Сте присуствувале ли на галичка свадба? Какви ви се впечатоците?Што мислите во врска со оваа традиција? Искрено досега се најубаво сум слушала,велат дека е многу убаво.Баш би сакала некоја година да отидам да видам што е и како е.
Никогаш немам присуствувано, но желбата ми е огромна. Со мм имавме замисли да направиме галичка свадба со сите салтанати, НО за жал немаме потекло од таму. Сега останува само да си ја исполнам желбата и да присуствувам.
Имам присуствувано неколку години, скоро секоја година кога бев помала. Убава традиција, мене ми се допаѓа, во последно време има многу странци што присуствуваат и се воодушевуваат на сите наши обичаи, куќите, храната, црквите... Единствено лошо е што има само еден хотел (Вила Неда) и капацитетот за гости е ограничен, освен ако немаш роднини или куќа во селото каде што ќе можеш да престојуваш. Блонд, предност имаат оние со галички корени, но ако нема др пријавени, може да се венчаваат и парови од кој било крај на Македонија
имам одено и верувајте дека е многу убаво и сакам па да одам,има туристи од секаде. татко ми бил девер на таква свадба,порано кога се правеле во неговото родно село, кој не бил нека оди
Иако во мојата фамилија скоро сите се играорци, јас никогаш не изразив желба да одам на играорна. Ама затоа уживам да следам вакви манифестации и многу често одам на концети на Културно уметнички друштва. Пред некоја година имав прилика да присуствувам на Галичката свадба бидејќи невестата беше од нашата фамилија И просто уживав додека ги гледав сите тие адети. Навистина Галичката свадба е една прекрасна манифестација, ама ете јас не би сакала да бидам во улога на невеста. Не е толку едноставно колку што можеби изгледа. Братучетка ми сред лето во тие жештини носеше носија што тежи повеке од 20 килограми. Инаку јас колку што знам, се случувало некои години воопшто да нема невеста и младоженец, па свадбата се правела со актери кои се играорци.
Галичката свадба е нешто несекојдневно,невообичаено,преубава е,,,,,јас до сега немам одено,но братучедка ми се пријави за оваа година да прави галичка свадба па ако ги одберат ке одам сигурно... Инаку на баба ми мајка е Галичанка значи таму е родена, па имам некое посебно чувство кога ке се спомне Галичник....
Со три истрели од пушка започнува 40. Галичка свадба Една од најстарите културно-туристички манифестации во Македонија, „Галичка свадба“, вечерва со китење на бајракот и три истрели од пушка ќе започне во Галичник. Во 19:30 часот почнува 40. издание на „Галичка свадба“, каде оваа година судбоносното „да“ ќе го кажат 26-годишната скопјанка Александра Крстевска и 27-годишниот Васе Ѓорѓевски од Маврово. Оваа свадбена, традиционална веселба ќе трае два дена, а таа изобилува со разни ритуали препознатливи за мијаците. Со звук на тапани и зурли ќе се играат најпознатите македонски ора, а едни од позначајните одбележја на церемонијата се „носењето на невестата на вода“, „канењето на мртвите“, „бричењето на зетот“, „земањето на невестата“ и „замесувањето на лебот“. Учесниците во поворката, во која поголемиот дел се статисти, на себе носат ракотворени стари носии, изработена во срма. Вечерва во домот на невестата ќе се изведуваат најразни обичаи, а ќе биде организиран и етно концерт на платото пред чешмата Упија. Во недела во 9 часот свадбарите ќе продолжат со изведување на свадбените ритуали. Манифестацијата се очекува да заврши околу 13 часот со венчавката на зетот и невестата, која ќе ја изведат свештениците од Бигорскиот манастир. Првата „Галичка Свадба“ е одржана во 1963 година, а традиционално се одржува секоја година за да не се заборават обичаите карактеристични за мијаците, а се случувало и повеќе десетици двојки да се венчаат во ист ден, на Петровден. Покровител на манифестацијата, трета година по ред е претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов и најавено е неговото присуство. Организатор е месната заедница Галичник.