)
    Инаку сите информации можете на лото.мк да ги прочитате, за да ви се разјаснат правилата :)
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Гала Бинго

    јас си играм лото-само уште овој пат, а потоа мислам да играм гала бинго
    па да видиме дали ке добијам нешто и јас на срека-како се вели кој нема срека во љубовта ке има во парите во случајов во игрите на срека :$ :lol: :D :rofl:
     
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Гала Бинго

    Гала Бинго имало секоја сабота на канал 5 во 20 :00 или во 20:30 не знам точно, ама отприлика тука некаде.
    Играј бинго за инает на комшијата ! бај Сашко Коцев ;)
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Гала Бинго

    СИ купив 1 ливче, си ставив 2 џокера :) и татко ми 1... ќе гледаме вечер :)
     
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Гала Бинго

    Оваа сабота заборавивме да си купеме бинго, но и секако ме нервираат со малите награди. АЈ бе да му се сневидам, па малку награди даваат.... Ептен малце... Мораат да си го зголемат фондот на добивки ако сакаат поголема уплата. Со ваков сирмоашен фонд, ќе имаат уплата од 500,000 ден.
     
  9. shy

    shy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Гала Бинго

    Порано верувам во овие игри на среќа и редовно играв, ама веќе не можам да ги смислам. :@
    Немаме добиено ништо покрупно, само онолку колку да те залажат да купиш и наредниот пат. :)
    Сега не играм, а пак добивам. ;) Ги добивам тие 250 денари што би ги дала за бинго ливче. :D :D
     
  10. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Гала Бинго

    Дали може модераторите темава да ја преименуваат во Гала Бинго и Лото ?


    Инаку, падна седумката...
    Броевите се 2,3,4,7,9,19,28 и додатен 12.
    Џокер број 721215.

    Инаку лотото го даваат секоја среда и сабота од 20:00.
     
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Добитникот на 7ка од 77мото коло НовоЛото 7/34, ги подигна своите 100.000 евра

    Скопје, 07. 10. 2011, Државна лотарија на Македонија со задоволство објавува дека денес (токму на 7ми) добитникот на 7ката од 77мото коло од играта на среќа НовоЛото 7/34 ги посети просториите на Државна лотарија на Македонија и ја подигна својата добивка. Средбата со Генералниот директор Дане Кузмановски беше срдечна, а од неа одвојуваме дел од исказите на добитникот, чија волја за анонимност ја почитуваме.

    Сопственикот на втората 7ка на Државна лотарија на Македонија е скромен семеен човек со ведар дух, на возраст од 50тина години, по професија градежен работник, кој иако уплатата ја извршил во Битола, сепак не е битолчанец. Низ природната дарба за живописна нарација ни раскажа неколку интересни приказни поврзани со игрите на среќа кои ги игра од својата 18та година. Една од нив е приказна за пример на чесност. Имено, како поранешен спортист вљубеник во фудбалот играл спортска прогноза на која неколку пати остварувал добивка, а најголемите две добивки биле заеднички со негов пријател со кој уплаќале, типувале и добиле во две кола, едно по друго. Тогашните добивки за 12ка вкупно им донеле за секој по 4 просечни плати, а бидејќи парите се подигале во готово, нашиот раскажувач ги зел и за себе и пријателот, но кога стигнал дома видел дека по пат му испаднал паричникот. Откако пријавил во полиција, веќе наредниот ден му соопштиле дека паричникот им го донел татко на девојче кое го нашло паричникот на патот. Како знак на благодарност нашиот гостин го посетил семејството на девојчето и иако не сакале да примат дел од парите како благодарност сепак, по збогување им ги оставил "преку порта – за девојчето". Тие се и денес пријатели, а ваквите приказни ни ја потврдуваат вербата во чесноста и добрината.

    Другата убава приказна се врзува за верба во среќните броеви. Имено, нашиот добитник на 7ка научил да игра лото од својот професор кому му ги пополнувал комбинациите уште како средношколец. Пред 32 години за прв пат направил свој избор броеви, дел од родендени, дел од телефонски броеви, дел од броеви на перони на Железничка станица. Кога прв пат ги одиграл своите броеви немал доволно средства да ја изврши уплатата, а токму тие броеви биле извлечените и немало ниту еден добитник на 7ка. Наредните 32 години ги играл истите броеви секогаш на две помошни ливчиња со редовна недела уплата независно кои Лото игри се играле на овие простори, па дури и во странство.

