Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гатање, баење

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од kiki-riki, 21 ноември 2009.

  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Јас сум суеверна, ама онаа Клеопатра случано седеше со мене на маса кај Сергеј студиото и ме измрда. Ми кажа дека имам ќерка, дека не живее со мене, ама еден ден сама ќе си дојде. За борбата моја со личност која сака да ми наштети ама нема да може. Дека не живеам моментлано во Мкд и ред други работи. Јас останав подзината! Иххх!
     
  2. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    72
    Мисли позитивно, во се нешто барај светлина, пронајди го најдоброто. Немора да бидеш несреќна, тоа зависи од тебе, биди силна.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    уффф темата ја отворив можеби од самиот факт што денес мајка ми (со колешка)била во Пиперево кај некоја Спасена и немала намера да влева си останала надвор да си ја чека колешката...излегле и ај ке одиме кај некоја друга колешка на кафе и женава почнала да збори што и се рекла спасена (и погодила дека има едно дете само се за неговиот живот и погодила дека маж и е болен,за домашни проблеми се се) и мајка ми збеснала ајде и јас ке одам и отишла...замислете луге женава и рекла дека има три деца ама едното е умрено ( тоа да имам брат умрен) дека едната керка и е разведена ама сега си има некој во животот дека имал брат мајка татко дека во скоро време пак ке се мажам и најинтересно дека живеам во град/село/држава на С....јас сум од Струмица а живеам во Словенија ( останав зачудена ) и рекле дека не е многу постар од мене дека е многу добар и дека имаме заедничка слава( тоа да св.Никола),дека ке му родам керка и после 8 години син а третото дете со првото ке ми било разлика над 10 год....и погодила за сестра ми дека е мажена за близнак,и погодиле за тато и за мама се се...и најчудно и рекла имате снааа во куката штотуку се има породено пред некој месец,има проблеми со мажот оти некој роднина им се меша во брак и прави збрки (тоа точно братучедот што јас не зборам и нив им направи проблем) на крај и рекла дека и јас и сестра ми сме имале спонтани ама да не се секираме ке си имаме деца ама и јас и она ке сме рагале со царски рез бидејки сме имале плитка матка тоа јесте да е точно ама не гледам причина за царски....

    е сеа јас на почеток одма попиздев кога ми рече кај е била и дури не сакав и да ја слушам ама кога ми кажа милион прашалници....се надевам само за арно нека е и Господ нека не чува...
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Чудно бе прв пат слушам од некој таа Спасена да погоди. Да не и кажал некој нешто, колешката на пример. Еден мој познаник беше болен од рак ( Бог да го прости) отиде кај Спасена со намера да види дали има лек за него. Ама таа почнала да му збори тебе свадба те чека , со помлада жена, за рок од два месеци а нема врска човекот умре :( И знам уште многу случаи за неа кај што лаже .
     
  5. AmandaS

    AmandaS Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    141
    знам само од искуство да кажам дека Марина од Карпош (таму кај училиште за странски јазици) не погодува ништо а зема 500 ден. за гледање на свеќа :x
    и еден циган што живее позади киното во Маџари превара жива ]:)
     
  6. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297

    незнам појма немам и јас вчера слушнав за неа бидејки до сега ниту некој во мој круг има одено по такви работи ни ништо....колешката на мама од мака женава отишла и кога излегла како попарена со врела вода демек се и погодила а по тоа што им кажала на мама идругата колешка тоа јесте точно,еве на мама скоро се и погодила а дали некој и кажува или не незнам,само знам дека и се развикав на мама и и реков повеке да не оди кај такви жени (се плашам од малери и магии верувајте)
     
  7. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    сакам да ги прашам охриѓанки дали знаат кој е Ѕвонко, некој гатач треба да е |( , ја испоплашил другарка ми ја исповадил од памет |( ... познато ви е нешто?
     
  8. felisity

    felisity Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    13

    Da te zamolam posle tolku vreme da mi kazes kakvo bese tvoeto iskustvo so gatackata bidejki i jas sum so istiot problem kako i ti, pa da znam dali moze da se najde nekoe resenie.
     
  9. felisity

    felisity Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    13

    a Spasena od Piperevo koga prima i kako se odi kaj nea (najaven ili nenajaven), kako mozam da ja najdam?
     
  10. felisity

    felisity Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    13

    A tebe ti pogodi li se Kleopatra? Tocno li e toa sto ti go kaza?
     
  11. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    felisity

    појма немам никогаш не сум одела кај неа не ни знам каде се наога ни дали се најавува
     
  12. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Во Битола има една млада жена Весна се вика се погодува...Дури кога почна да ми кажува со кој се допишувам,мојот карактер,на брат ми.На мајка ми и кажала и една работа што само јас и брат ми ја знаевме тоа се одвиваше долг период подолго од 6год(толку време се одвиваше случката) ама на никој не сме кажале и кога ме праша мајка ми јас само и потврдив дека тоа беше така.Живеам во куќа мојата соба до пред 2години беше на крајот од спратот,а на брат ми собата беше под мојата соба и од секогаш имав проблеми со спиењето(станував во ниедно време).Често ми се случуваше да слушам чекори во мојата соба и да ми се пригледуваат сеништа,а брат ми мислејќи дека тоа јас цела ноќ се шетам низ собата викаше по мене дека цела ноќ слуша чекори. :|.И долго време време и јас и тој слушавме чекори,ме плашеше и мене и него ама никогаш не го споменавме ова пред никој.И рекла на мајка ми наводно ангели ме чувале :^) .И кажа и куп други работи што само дома се знаеја... :swear:
     
