Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гатање, баење

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од kiki-riki, 21 ноември 2009.

  1. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Паааа кога како....ме имале носено моите на баење и ми поминало...па не знам дали да верувам или не :)
     
  2. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Благодарам многууууууууу.........
    Ќе гледам да ја посетам накај септември,тогаш би можела.
    Кога ќе го направам тоа ќе има известување.Само ме интересира дали таму се чека многу ред?и можам да закажам преку тел.нели???
    Поздрав.
     
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    пред неколку денови се јавив кај гатачката Клеопатра(ми се јави нејзината секретарка) и ми каза дека доага 1 месечно во Скопје, едно гледање чини 3000 денари(минато-сегашност-иднина) и доколку сакам да знам и за други личности како на пр. членови од семејство ако не се во мозност да дојдат со мене да донесам нивни слики :)
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Која е таа Дивна од Велес? :D Јас прв пат слушам, него сега ми текна за една друга :D . Сигурно имате отидено (велешанки) кај Милена некаде кај општина седи да ви гледа на кафе :D Јас се повеав еднаш во прва година средно кај таа да ми гледа :D Гледаше на затворен, превртен филџан (пази богати) и обавезно ти кажува дека имаш `В` - Викторија и ти седиш до неа :D
    А имам отидено исто во тоа време (детиште, ете колку ми сечело) и кај на оној од идол запаличу пола зграда кај мајка му да ми гата на кафе :D Кој има отидено кај овие две легендарни нека сподели импресии :D Милена (В-викторија и ти седиш до неа) беше ептен славна кога имав 15 :D За кафето што ми го свари е друга приказна тоа, како да го брцнала врвот од лажичето само и толку :D незнам само на кој талог гледаше :?:
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Тие што навистина ги бива богами се за плашење (од причини кои ги објаснив погоре), ама од оние кои гледаат да земат пара без мотика, само парите што си им ги оставил таму и времето се во загуба. :D

    А за тие што ве исплашиле ова она ќе ви се деси, аман немојте. Постои нешто што се вика автосугестија и самите може да си го предизвикате лошото да ви се случува. А инаку во секое семејство има по една тешка болест, еден несреќен брак, скарани роднини и тн. така што мора да ви кажат такво нешто за да се осигураат дека нешто ќе се трефне. Ако толку ве копка да одите, одете, ама сфатете го тоа како еден вид забава, само така ќе се спасите од нервозите.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gochhe

    gochhe Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    8
    Еве ти телефонце од Маре ПетровецЧ02/2561-034
     
    На Acka22 и IvAnAb97 им се допаѓа ова.
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Јас не верувам многу во вакви работи, мајка ми често бара некои броеви, иде ваму таму а јас и се смеам на наивноста. Ама пред некој ден бев на гости кај другар и кај мајка му имаше пријателка која баела (појма неам што точно правела :) ) жената и коа ме виде одма се нафрли на мене, а бевме 6-7 луѓе, ми збореше како сум била урочена, многу ми завидувале...да сум идела кај неа. Јас не ја пофермав баш, ама искрено скоро секој ден ќе се замислам дали да идам, незнам што да правам. Малку ми е чудно зашто не верувам, ама пак од друга страна како нешто во мене да ме тера да идам. Инаку жената не зема пари, значи мала е веројантоста да го направила тоа намерно за корист
    Што ќе ме советувате вие? има шанси стварно нешто вакво...
     
  9. IvAnAb97

    IvAnAb97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Јас имам одено 2-3 пати и на гатачки и на бајачки, и искрено верувам во такви ствари.Се што ме интересираше ми кажаа.Дека ќе сум се омажела со некој црн, од господ имам 3 деца машки а ќе родам 2.Ќе живеам во друга земја некое време и ќе се врата ова она.Мој совет ви е Ако сакате да дознаете нешто повеќе одете кај тие што не земаат пари освен ако не им дадеш.Тие најчесто секогаш ќе ти кажат тоа што те интересира и нема да те излажат. :D
     
  10. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    87
    Христијанската вера забранува одење на гатачи и бајачи , тоа е грев пред Бога!
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Епа затоа ти гледала на превртена шоља ако ја отворела ќе била сомнителна зашто немала на што да гледа (ќе испадне како на јогурт да ти гледа)

    За гатањево, баењево и сл. имам поделено мислење, не верувам на гледачките на кафе и на оние како сашо фактор икс и иван исцелител, а верувам дека има и такви кои сакаат да ти помогнат во смисла на растурање на лоши магии (повеќе верувам во оние што ти помагаат без да ти кажуваат кој и што ти прави зашто со тоа можат да ти го срушат животот и не сакајќи да направат да мразиш некого, што не значи дека тој кој ќе го мразиш не го заслужува тоа туку уште повеќе те исполнува со гнев, одмаздољубивост и губење на верба во луѓето)
    Знам за такви луѓе во Скопје, не сакам тука да именувам кои се и што се, тие што имале мака ги посетиле. Но пред да отидеш кај некој таков треба да бидеш психички спремен и стабилен и да бидеш подготвен да примиш некоја таква вест без да се повредуваш уште повеќе со злобни мисли и омраза.