    Неговите среќни броеви кои прв пат биле извлечени во играта Лото 7/39 која некогаш се играше на Југословенските простори, се извлечени дури по 32 години и тоа токму во 77мото коло на Државна лотарија на Македонија. Нашиот добитник уплатил две ливчиња со по 10 комбинации, од кои едното вреди 100 000 евра. (Извлечените среќни броеви по аритметички редослед се: 4, 7, 14, 16, 22, 26, 27) Покрај уплата на НовоЛото секогаш дозема и по 2 до 3 инстант лоза, а од отпочнувањето на ТОТО плус спортската прогноза повторно редовно типува со пријателите со радост што Државна лотарија ја врати "старата добра спортска прогноза".

    Среќниот гостин како долгогодишен играч на игри на среќа, со Генералниот директор на Државна лотарија на Македонија – Дане Кузмановски, сподели размислувања, предлози и совети врз основа на своето играчко искуство. Покрај разговорите на тема Лото, инстант и спортска прогноза, гостинот не почести со пофалби за изборот на Игор Џамбазов за водител на играта бинго, како и за името на играта ЏАМБО БИНГО, која тој и семејството ја очекуваат со нетрпение.

    Овој пат неговото име останува познато само на Генералниот директор на Државна лотарија на Македонија кој му пожела среќа во животот и среќа во игрите на среќа, со желба за наредна добивка на Џамбо Бинго за која јавно би објавиле со фотографирање со Игор. За време на средбата, веќе средствата беа на неговата сметка точно 5.400.000. денари со платен персонален данок од 600.000 денари.

    За играчите на НовоЛото 7/34 добитникот на 7ката порача да веруваат во своите среќни броеви.

    ЗА ДОБРО!

    Извор: loto.mk
     
  12. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    ЛОТО

    Јас играв лото пред некој ден :$ од седум бројчиња погодив едно :$ Па супер е тоа за прв пат :$ И не губам надеж :rofl: :rofl: :rofl:
     
  13. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    ЛОТО

    ја играв некни лото и само 3 бројцина погодив,ај наредниот пат уше 4 :D :lol:
     
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    ЛОТО

    Играв едно време, ама се откажав откако видов дека немам никаква добивка. Можеби ќе треба пак да си ја пробам среќата (иако не сум оптимист :lol:)
     
  15. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Наместо Гала Бинго (кое патем беше многу досадно и без поголеми награди) сега има Џамбо Бинго со добро познатиот шоумен Џамбазов.
    Продажбата им е зголемена а со тоа и фондот на добивки.
    Вчера падна Пежо 107 (до 90тиот број беше). Бингото падна во Велес и среќниот добитник си однесе Пежо и околу 7.800 евра. Со 14 погодоци имаше само една картичка и добивката беше околи 2.000 евра. Со 13 погодоци добивката беше околу 1200 ден.

    Јас имав само 7 погодоци :lol: повеќе среќа наредното извлекување.
     
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Кај нас дома ваквите игри на среќа се традиција. Баба ми цел живот играше лото, буквално цел живот откако постои лотото. Никогаш не доби некоја главна награда. И никогаш не се откажа.
    Сега јас почнав Џамбо бинго да купувам. Со џокер. :D
    Минатото извлекување со татко ми добивме 100 и нешто денари од тоа извлекувањето на џокер бројчињата. За не е без ич. :D
     
  17. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Да прашаммммм...од каде да си ги подигнам парите? :$
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Појди прашај таму кај што си ги купила ливчињата или провери на официјалните страници на бинго и лото.
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    гала бинго веќе нема, лото не играм зашто не знам, чат пат гребам грепка од 30 денари, и секогаш ми се паѓа 30 денари :P
    добро што се потсетивте, значи да се купи една грепка :D
     
  20. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Гала бингото го имав изгледано се на се 2 пати. Некако Сашко Коцев се обидуваше дали да го имитира Игор или незнам која му беше поентата, ама мене наместо интересен ми беше многу глуп и антипатичен. Се трудеше и тресеше глупости ама не ми одговараше некако за во бингово (иако на Златна Буба Мара сум се се смееала на неговите говори). Плус комбинацијава со Маријана Станојковска катастрофа некако водењето на бингото не и одеше, многу беше здрвена и секој 3 број погрешно го кажуваше па после си ги поправаше грешките. Може јас не сум во право и сум донела лош заклучок од само 2 пати гледање, ама Гала Бинго беше катастрофа.
    Лото не играм, го оставам него на брат ми, знае тој понекогаш да уплати.
    Грепките се резервирани за дечко ми, знае стално да гребе ;) .

    Е сега кога се врати Игор да го води бингото - ЏАМБО БИНГО секое коло го пратам и човекот стварно ми е незаменлив. Знае татко ми дека со ќеф седнувам да го гледам па ми купува бинго за секое коло.