  13. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Малку сум скептична на ова, но понекогаш нешто ме тера да верувам.
    Една познаничка на тетка ми, имала ќерка која се разболела од некоја психичка болест, како душевна депресија, не знам ни јас што точно, која не можеле ни на лекар да ја спасат. Дошла и до раб на смрт. На мајката од девојчево неколку пати на сон и се јавил некој свештеник и ја советувал да го остави девојчето да им бае и да им гата на луѓе. Мајката го однела девојчево во манастир, каде свештеникот навистина ја благословил да им бае на луѓето. После првиот обид за баење, девојчето закрепнало. И денес бае, гата не знам што прави. И пари не барала, само имала некоја икона и колку што ќе оставиш на иконата-толку. И навистина многу погодувала...
    :?:
     
    На Евгениј на, Pufcedijanasteve и Acka22 им се допаѓа ова.
  14. maca78

    maca78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    78

    ич да не се плаши другарка ти заш чоекот појма немат!!собрани од нашколо од кај сестра ми другарки ајте ке ојме кај него да ни гледат и јас отидов со нив.не да немат врска ичччччччч..........и уште ако изгледаш малку секси ееее мислам читај си мегу редој шо значит ова.се раздели од жената му зашо немаа деца,и си зеде една млада тигрица. :D заклучок ако му се свигаш пак ке те викне ако не доста ти е....

    мој осврт на темава-
    -растена сум во социјал југо комунистичко семејство,јака комбинација кажав ама на просто кажано во семејство во кое се немаше верба во гатачи бајачи и ни беше скоро забрането да верваме во истите.за верба во црквата не сакам многу да коментирам зашто сум голем верник и така сакам да останит.
    и да не кажвам многу многу секој си имате мозок да мислите и размислувате и да прајте со ви е кеиф и волја.
    имавме во дворот купчиња со дрва за огрев и ги средвавме сите цела фамилија бевме и работевме можда до 9 навечер се прибравме дома и за 1 сат излеговме со сестра ми.кај нас дома се некој не спиеше,или тв или како било.е сеа ние си дојдовме касно не заприметивме нешто невообичаено надвор.туку др ден коа отидовме да работиме под првото купче со дрва ископана дупка и пикната цела кокошка окубана или со знам каква беше.и дрвата над неа пак вратени.и сеа сите ја видовме и татко ми незнам куче ја донесло маче ама заклуцок на сите ни беше дека некој си ги копал очите со глупости.и сега почнавме да вервиме да не вервиме се помеша се....и не ме остај на раат самата помисла дека некој свој(мора да е свој некој што не те знае нема потреба од овие работи-сака да ти наштети.и се распрашав кај да одам ама ништо не ми задржа место освен за николина во буково битолско.незнам дали е жената е жива уште дали усте се занимава со помош зашто ова беше пред едно 7 8 години.и кажав за што сум појдена и ми кажа што да направам.ништо лошо не ме потера да прам него да запалам колку свеки во црква и лепче да си испеам.важно добивме мир во куката.
    имаше пред нас една охриганка и имаше речено дека не знае мазот и кај одела и оваа скоро ја избрка од собата и рече нејкам да ме лажат со мажот ти си дојдена само несакаше ред да чекаш.а вистина беше со мазот дојдена него го познавав.ако не знаеше ништо немаше да и речит со кого била ке и беа важни парите.ама не и беа важни парите.
    секој си има свое право да верува или не и во што да верува.а животот никогаш не знаеш што ти носи.......
    имам многу да кажвам ама мислам доста е :D
     
    На dobicka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. HappyOne

    HappyOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Во последно време низ Велес се зборува за Дивна гледачката, викаат дека погодувала се. Јас лично никогаш не би отишла бидејќи го чувствувам тоа како многу нехристијански и го сметам за работа на ѓаволот. Она и да каже се вистина ние можеме само да чекаме тоа да се случи, ако така требало да биде колку и да знаеме што ќе се случи неможеме да го спречиме.И за баењето имам негативно мисење! Многу луѓе го злоупотребуваат, секоја чест на тие што стварно имаат дарба, ама денеска најголем дел од „бајачките“ ги интересираат само пари. |(
     
  16. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    A како можиме да ја најдиме оваа Весна?и дали е со закажување кај неа?
     
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    И за ова не знам што да мислам. Има некои луѓе кои главата се спремни да си ја исечат за да ми докажат дека стварно некој од овој тип им помогнал. Веројатно додека сама не искусам нешто такво, нема да знам на што сум. Да не притреба, нели, пу пу пу. ;) :D

    Од друга страна пак - срам ми е ова да ви го кажам дури - забеганиот ми татко, кога му ја исклучиле струјата, отишол во некој манастир, пуштил брада, баел и зимал пари од луѓето. Малку е умоболен човекот, па ајде не сакам да се нервирам и да мислам на тоа. Кај него, ни Б од бајач ни Г од гатач. Па видете вие колку вистина има во сето тоа.

    Наводно, некои од нив меѓу кои и дотичниов господин спомнат погоре, биле поврзани со сектите, нормално за земање пари при мака на народот.

    Да се срамам да кажам кој ми е татко, ц ц. :x
     
  18. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Лола еве ти број 077755093 улицата е Љубојно 30а ако одиш со такси ќе му кажеш на таксистот по стариот пат да те носи.Да со закажување е, гледа на кафе,маица или слика.
     
    На Евгениј на и Acka22 им се допаѓа ова.
  19. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Сакам да посетам . На моја другарка која имаше брадавици на прстите и баеја и и помина. :)
     
  20. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Имам посетено ама не осетив ефект. Брат ми вели психички си посилна од бајачката.
    Бев преплашена (нема веза зошто) и затоа и појдов.