    Клеопатра сум ја гледала на а1,изгледаше дека им погодува на луѓе ама не ми се допаѓа тоа што многу е директна се им кажува за жена маж деца,на една и рече дека братот на маж и и крадел пари кои она ги собирала и ги ставила на таван, на една дека не го сакала маж и и не сакаше да и гледа дека била никаквица :D, со тоа прави уште полошо, поголем раздор меѓу луѓето. Некои работи така се предодредени да бидат, не мора некој со сила да ги искомпликува, сите работи се случуваат со причина, затоа ако немате вистинска потреба не одете кај такви луѓе, бидете здрави и живи и ако ви е за иднината сами ќе си ја дознаете, тоа ти е како кога седнуваш да гледаш филм и некој безобразен ќе ти го раскаже на кратко пред да почне па губиш волја да го гледаш.
    Инаку Клеопатра има кажано дека завршила правен факултет но мислам дека не работи тоа туку се занимава со гледање. Па не погрешила, 3000 ден. од гледање аууу, подобро заработува и од адвокат, треба и јас да се пренасочам :lol:
     
  12. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    Ех христијанската вера многу работи забранува па пак сите ги прават :?:
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Нее, никако не верувам. Не сакам да навредам некого, ама според мене ова е еден начин да се заработат пари преку лошите судбини на луѓето. Ниту верувам во вакви работи, ниту па би отишла некогаш. :x
     
  14. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Како мала моите ме имаат носено на бајачка, и тоа и беше пријателка на баба ми, живееше кај неа (сега жената е покојна) и ме лечела, пред некоја година имав нешто како се викаше не знам на лице, и се изнашепоте ова она, пу пу, ми даде лифче некое од не знам какво растение да сум го фрлела, не смееше никој да ме бакне ни в образ ни никаде, и тоа израстокот на лице после некој ден си ми падна. Е само неа и верував. И дека од мала кај неа, и тоа што ми падна тоа израстокот. А инаку во гатање не верувам... ниту сум била, ни ќе појдам. Морничаво ми е, си замислувам некоја со шамија, уууух језиво, грдо!
    Сакам да прашам, за една личност која била на гатање, се му погодила, име, презиме, кажала која ќе му биде жена, кога ќе се вери. Цела фамилија му ја погодила...Што ќе му се случи понатака во животот. Можно е да е вистина? :?:

    Јас не верувам, искрено.
     
  15. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Мајка ми како млада имала некој проблем и колешките од работа ја однесле некаде и таа жената почнала да и кажува за семејството на мајками. Прво и рекла дека има брат и сестра, а мајка ми е единица, дека живее со мајка и татко и и дедои, а мама живеела со мајка и и баба и, дека учела гимназија а мајка ми учела медицина...и све некој невистинити работи... за мене ова е глупости во боја искреноО...

    но имам слушано муабети каде што стварно помогнале.

    Пример прадедо ми мој (дедо на татко ми) со мастило на парче леб пишувал нешто за кучешко беснило, то а парче на сабајле требало да му се даде на кучето и кучето оздравувало...И ден денес не ми е јасно, дури со братучед ми (кој е ветеринар) и се смеефме на баба ми за тоа... ние и кажуваме стручно таа не така беше...е сега која е вистината во сите овие работи нз...
     
  16. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    138

    може да ми дадеш бр од илинка?
     
  17. Martina1981

    Martina1981 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ve molam ako moze nekoj da mi go dade brojot od Viki od Cair?
    Vi blagodaram
     
  18. guru

    guru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Izvini, a kde go pisuva toa?
     
  19. guru

    guru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
     
  20. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    511
    За мене се ова чисти глупости,некои луѓе само треснат некои зелени и одма ДАВАЈ ПАРИТЕ
    боже боже ,ниту сум ги сакала ниту пак ке ги сакам таквите будали :worried: