Галичник преубаво село имам појдено во повеќе села во Р.М. ама немам најдено поубаво од ова село.Не само убавината и има убави традици(Галичка свадба итн.),прекрасна природа,етно амбиент низ улиците на Галичник..Вудушевена сум од убавината на Галичник
Мислам дека постојат тури сега не знам дали овој период баш ги има. Значи се тргнува од Скопје и се посетува Галичник, Маврово, Јован Бигорски.... Да видиш преку агенција, а вака автобуси што одат на таа релација не верувам дека има.
Баба ми е од Галичник. И затоа јас сакам да се венчам на галичка свадба, зошто имам галичко потекло. Инаку до сега не сум била и се договоривме со братучедка ми(28 години) следново лето(2014) кога ќе одам во Скопје, да одиме и на еден ден во Галичник. Баба ми уште од сега ни порача кашкавали, сирење и тако даље и тако даље. Сестрата од баба ми имаше куќа, ама еве баш сега летово ја продаде зошто има 84 години веќе неможе да оди, а баба ми има имоти наследено, па кажа дека на мене ќе ми ги препеши, па еден ден јас ќе си издрагам куќа со базен и ќе си се ладам, а не да се варам во Скопје. Верувам дека кога ќе одам ептен ќе ми се допаѓа. Многу е убаво вака од слики што сум гледала.
https://www.airbnb.com/rooms/22883716?location=Galičnik, Macedonia FYROM&adults=1&guests=1&s=6nsdOZNY https://www.airbnb.com/rooms/13218831?location=Galičnik, Macedonia FYROM&adults=1&guests=1&s=6nsdOZNY https://www.airbnb.com/rooms/338731... Macedonia FYROM&adults=1&guests=1&s=6nsdOZNY
Баба на маж ми е од Галичник , и еднаш бевме на кратко . Многу убаво село , чист воздух и многу природа . Се запознавме и со моменталниот претседател на одборот во Галичник и бевме убаво пречекани од луѓето кои ги затекнавме таму . Сакавме и свадбата да ни е таму , но ќе требаше да чекаме уште доолго за да дојдеме на ред , така што тој план пропадна . Браќата на баба му на маж ми имаат и куќа таму , па можеби ќе одиме некогаш на спиење . Во секој случај , убаво место , вреди да се посети . Штета што немаше многу луѓе кога бевме ние , а баш сакав да влеземе и во музејот и да направиме една убава тура низ историски споменици
Планираме една екскурзија до Лешок, Бигорски манастир, Дуфски водопади, Маврово и Галичник, ме интересира што да се посети, да се купи од Галичник итн. Колку време е доволно за да се разгледа Галичник? Дали да се подолго време во Галичник или да се оди и до Гари и Лазарополе, па назад во Галичник?
Здраво, би сакала некој ако може да ми каже каде да се прошета во Галичник, мислам што да се посети и каде да се оди? Знам дека во селце нема многу каде, ама предлог некои настани или патеки каде може да се прошета. Ќе одам со бебе и со 3 годишно дете, па некаде да прошета.
Во близина на поштата во Маврово има Туристичко биро. Дрвена куќичка е. Прашајте го дечкото таму за со мали деца каде да отидете, што да видите. https://npmavrovo.org.mk/информативен-туристички-центар-3/ Инаку мој предлог е Кораб Трница . Околу 20 - 30 мин пат со кола. После браната кон Дебар патот. http://korabtrnica.mk/complex-trnica/
Преубаво е, ама реално нема што да се прави таму, освен една прошетка низ селото и ако сакате да јадете или да пиете кафе препорачувам хотел Неда, заради убавиот поглед. Препорака да одите или поручек или рано наутро, бидејќи пече сонце. Патот од Маврово кон Галичник е приказна сам по себе и баш пред Галичник ви е Sherpa - можете да јавате коњи.
Може да ја видите црквата Св. Петар и Павле и старата црква во долно маало. Може да одите до „Скала“ и „ Укален“, со поглед кон Скудриње над с. Јанче, има убав поглед кон Радика. Прашајте мештани, со задоволство ќе ви објаснат каде се наоѓа. Да испешачите до Куцулова ливада, спроти селото. Да испешачите до Св. Петка, што оди преку река Ѓеновица, ви требаат некои 40 минути пешачење низ шума. Да го видите музејот на Мијаците, во вила “Доста“. Има интересни експонати. Прашајте за информации во селската кафана, подолу, не секогаш е отворен. Да уживате во погледот на планините и над целото село, од хотел “Неда“. Тука може и да јадете. Можете да јавате коњи, пред влезот во селото. Се изнајмуваат. Да видите како се прави какшавал/сирење, традиционално во „Пеш“, на почетокот на самото село. Да се искачите до врвот „Говедарник“, над селото, ако сте по планинарење. Да ја видите куќата на Филиповци, која е сега музеј, или куќата на Ѓорѓија Пулевски. Може да јадете качамак со кисело млеко во кафаната на сред село. Може да пешачите низ целото село, има интересна и традиционална архитектура, што го прави селото специфично. Мештаните имаат разни „приказни“ за фамилиите и историјата на селото, релативно лесно ќе најдете некој што ќе ви го направи престојот поинтересен.
Благодарам на исцрпниот одговор. Ќе се сместиме во Хотел Неда ако има место. Се надевам дека не е премногу стрмно и ќе биде изводливо да прошетаме со децата барем да ја осетиме природата.
Сега можеби е поживо и пораздвижено јас бев средина на мај и два дена човек не сретнавме освен луѓето од хотел Неда каде и престојувавме Место за одмор,далеку од бучава и преубав чист воздух...повеќе од два три дена незнам што би правела
Молам... Како и во секое планинско село, има стрмни делови, но, не е престрмно во глобала, особено таму каде што поминува патот низ селото. Иако, зависи и каде одите. Нема да имате проблем, во таа смисла, само треба мала внимателност.